Денес е идеален ден за супа од тиква Рецепт за Крем супа од тиква ( за двајца) Четири прстени долгнавеста тиква со пола сецкано јаболко се варат 20 мин, се отстранува кората и се пасираат. Се запржува тенко сецкан кромид на полукругчиња (дава текстура на супата) и едно ситно сецкано лукче. Се додава пирето од тиква, се додава вода од око и се зачинува со сол и бибер. Се вари 10-15 мин со капак. За кубетите се сецка леб на коцки и со маслиниво масло и италијански зачини се потпекуваат. При сервирање во супата се додаваат попречени семки од тиква.
Се тактичарки или како се приклучив во темава на никој не му се готви а баш убава тема имаме, а и еден куп инспирации на нет за тиква
На мене искрено ми се доволни и тие два рецепти за да не можам да се одлучам Предобро, прекреативно, воодушевена сум и од идејата на Маца со сармите, а на Мис Диор изгледа како од светски ресторан, едно големо браво
Печена тиква.Ме потсеќа на овој најубав период од годината. Рецептот го знаете сите, но еве пак ќе напишам како јас ја подготвувам. Откако ќе ја исечам на парчиња тиквата,ставам хартија за печење и врз неа ги редам.Обично ставам прво мед а потоа цимет,но конкретно на овие им ставив кафеав шеќер бидејќи медот не ми е воопшто течен.Ги печам на 250 степени.
Состојки за мафини со тиквa: - 1.5 лажица мелено ленено семе - 0.5 банана - 3/4 филџан пире од тиква - 2 лажички ванилен екстракт - 1 лажичка рум - 3 лажици кокосово масло(или маслиново масло) - 3 лажици мед - 1 лажица цимет - 0.5 лажичка сол - 1 кесичка прашок за готвење - 1.5 филџан брашно од овес Состојки за декорирање на мафините: -кафен шеќер -семки од тиква -овесни снегулки 1.5 лажица мелено ленено семе ја помешуваме со 4 лажици вода и оставаме да отстои 15 минути во фриждерот за да ја добие посакуваната текстура. Бананата ја пасираме, и ја размешуваме заедно со пирето од тиква, ванилиниот екстракт, румот,кокосовото масло и медот. Потоа додаваме цимет,сол и кесичка прашок за готвење. Кога се е добро соединето го додаваме брашното од овес. Ако смесата е прегуста , по потреба додаваме бедемово млеко, но доколку немате може и вода. Смесата ја распеделуваме таму каде што ќе ги печеме мафините и одзгора им ставаме малку кафен шеќер, семки од тиква и овесни снегулки. Печеме на 280 степени отприлика околу 27-32 минути. Филџанот што го користев како мерка е од тие големите за чај, не од малите. Некогаш кога разгледувам рецепти и мерката која што ја користат е филџан знае да ми биде збунувачки, па се надевам сега појасно е. Spoiler: Бонус слики
Памкин алфредо паста Spoiler Памкин алфредо сос: На средна температура во тавче се топи путер, се додава ситно сецкан лук, хопла, сол и црн бибер. Му се додава пармезан и испасирана варена тиква и се остава околу 5-10 мин да се згусти сосот. Макароните предходно варени се мешаат со сосот. Јас направив некои измени, наместо пармезан му ставив овчки кашкавал во сосот, и одозгора му ставив ленти камембер и магдонос. Од прилика јас количински ставам, сами ќе си одредите во зависност од тоа за колку лица ќе правите.
Јас тиква не обожавам ама паѓам на тестенини, па ако не се појави уште некој со нешто слично како на @Dgirlll, нејзината ќе ми е омилена слика, иако и останатите се
Касно видов дека мафини веќе има. Мислев да не ги ставам, ама и така ги направив и ете ги мм не е по благото, ама овие маф ги направи Рецепт: - 3 чаши брашно - 2 лажички цимет - 1 пециво - 1 лажичка сол Ова убаво се меша во еден сад. Во друг сад се ставаат и се матат: - 4 јајца - пола чаша зејтин - 2,5 чаши шеќер - претходно сварена тиква, околу 400 грама. Откако убаво се изматени течните состојки, се додаваат сувите и се мати дур не се добие хомогена смеса. Се загрева фурната на т од 200 степени и се печат мафините 20тина минути. Готови се откако ќе заруменат на површината.
Убедливо најјака рунда фотографии. Убедливо!!! Да, рецептот е премногу важен, од него зависи дали ќе го рекреирам рецептот дома. Ама презентацијата преку слика е пресудна. Како и да е, прво ги восприемаме информациите со сетилото за вид. Предобро!!!
@Asterion прекрасни фотографии, за рецептот не сум сигурна имам правено едни веганси мафини со банана многу слични на овие ама не ми се допадна вкусот. Според рецептот повеќе на @kukla21 би ги пробала @Dgirlll Супер идеја обавезно ќе ја пробам браво женски вакви интересни и модерни рецепти очекував
Колач со тиква Spoiler: Рецепт 3 јајца 250 гр шеќер (150 ако користите овошен за дијабетичари) 100 мл зејтин 250 мл млеко 200 гр брашно 700 гр жива тиква, рендана на ситно 1 прашок за печиво 1 лажиче цимет (по желба) шеќер во прав за посипување. Јајцата се матат. Се додаваат шеќерот, маслото, млекото, печивото и брашното. Потоа се додава ренданата тиква. Се меша убаво со лажица и се става во ѓувеч тавче бр.40. Тавчето да е или намастено или на хартија. Се пече 20-30 минути на 200 степени. Се проверува со чепкалка дали е готово. Вкусот е прекрасен, нешто помеѓу пудинг и крем од чиз-кејк и не е многу благо.
Гледам, гледам и ... треба да си купам апарат. Какопадане. Преубави. Никогаш немам правено ништо од тиква, освен обична печена. И не многу и не често јадам. Ама.. би сакала некој мафин,колач да пробам, па и тикве алфредо и тикве супа.