Веќе не знам каде да се обратам: давајте рецепт за тикварник. (ама од почетоко до крај, цела процедура ми треба)
За темата - се од тесто, мислев тесто од брашно. @Winter Lady ги мислам тие баничките со спанаќ и сирење два дена, што не ги стави тука, или друго нешто спремаш за тука ?
Па не се од тесто од купени кори се нема смисла да ги ставам да учествувам. Ако не ме мрзи утре ќе истеглам зелник со спанаќ. Па може ќе го ставам. Не ме бива многу за декорации. @Antebellum Кој рецепт ти се допадна. Се надевам од корист ти беше странава. Ретко учествувам јас овде. Сепак фала.
Кифли Еве и од мене Рецепт Spoiler Едните се лиснати Кило брашно, квасец, 300 мл вода, 150 мл млеко, 1 јајце, малку шеќер, малку сол и еден маргарин за премачкување. Другите се млечни Кило брашно, квасец, малку сол, малку шеќер, пола литар млеко, 200 мл масло. Плус сусам и афион за украсување
Се мислев дали ова спаѓа во тесто, бидејќи содржи брашно, се меси и се сукаат кори, а сепак е различно од вашиве рецепти кои се многу потестести хахаха Сепак ќе го поставам па ако не е за во темава нема проблем Тако За корите 200гр пченкарно брашно Пола ќесичка прашок за пециво Малку сол 40гр зејтин 120мл топла вода Замесеното тесто се остава на собна температура околу два часа. Се прават топчиња од тесто кои ги размесуваме во тенки кружни кори, на површина со брашно, и потоа ги ставаме да се печат во тафче, едно по едно, секоја страна по околу пола минута. Откога ќе се испечат се ставаат на сукало за да ја добијат оваа форма. За смеса Се пропржува пилешко зачинето со црвен пипер, оригано, сол, бибер, кари. Се додава кромид. Во смесата на крај се додава по желба домат, краставица и се филува врз кората и лист од марула. Се декорира со павлака и кечап.
Ич не ти требаше вака доцна ова злоба шо ни ја напрај. Лиги мајчеее лиги течат. Да почeкаше барем утре од кога ке ручав да видам xD
Додека се досадував вака касно ми текне да срчнам во архива дали имам некое тесто сликано, ама се што имав постнато е во фемина инстаграм, па се заинатив дека мора да најдам нешто и ете 1 саат дошло
А бе сепак ја сум крива. Требаше утре да си ја отворам нотификацијата ама, ај, чие срце би издржало :/
ПРОВАНСАЛСКИ ПОГАЧИЦИ - 100 ml маслиново масло - 300ml млака вода - 30 g свеж квасец - 1 лажица шеќер - 1 лажица сол - брашно по потреба ( еден дел од брашното 100- 150 g. може по желба да се замени со пченкарно) Се меша квасецот со лажица шеќер и вода и се остава да се активира. Потоа се додаваат останатите состојки и се меси меко тесто. Тестото се остава на страна да нарасне и се дуплира. Исто така е потребно: -50g. суви домати - зачини: рузмарин, жалфија, мајчина душица, босилек, чубрика, сол, лук во прав. Ако ги немате ќе заврши работа и провансалската мешавина на Котани. - 150g. гауда сецкана (рендана) -100g. маслинки црни( јас во моментот имав зелени па такви ставив) - 100g. сланина ситно сецкана Сувите домати, исецкани се оставаат да отстојат во маслиново масло и ситно сецкани зачини. Од тестото со оклагија се растегнува кора, се става од сушените домати со масло и зачини, потоа сецкана гауда, маслинки и сланина и се завиткува како ролат. Се сечат парчиња дебели 1cm, се премачкува со маслиново масло од горе и се пече на хартија, во загреана рерна на 200-220 степени околу 20 мин. Температурата и времето ќе си ги одредите во зависност од тоа како ви пече рерната. Bon appètit
Најубава тема досега! Засега @Dgirlll ми е фаворит... ништо ново тука. Моето направено и сликано, само немам компјутер во близина па мора да чека до утре за прикачување. Ако не стигнам до анкетата, здравје, помалку конкуренција ќе имате. И да ви кажам, порано кога кампањите беа пожестоки, темава имаше повеќе драж.
Фала @LivingGlam за подршката. Се согласувам со тебе за тоа околу кампањите, и @zhap4e ми фали да зготви нешто.
Еве ме, стигнав. Повитица (хрватски благ леб) Spoiler: Рецепт За зафаќање на квасецот: 1 + 1/2 лажичка сув квасец 1/2 лажичка шеќер 2 лажици топла вода 1/4 лажичка брашно За тесто: 3 лажици шеќер 2 чаши брашно 1/2 чаша млеко 1 лажичка сол (малку помалку) 1 јајце 1 лажица растопен путер Фил: Околу 280-300 гр. мелени јаткасти плодови (овој пат правев само со бадеми, но може и само со ореви или мешано) 1/2 чаша шеќер 2 лажици какао 1/4 чаша млеко 1/4 чаша путер (околу 60 грама) 1 жолчка ванила шеќер, цимет За премачкување: Белка од јајце Шеќер за наросување 1 лажица стопен путер за премачкување после печење. Подготовка: Се зафаќа квасецот, се остава 5 минути. Се прави тесто од состојките за тесто . Се остава да нарасне 2 часа. Во меѓувреме се прави филот. Сите суви состојки се мешаат во длабок сад. Млекото се загрева со путерот, до точка на вриење. Се прелева врз сувите состојки и се меша. Се додава жолчката. Оставете на собна температура да се излади. Откако тестото ќе нарасне, се сучи врз чаршав (наросете малку брашно на чаршафот). Колку што може со сукало. Потоа се премачкува со лажица стопен путер. Се тегне на чаршафот. Со тегнење направете колку што е можно потенка, речиси проѕирна кора. Се премачкува цела кора со фил. Филот може да е многу густ, ако е така додајте малку млеко за полесно да се мачка (јас обично додавам затоа што се кине кората ако е прегуст). Се витка во ролат со помош на чаршафот. Ролатот се става во калап за леб (од оние тесните) - намрсен со путер. Како што го ставате еден над друг дел, ќе изгледа како да има 3-4 ролатчиња во пресек. Spoiler: слико Се премачкува со белка од јајце и се наросува со кафеав шеќер. Се покрива со најлонска фолија и се остава 15 минути. Се пече - 15 минути на 180 степени и уште 40-45 минути на 150 степени. Проверете после 30 минути, ако потемнал одозгора покријте со алуминиумска фолија и оставете така да се допече. Откако ќе го извадите, се премачкува со малку путер. Оставете го во калапчето на решетка, да се излади 20тина минути, потоа извадете. Мириса волшебно. Ако правите (се надевам дека ќе), ве молам не заменувајте го путерот со маргарин, грев е. ФМП