Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Ајде @Mayyya, таман не сум јадела. Давај идеја!
     
    На kukla21, Mayyya, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    :bow:Благодарам на сите што гласавте за мене. ^_^

    Се мислев што тема да биде, ама одлучив да биде истата несудена од пред две недели.

    Сè од тесто - може да биде пита, баница, гибаница, бурек, проја, пецива, леб.

    Се надевам ќе има што повеќе вкусни рецепти. :)

    1. Пици
    2. Ориз
    3. Чоколадо
    4. Тестенини
    5. Бомбици
    6. Месо
    7. Салати
    8. Ладни сендвичи
    9. Македонска традиционална кујна
    10. Чоколаден мус
    11. Посна трпеза
    12. Компири
    13. Палачинки
    14. Ситни колачи
    15. Тиквици
    16. Јајца
    17. Мафини
    18. Овошен десерт
    19. Шпагети
    20. Оброк во тегла
    21. Сладолед
    22. Пиперки
    23. Риба
    24. Чизкејк
    25. Домати
    26. Слатко - солено јадење
    27. Закуски
    28. Супи/чорби
    29. Мелено
    30. Еклер
    31. Кремаста салата
    32. Шарена декорација
    33. Пилешко на мој начин
    34. Тортиљи
    35. Тиква
    36. Печурки
     
    На Babushka, fallenangel, JuLleE и 16 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Љаљееее! Омилена! :clap:
     
    На fallenangel, JuLleE, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Супер тема!(y)
     
    На Esmeralda-MD, fallenangel, Mayyya и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    А се мислев кога ќе дојде редот да си умрам од темата. Ни 2017-та не ми дадовте да ја дочекам :D
    Новата тема? :l:(y)
    :d::drunk:
     
    На fallenangel, zhap4e, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Таман кифли правам сега :)
     
    На fallenangel, zhap4e, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Да скршам ледот.
    Ништо специјално,ама сепак месено.:mm:
    Пишии/Тиганици -Како сакате крстете ги

    Рецепт

    -300гр брашно
    -1 јајце
    -100мл млака вода
    -1лажичка сол
    -1лажичка шеќер
    -7гр свеж квасец

    Од состојките горе се месе меко тесто.Се остава да кисне 30мин,се размесува малку,па остава повторно да кисне уште некое време 15-20мин.
    Се дели на три дела.Од секое топче се развлекува кора колку еден прст.
    Се вадат крукчиња со чаша со големина по желба.

    Ова е половина доза и излегуваат околу 16-17 кругчиња/пишии.
    Се пржат во загреано масло додека не поруменат.
    Може да се полнат по желба или да се јадат празни.
    Ги полнев едните со сирење,другите шунка,кашкавал и оригано.

    image.jpg
     
    Последна измена: 30 ноември 2016
    На Ava.84, mssuniquee, Salome и 57 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    мммммм. Идам! :)
     
    На joy1, PUPICA, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Те чекам,донеси од кифличките.
     
    На Ketchup, LivingGlam, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Кроасани

    Kroasani copy.jpg

    Потребно е:
    1 кг брашно, 1 цело јајце и 1 белка, 250 гр млеко, 250 гр јогурт, 1 шољичка зејтин, 2 лажички шеќер и 2 лажички сол, 250 гр. маргарин или путер и 1 коцкичка квасец (или сув квасец колку за 1 кг брашно).

    Подготовка:

    Се замесува тесто и се дели на 2 дела. Секој дел се дели на 4 топчиња. Топчињата се расукуваат и врз нив се ренда маргарин (путер). Се лепат по 4 корички и така се добиваат 2 големи топки кои се расукуваат во големи кори. Секоја расукана кора се дели на 16 дела. Од секое делче се витка кифла. Кифлите се редат во плех и се оставаат околу 2 часа да стасаат. Потоа убаво се мачкаат со жолчка и се печат.

    Топли ги исеков, затоа не се гледа како се разлистани, ама гладни усти чекаа :)
     
    На Salome, anel, Babushka и 51 други им се допаѓа ова.
  11. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Рецепт
    Состојки:Бршно и вода по потреба. 1 пакетче сув квасец,1 лажиче сол, слама,кашкавал (или што и да имате дома), кечап.
    Подготовка: Од состојките замесуваме тесто. Го оставаме 15 мин да се одмори. Вп тепсооја или друг калап за печење го формираме тестото. Го премачкуваме со кечап и ги додаваме посакуваните состојки. Печиме околу 15 мин на 180 степени IMG_20161108_152107.jpg
     
    На Ketchup, Salome, anel и 30 други им се допаѓа ова.
  12. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    2016-12-02_153339.jpg
    Состојки за тестото:

    -1 пакетче сув квасец
    -1/2 чаша топла вода
    -1/2 чаша млеко
    -1/4 чаша кафен шеќер
    -1/3 чаша путер
    -1 лажичка сол
    -1 јајце
    - 3 1/2 до 4 чаши брашно

    Состојќи за филот:

    -1/2 чаша стопен путер
    -3/4 чаша кафен шеќер
    -2 лажици цимет
    -ореви по желба


    Состојќи за карамел сосот:

    -4 лажици путер
    -2 чаши кафен шеќер
    -1 лажичка ванила екстракт
    -3 до 6 лажици топла вода
    -1/4 лажичка сол

    Начин на подготовка:

    Во мал сад го раствараме сувиот квасец во топла вода со малку шеќер и го оставаме да отстои. Во голем сад ги мешаме млекото, шеќерот, стопениот путер, солта и јајцето. Додаваме 2 чаши брашно и мешаме додека не се соедини. Ја додаваме и водата со квасецот. Размешуваме и го додаваме и преостанатото брашно. Го месеме тестото на површина посипена со брашно околу 10 минути. Измесеното тесто го оставаме да отстои во намрсен сад се додека не нарасне , околу 1 до 1ипол саат.

