Може исто ко на сликата што ја ставив, само да ги наполниш со ориз, да ги сликнеш пред печење, знаеш она што е убаво на око, привлекува.Па после ќе си ги испече она, пред тоа ќе ги слика.Ич не ви текнува и вие па Серафимке ај оти пиши го рецептот за тоа благото одозгора со ружи, ти побарав рецепт
Па за мак традицуонални јадење треба и традиционална пиперка како на @Bridget. Само штета што не е македонска , мислам дека е далеку повкусна.
@Bridget ти не кажа чушката од странција ти е или со котле ти донесоа? Да не правам буцки...ама не дај боже, дискфалификација да не испадне на крај
Бриџет не касај Ми беше друго муабетот. Бабурите на сликата кај Винтерка се далеку по не застапени кај нас. А твоите полн погодок.
Деталите од конкретнава тема да ги специфицираме пред јас да се избацам со македонското тавче гравче, мејд ин немачка, со турски грав .
Твоево Дани ќе биде - македоско тавче со турско гравче, па интернационална кујна е тоа повеќе Ама, @Bridget е шеф на кујната тука и треба да се изјасни за ова трик прашање
Па Бриџит е во сТранција, таму има разнобезобразни чушки.И ајде не ми се пра културна, која струмичанка вика пиперки и бриџит вика чушки, ти си запнала по пиперките Ој кажи во Глобал дај ми едно кг пиперки, па ќе ти се смеат
@Ginger^ , една лажичка кисело млекце ми фали со сармулено. По турски го јадам јас... по паметот на другарка ми (Турчинка). Неутрализира, освежува..ем, за око... За сега, ти си ми љубимка.. Серафима белќим не ќе те оддува. Ова под лобирање стајте го
Шо се избацуваш и ти со офф топик ? Стај некоја манџа, ти си по компирите и моркојте ајде И да мн сме стварно офф
@zhap4e можам и повеќе, глеам сум ја ставила сликата без филтри. Замисли, не се покажав во најдобро светло. Сама сум си крива, нека ме дувнат отаде.
Абе се изедов самата себе ејјј. Сега не ќе можам тавата да ја ставам а цел ден се крчка колку струја и пари потрошив за нејзе..
Да ви се приклучам и јас. Јас да ве прашам,ќофтиња дали спаѓаат во македонска традиционална кујна.Не знам од каде потекнува зботот ќофте? Латински не е сигурно,од грчки уште помалку.