Сликата ја има на гугл, а и без тоа се познава дека не е нејзина. Неможе некој да се ќити со туѓи перја. Незнам зошто, дали за лајкови. Не ми е јасно. А за приказната за Лаура, ма дај молим те
До понеделник е ставањето слики a со среда заклучно се гласа. Значи веќе требаше анкета да има. Ама ако сакате ставете слика па до среда да се гласа, ако има уште некој. А мислам и еден ден покасно, во четврток беше поставена темата, така што технички и денес може фотографии да се ставаат.
Еве јaс ќе стaвaм штoм сте зaпнaле, дури и дa ме немa пaк нa нaслoвнa aкo пoбедaм, не сум луткa, гoлемo срце...тoa е.
@Mayyya, супер тема! Благо тесто се важи? Да знам дали да сликнам тоа што направив викендот, или да остуствувам пак, оправдано. Aко е насловот Месеници, може. Е ако го ставите тој другиот, во болдот... нема да може .... nevermind. Стај си наслов па ќе си видам дали може. #самасосебемуабет
Пилешкo месo (oстaтoк oд печенo пиле) дoмaт, мaрулa, прелив oд мaјoнез и јoгурт сo зaчини. Некa си стoи темaтa нa Мaјa зa сукaнo/тегнетo, вo случaј дa сме сaмo двете не мoрa дa се глaсa
Бидејќи темата беше инспирирана од мој рецепт, сакав да се потрудам малку повеќе Најчесто кога купуваме тортиљи ни останува по некоја, затоа од тоа што ќе остане правам чипс и имаме грицки за вечерта. Тортиљите ( од помалите) ги сечам на осмини и ги премачкувам од двете страни со маслиниво, од горната страна ги наросувам со сол, и зачини по желба. Во плех за печење ставам хартија и врз неа ги ставам поединечно триаголниците. Се печат 7-8 мин на 180 степени. За гвакамоли употребив едно зрело авокадо испасирано со пола лимон и сол. Тортиљи со мелено месо и зеленчуци (за двајца) Запржувам пола кромид (помал), додавам мелено месо 200-250 гр. го крчкам со капак за да се задржи сочноста, додавам 1 сецкана пиперка, 1 сецкан патлиџан и 1 помал модар патлиџан излишен и исецкан на коцки.се заедно се крчка околу 40 мин со малку вода. 10 мин пред крај додавам пченка шеќерац од конзерва и оставам да испари вишокот течност. Од зачини користам сол, бибер, чили и црвена пипер. Секоја од тортиљите ( купечки) ја загревам на тавче од двете страни, додека е топла ставам две парчиња кашкавал за тост ( ова е клучниот момент што дава убав шмек) го покривам со три лажици од месото со зеленчук. Како сос може да се употреби и доматен сос, но мој фаворит е павлака и сенф.
Уффф ме спасивте. @MissDior знаев дека ќе извадиш нешто екстра. Утре имам гости чипсот им го спремам.
Ајде, се надевам ќе победиш.. да биде твојата тема оти, дури и си помислив што би можело да правам Како и да е, мојот глас отиде кај тебе. Ми се свиѓа комбинацијата... плус...абе ти ја мислам таа теглата од сликата со состојките... тоа ли е таа зимница везени пиперки со кромид и сенф? Може ли да споделиш рецепт во темата за рецепти?