Оо јас пробав и пак не иде Многу сте ми фаворити, и Лејди и Ливинг, и Анел, и Марама и Таце и Астерион, абе ајде, боље да немаше воопшто анкета
Па ова не е хумано жени, на тешки маки ме ставивте со гласањето. Пет опции за гласање ми требаше На крај се оддлучив за Анел и Ливинг. Најискрено, пристрасноста победи во оддлуката
Гласано... @JuLleE за прекрасните баничка и пита @LivingGlam за интересниот рецепт кој сигурно ке го пробам ПС Знаев дека кроасаните ми се вон конкуренција Прекрасни се, многу од Вас ги пробаа минатата година... Сега не ги приметувате
Тие кроасани се навистина надвор од конкуренција. Заштитен знак на форумов се. Дечко ми да беше член, сигурно за нив би гласал. _____ Во рецептот заборавив да напоменам дека млекото треба да е топло, нормално ко за тесто. Да се надополнам.
На крај бидна, @anel, бидејќи просто не можам да одолеам на ваквите и баш ме врати во детството и @LivingGlam бидејќи, освен за смокви, сум дете што се продава и за чоколадна штрудла, да ја наречам така Но, покрај вкусот, гласав за истите и од естетски аспект. Ливинг баш интересно го доловила јадењето со крупната позадина, а издвоеното парче во преден план, а Ан како ги наредила, права италијанска реклама, magnifico И мислам редно е да го прошират спектарот на емотикони и во име на темата да стават смајли што лиже прсти Браво за сите! Конкретно, овонеделната тема, е просто воодушевувачка! Да не знае човек да ја отвори или за негово добро, воопшто да не ни се обидува
@Winter Lady прoбaј, спaнaќoт се стaвa сaмo зa бoјa, инaку вo oригинaлниoт рецепт е мaгдoнoс. Мислaм декa сo пoгoлемa кoличинa спaнaќ, ќе требa дa ги згoлемиш и кoличините нa oстaнaтите сoстoјки. @LivingGlam, дa не е пoтицa? Јaс тaкa гo знaм... вo секoј случaј, oдличнo!
Го најдов ко potivitica во еден бејкинг челинџ. Сега гледам дека го има на нет и ко потица и ко повитица, којзнае како е правилно... Како и да е, предобро е штрудличево.
Фала ти анат јас го обожавам спанаќот не ми е за боја. И јас го знам како потица http://moirecepti.mk/?s=Потица
Пребарав дечки, има разлика. Потица е словенечкото, слично ама само со сукало, повеќе личи на нашата штрудла што си ја знаеме. Хрватското е повитица, и се тегне кората, па се витка со чаршав.