Браво @LivingGlam! ♡ Јас гласањево го пропуштив, ама па и подобро, ќе не знаев на кој да го дадам вториот глас, иако првиот знам ќе беше за Ливинг. Ептен интересен и несекојдневен рецепт.
Ајде девојки, @LivingGlam , @anel и @Dgirlll повелете за трите по еден пехар. Нијаниси беа во прашање. Убедливо најуспешна тема, so far.
Знаев дека тоа е тоа чим го видов постот на @LivingGlam. Очекувам добар предизвик за следното готвење
Три гласа, добро е, напредувам. Сега има и нов телефон па нареден пат и ефекти ќе ставам. Јас го пропуштив гласањето. Ливинг честитки, обожавам чоколадна штрудла. Ова ми е штрудла.
Фала дечки! Spoiler: Претходни теми 1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба 24. Чизкејк 25. Домати 26. Слатко - солено јадење 27. Закуски 28. Супи/чорби 29. Мелено 30. Еклер 31. Кремаста салата 32. Шарена декорација 33. Пилешко на мој начин 34. Тортиљи 35. Тиква 36. Печурки 37. Се’ од тесто За наредна тема - мислев а) Кекс/Куглоф - може и благо и солено, или б) Чајни колачи Која е по? Eдит: Ајде вака, бидејќи нема одговор после 25 минути, а ќе немам време за форум денес, одбрав тема без консултации. Новата тема е: ЧАЈНИ КОЛАЧИ Потсеќа на зима, може и божиќно да си декорираме. Spoiler: Инспирација
Oвесни колачи Ги имам постирано во фи пред некое време, но денес повторно ги направив со мала измена, знам дека неможе иста слика од фи, но ако и вака не се важи дисквалификација ме чека. Не изгледаат многу убаво, но брзи се и вкусни, и имате можност за модифицирање на рецептот по ваша желба. Точен рецепт немам, од око му ставав некои состојки. 500 гр. овесни снегулки 300 гр. кафеав шеќер околу 150 гр. маргарин 2 јајца 1 црно чоколадо суво грозје една рака брусница исто една рака 100 гр. бадеми Маргаринот и шеќерот се матат со миксер, потоа му се додаваат јајцата и откако убаво ќе се изматат му се додаваат сите останати состојки и со лажица се мешаат убаво да се соединат. Доколку е сува смесата може да се додаде млеко. Откако убаво ќе се соеедини се остава во фрижидер да постои 15-20 минути да се здрви малце, така поубаво ќе се формираат колачињата. Се печат на 200 степени се додека не заруменат, околу 15 минути.
Колку да учествувам. Од архива, зашто немам време. (се надевам ќе ми се усвои оправдувањето ) Се викаат црно-бели чајни колачи, ама јас си ги крстив шах-колачиња. Потребно: 150гр. растопен путер 70 гр. шеќер во прав (може и нешто повеќе, не се благи баш) 200гр. брашно 1 лажичка пециво 20гр. какао 1 белка од јајце 1 лажичка каранфилче во прав Во подлабок сад ставете го растопениот путер и шеќерот во прав. Измешајте убаво со жица за матење, па додајте ги брашното измешано со пецивото, прстофат сол и белката. Убаво со раце замесете ја смесата. Поделете го тестото на два еднакви дела. Во едниот дел додајте го какаото и меленото каранфилче. Убаво умесете и оставете ги тестата да отстојат во фрижидер 30 минути. Откако тестата ќе отстојат поделете ги секое тесто на 6 помали топчиња. Секое топче со рака внимателно развлечете го во должина во вид на грисини. Редете ги на тој начин што првин ке ставете едно стапче од белото тесто, до него залепено црно и пак бело. Потоа врз нив ставете едно црно до него бело и пак црно. Повторете го редењето на ист начин нагоре со останатите 6 стапчиња од тесто. Премачкајте го вака нареденото тесто од сите страни со белка и оставете во фрижидер да се стегне убаво. Откако ќе се стегне тестото сечете го во вид на бисквити (со дебелина по желба). Наредете ги колачињата во плех обложен со хартија и печете на 180 степени 15 минути. Послужете ги со кафе, чај или салеп. Уживајте!