Астерион и Dgirlll ми се најфотки. А и рецептите им се супер. Радо би ги направила. Особено тие на Астерион (јас не сакам млеко од соја ама). На Таци, ко и на Лејди... ми се свиѓаат формите. Особено на Таце, шарите на еден дел од колачињата. И ептем сакам да знам како-што такви да си ги направам и јас во иднина моите путер-колачи. На Јуле фотката.. ме асоцира на детството... на некои од фотките од српските готвачи на мајка ми. За Јуле и гласав, макар што, јас тие колачиња ги сакам со слатко и ореви, ко то веќе спомнав, а и Винтерка спомна. Винтерке, ти ги видов колачите и не ми беше јасно оти ги залепи таму. Мене ме аресаа. Мислев да ти пишам ама... си викам можда нејќеш па да учествуваш тука, бојкотираш избори. Јуле... темата... фруткејкоj (многу се смеам за fruitcake) или оние, мачкино око.. некои oд такви на мајка од нејзинион тефтер
Жабче па правиот рецепт е со ореви внатре, ама ние дома ги сакаме со чоколадо. А баш на тие колачи/торти мислам како Брзи гонзалес, Мрморен колач, Трите јајца, Мрсна торта, а оно благ леб е уствари.
Фала за сите што гласавте за мене, гласавте за живот на Фемина. Се шалам секако. Прва победа, инаку гурабиите прв пат сама ги правев, секогаш и асистирав на мајка ми. Нова тема, веќе спомнав Торти или Пити, оние тортички знаете од тефтерите на мама, за 5 минути готови. Не знам ни сама право име. И се мислам, ова вторава мислам дека ќе легне подобро, торти ми е пофенси, ама што знам. Ај помош, што тема неделава?
@JuLleE Честитки за победата Јуле Во однос на новата тема, освен ако не се одлучат членките за едно од тие две, може да биде: Брзи Тортички Макар на мене лично, поинтересен десерт ми се питите, како тие класичните американски
Се мислам уште, искрено. Јас се токмам за американска пита, неам правено, секогаш правам пити, ама се знае пандишпан и овошје, баш брзи тортички. Да ја опфатам ако не целосно темата да биде Пити, брзи тортички од тефтерот на мама, баба.
Колач да, така би му дошло. Пита си пита, ова колач се би вклучувало мислам. Ливинг на колач со вишна на пример, со јаболка, со чоколадна глазура, на мачмало, на татлија може.
@JuLleE Многу членови дојдоа во насловот Шала на страна, како што идејата е за колачи за 5 минути, би требало да биде и насловот таков, може: Кратко, а слатко А да нема забуни, во описот ќе ставиш пити/брзи колачи/тортички, само тоа и ништо друго
Брзи слатки ролати, пити или колач од тефтерот на мама е тамам. Примери веќе дадовме. Мачкино око, Брзи Гонзалес, Кокосов колач, Мермерен колач... Овошен колач, Чупава Ката (а.к.а. Бушавата Бети).
Подобро торти, брзи, лесни, едноставни, комплицирани, вака не знам дали ќе се разбереме. Ај да најдам слика некоја.
Колач. Од тефтерот на мама, убаво си кажа. Ми се сфиѓа темава, ептен. Заборавив да ти ја честитам победата. Супер беше и сличето и рецептот.
1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба 24. Чизкејк 25. Домати 26. Слатко - солено јадење 27. Закуски 28. Супи/чорби 29. Мелено 30. Еклер 31. Кремаста салата 32. Шарена декорација 33. Пилешко на мој начин 34. Тортиљи 35. Тиква 36. Печурки 37. Се’ од тесто 38.Чајни колачи Новата тема е: Брзи колачи, ролати, пити од тефтерот на мама . Јасно е веќе на што мислам нели.
Дa де, oд тефтерoт нa мaмa, еве сегa ќе се спaкувaм дa тргнaм пo негo Oвие денoви ќе биде, ќе нaпрaвaм нештo, дa се рaзмрдaм мaлку.