Јас имам колач правено со пудинг од ванила и тиква варена во филот и тиква во пандишпанот. Превкусно е. А и јас не сум љубител на тиквата.
Јас како верен фан на @MissDior ... мислам дека трета недела по ред ја гласам. Шала на страна, не ја знам членката, ја немам сретнато многу по темите ама ги погодува рецептите. А богами и сликите. Ем некако домашно, ем фино скоцкано.
@Dgirlll многу убава комбинација на тестенини и тиква, ја пробав пред некој ден и се воодушевив есенски must на моето мени. И благите рецепти со тиква ми се на ред да ги испробам ама во последно време не се стигнува, спремање благо ми е луксуз. Благодарам @Doozy се надевам и следна недела ќе ти се допадне моето јадење ( ако воопшто учествувам)
Не дека се фалам ама секогаш за победници гласам. Мојот глас го подарив како што и ветив на @Asterion
Фала ви на сите што гласаа за мене и им се допаднаа мафините. Темата за наредната недела одбирам да биде „Печурки“. Мислам дека темата е доста опширна и секој ќе може да се пронајде и да зготви нешто со печурки во негов стил. Пилешко со печурки, тестенини со печурки, рижото со печурки, крем супа од печурки... што ви душа сака.
Телешки шницли со печурки илимити брат ми што ги викаше: Пица од месо Spoiler: Рецепт Дозата ни е како за саботниот ручек - за 6 лица Потребно е: - 1 кг и 200 грама телешки шницли - околу 1 кг свежи шампињони - 700-800 мл кисела павлака - малку зејтин - 1-2 лажички сув зачин - 1-2 чаши вода Подготовка: Шницлите се печат (пржат). Јас обично ги запекувам во некој нелеплив сад и после уште малку ги динстам со вода убаво да омекнат. Печурките се сечат на ливчиња и се динстаат без ништо, додека да им испари водата. Во ѓувеч тава се редат шницлите една со друга. Киселата павлака се меша со издинстаните печурки, сувиот зачин, малку зејтин и зависно од густината на павлаката со 1-2 чаши вода. Оваа смеса се прелева преку шницлите. Се пече во рерна на 220-250 степени се додека не испари водата и одозгора не се направи како румена коричка Spoiler: Дополнителни слики од подготовката Наздравје!