    Кога тестото ќе нарасне на површина посипена го брашно го расукуваме во форма на правоаголник, отприлика 15x9. Го размачкуваме стопениот путер по површината на тестото. Ги размешуваме шеќерот и циметот и ги попрсуваме на тестото премачкано со путер, и за крај ги додаваме оревите. Тестото го мотаме како ролат и го расечуваме отприлика на 12 до 15 парчиња.

    Садот во кој што ќе печеме го премачкуваме со путер и пропрскуваме со шеќер. Ги редиме парчињата едно до друго во садот и ги оставаме да отстојат околу 45 минути за да нараснат.

    Ја загреваме релната на 350 степени. Печеме околу 30 минути или додека не поруменат убаво.

    Во меѓувреме го мешаме путерот, солта, шеќерот и ванилата. Додаваме по 1 лажица топла вода постепено се додека сосот не ја добие посакуваната текстура.

    2016-12-02_153306.jpg
     
    На Ketchup, Salome, 1209 и 51 други им се допаѓа ова.
  13. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Степениве се 350 или 250?
     
    На Ketchup и Asterion им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Веројатно на 180 целзиусови мисли, а 350 Fahrenheit. Ама можда грешам.

    @Asterion преубаво!
     
    На Ketchup, Dgirlll, Asterion и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    @tace73 , @LivingGlam е во право, погрешно имам напишано. Мислев на 180 степени, дека од англиски ја преведував рецептата и го имам утнато. :D
     
    На Ketchup и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Сакам да терам стара слава со рецепт кој веќе се моткал низ форумов, ама вреди пак да се спомне.

    Пита - превара


    Точни мерки не можам да напишам, ама еве отприлика како оди:

    1 прашок за пециво
    1 свеж квасец
    неколку лажици брашно
    минерална газирана вода (околу 400-500 ml)
    малку масло
    500-600 g готови кори (ако сте брзи и вешти - тенки, ако не сте - дебелки)
    (фил по желба, мојот беше со кравјо сирење, а често комбинирам сирење и рендан кашкавал, а може и со кашкавал и запржени печурки, мелено месо и слично, само секако да не е нешто водено)

    Во една длабока чинија (како оние за салата) ги ставате квасецот, прашокот за пециво и околу 350-400 ml газирана вода. Со маталка ќе го растворите сето тоа и потоа мешајќи ќе додавате брашно за да добиете смеса со густина отприлика како за класични палачинки (или мааалку поретка). На крајот ќе ставите малку масло (3-4 лажици отприлика) и ќе измешате. Тајната е во оваа смеса. Бидејќи е практично течно тесто, на крај прави корите да изгледаат како да се свежо сукани, а не готови (многу искусни жени се збуниле, па затоа ја крстив пита-превара)

    Ставате една кора на маса. Ја прелевате со неколку лажици од направената смеса, во количество доволно за да ја премачкате целата кора (јас полевам со околу 4 лажици и потоа размачкувам со раце убаво, бидејќи корите ми се подебели, не сум толку вешта). После тоа ретко расфрлате од филот на половина кора и почнувате да ја мотате во ролна. Таа ролна ја мотате во полжавче и ја ставате во подмачкана округла тава на средина. Секоја наредна кора ја вртите околу тоа полжавче, од каде што сте застанале претходниот пат. И тоа е тоа. Ја печам на 220 степени (вие ќе видите според вашата рерна). Готова е кога ќе добие светла златна боја. На крајот од печењето, кога ќе биде готова, питата ја попрскувате со кисела вода и ја враќате уште малку во рерна. Ја вадите, ја прекривате некое време со крпа и после - ЈАДЕЊЕ! Оди со јогурт, ајран, таратор, павлака, што ви е мерак - тоа и, нормално, зависи и од филот.

    *Совет: Ако забележите дека нема да ви стигне од смесата за премачкување (некаде на половина, на пример), можете да додавате кисела вода и брашно и да ја „обновувате“. А ако ви остане, можете на крај малку и одозгора врз питата да полиете со лажица и тоа ќе си стане како тесто.

    *Предлог: Врз питата може да си поросите и некое семе пред печењето, ако сакате или пак да си ја направите во некоја друга форма.

    P1050204.JPG

    (Во недостаток на време за готвење поради работни обрски.)
     
    На Ketchup, Salome, theowndemon и 50 други им се допаѓа ова.
  17. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Ок, зошто имам некои тестенца и на појако што се печат. Инаку преубави се, цинабон со ореви би му дошло ова!
     
    На Ketchup и Asterion им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.376
    Се мислам што да ставам, кроасаните или баницата?
    Сликата ја чувам од минатиот пат:D
     
    На Ketchup, Val-Dim, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Кроасани. Баницата од другиот профил. :P
     
    На Annora, Ketchup, kukla21 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    251.376
    Рецептот е од Вал - Дим, па затоа:?:
     
    На Ketchup, Val-Dim, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.