Состојки: -20 свежи урми -1/2 чаша млеко од соја -1 лажичка ванилен екстракт -1/4 лажичка сол -1/4 лажичка цимет -1 лажичка какао -1 1/4 чаша овесни снегулки -70 грама темно чоколадо -1 лажичка прашок за пециво Начин на подготовка: Во блендер ги блендираме урмите со млекото. Ја истураме смесата во длабок сад и ги додаваме ванилиниот екстракт, солта, циметот, какаото и прашокот за пециво. Добро промешуваме и потоа постепено ги додаваме овесните снегулки. На крај го додаваме добро исецканото темно чоколадо и промешуваме за последен пат. Смесата која ја добиваме на крај е леплива. Мене мерката за едно колачe ми беше една лажица. Ги печеме во плех со хартија за печење на 180 степени 15 минути. Ги обожавам овие колачи и често ги правам, а тоа што се без шеќер, без масло и без глутен е уште поголем плус. Слободно можам да си ги јадам без да осеќам грижа на совеста. Јас овесните снегулки исто ги поминав низ блендер, и добив нешто како брашно од овесни снегулки. Но и без тој чекор, ако ги ставете како цели пак се превкусни.
@Asterion прекрасен рецепт баш по мој вкус. Секогаш кога готвам предност им давам на здрави варијанти планирав да правам колачиња од овес кои ми се омилени, меѓутоа нема да стигнам а и после твојот рецепт не сакам да се брукам
@MissDior баш ми е мило што ти се допаднал рецептот се надевам ќе ги направиш и ќе се увериш колку се вкусни. Некако слаба раздвиженост има на темата овојпат, а баш ми се допаѓа и очекував да видам многу повеќе рецепти за вакви чајни колачиња.
Spoiler: Рецепт ТОСТЕРКИ * потребни состојки: 250гр маргарин 250гр шеќер 3 јајца 1шоља млеко 1к.к сода бикербона 1 пециво 1 ванилин шеќер 700гр брашно 100гр кокос 100гр ореви * постапка: Се ставаат сите состојки во поголем сад, се меси тесто или се миксира (препорачувам со миксер многу се лепи). Откако ќе се соедини смесата се мачкаат рацете со зејтин и се прават топчиња поголеми/помали во зависност колкави сакате да бидат колачињата. Се загрева тостерот се редат топчињата така што да не се слепат при притискање, за околу минутка се готови.
@Asterion, леле фотографииве, рецептиве... алал да ти е, ептен си откритие во темиве! *drooling* Убавини!
Гурабии (пиварки) со чоколадо Еден филџан пиво Два филџана зејтин Еден филџан шеќер Пециво Брашно За шербрт: 200 грама вода со 250 шеќер Чоколадо Се зоврива пивото со зејтинот, се додава шеќерот, пецивото и брашното колку што ќе прима. Се меси тесто, на средно. Се прават топчиња, се става исецкано чоколадо, па рачно се обликуваат во вид на гурабии. Се печат, а потоа се стават во шербетот и се увалуваат во шеќер. Превкусни се. Еве уште една слика
И јас сум за пиварките на Јуле. Да можев, да не ми се качува шеќерот до плафон... и во слатко од сливи ќе ги мацнев Иначе, преубави фотографии. пре-пре-прекрасни.
„Дански“ путер бисквити Spoiler: Рецепт состојки 250 гр. путер, 250 гр. шеќер + 2 ванилин шеќер, 2 јајца и 1/2 кг. брашно, 1 прстофат сол. подготовка Состојките се соединуваат, смесата е мрсна. Јас најчесто во брашното ги ставам солта и шеќерот и потоа го додавам путерот. Постепено со рака ги месам брашното и путерот да се направат како трошки. На крај ги додавам малку изматени јајцата. Смесата треба убаво да се соедини, но да не ја „стопите“ со топлината на рацете. Со шприц се формираат бисквитите и се печат на 200 степени Ц (220 Ц) околу 10 минути (зависно од рерната може и до 20 минути). Не треба да поцрнат, треба да останат бели, но ако ги пипнете одозгора треба да бидат стврднати. Јас на 2/3 од смесата додадов 2 големи лажици темно какао.
Аааа ги видов, ги видов!!! А бе, а бе прекраснотииии ви се сликивеее Посебно сликата на @Asterion ..не можам да и се изнагледам