Панирано пилешко со прилог печурки Spoiler: Рецепт Печурките се свежи шампињони, пропржени на путер и зачинати со сол, вегета, црн и црвен пипер, мајчина душица и копар. Сервирани врз павлака, вкусен прилог за паниран пилешки стек.
Сликав и бришав... Не, стварно нема смисла, скоро да не се гледаа печурките. Фала за довербата али...немам сила да се расправам ако излези некој со микроскоп да ги бара и да не ги најде...
Еве ме и мене. Топено сирење со печурки Најпрво се запржуваат печурките (цели маринирани шампињони). Потоа се прави бешамел сос (на масло се пропржува 2 лажици брашно, се додава млеко и се зачинува со сол и бибер). Во садот за печење се става сирењето со бешамел сос, одозгора се ставаат печурките и се покрива со ленти кашкавал. Се пече додека кашкавалот убаво не зарумени.
Убава тема! Штета неделава немав ни време, а ни желба искрено да зготвам нешто со печурки. Засега @Mayyya ми е фаворит.
Можда утре ќе ја стави Реин анкетата. За да се вратиме на стара шема. (Понеделник анкета, избор во среда, готвење до понеделник наутро) Оти пореметивме шема со претпоследниот круг. Ако.
Конечно анкета, се прокилави темава гласано за @LivingGlam Се надевам наредната задача за готвење ќе биде по инспиративна и ќе биде динамично во темава
Тенкјууу Мис Диор, и фала што не’ информира за анкетата. Гласав за шницлите. Ееееј како би ги јадела сега, одма.
Сите приготвени јадења изгледаа супер, декорирано но најмногу ми се допадна на @Mayyyaи тоа би го приготвила па затоа гласав за неа.
Мојот избор беа @danichap и @Mayyya. На Дани ми изгледа премоќно, со темозелената, некако ептен forest tale, ко најава за филм на Тим Бартон , а и рецептот и е извонреден, додека пак од друга страна на Маја, како ја склопила примамливо сликата од структурален аспект, со се лиснатите коцки во позадина, изгледа просто вкусно и за очи и така Twelve points from Summerland сепак отидоа за првата мисица
Се мислев меѓу @♡BuBaLe♡ и дани, на Маја ми делува преубаво, нешто што би го јадела, ама мразам маринирани печурки..со свежи би го направила рецептов.. Дани има поубава декорација Бубале има мевце во поголеми количини Гласот отиде за Бубале
@zhap4e Мислиш прво да сервира од победничкото јадење Шала на страна, честитки Маја! Се надевам новата тема ќе биде подеднакво вкусна!