Јас пијам капучино, шуќур со нормално млеко си го направив и си мислам како добро би ми дошле гурабиите на @JuLleE во моментов. Јуле, ПМС-овски, постизборен глас од мене за тебе!
Може малку рано беше за оваа тема, моментално сме зафатени со учење за полугодие, чистење, китење... Ама тоа не значи дека не може да ја повториме околу Божик. Јас имам едни преубави ванилици, ама за жал никогаш ги немам сликано, затоа не ги ставив сега!
Јуле! Гурабиите ми носат спомени од детството,од баба ми. Ама сега со ,,модерната,, кујна , се поретко се прават.
Ова ко ВМРО и СДСМ, ептен тесно. Ајде девојки, мажи, гласете за мене, ви ветувам, се ви ветувам што ќе посакате, ма се ќе остварам .