^ Ако се заинтересираме повеќе, пола од јаденињава за наши што си ги сметаме, крадени ќе излезат. Така да не му ја мисли многу, наше е, македонско
@Bridget, од прееска се мислам. Да пишам... да преќутам... Се самосаботираш,жено. Не е само мала криза. Нешто ти се дешава. Другата во тебе озбилно нејќе да победи. Гет а грип, уоман. Наштимај камерчето,фокус-фокус-фокус!
Па сите читаат, и Бриџит преска прва си рече чушки кога ја постави сликата А и сите знаат што се чушки гарант
Кој ден се објавува победникот и нова тема? Сакам и јас да играм, ама на почеток да фатам. Вака веќе изгубив денови. Башка во архивот немам ни една слика од нешто наше традиционално, а сега специјално да правам касно е. Ај може другата тема повеќе ќе ми лежи.
Kompir mandza zaprzen kromid so maslo da omekne,se dodavat Mali kocki kompir, seckana boranija i krugovi morkov +zacini i se vari okolu sat vreme nauceno od mama
Седум дена се готви, три дена се гласа. Следна тема отприлика четврток некаде ке биде До понеделник или вторник ке е оваа тема имаш време
Вчера го сликнав гравчето и сакав да го постирам во темава „Традиционална маједонска кујна“... Но, денес се предомислив... Од мене еден ЗЕЛНИК... Јадење кое се подготвува со генерации наназад... Нашите баби, прабаби... биле вешти домакинки и со сукалото работеле како ние денес со маусот... Но, ете и ние со малку труд се поднаучивме ... ПС Редактирам... Заборавив да напишам рецепт ... Spoiler Рецептов го ископирав од „Рецепти од Фемина Инстаграм“... Сум го напишала пред некој месец... Се замесува средно тесто од брашно (околу 800гр) , квасец (1 сув), шекер (1 лажичка) , сол (2 лажички), зејтин ( 3-4 лажици) и вода (околу 400мл, зависи колку „пие“ брашното)... Откако убаво ке се замеси тестото се дели на 13 дела кои се обликуваат како топчиња. Секое топче се расукува во мал круг. Првите 7 се редат едно врз друго, со тоа што меѓу нив се попрскува мешавина од растопен маргарин и зејтин. На последното парче не се става маснотија. Се попрскува со брашно и со сукало се развлекува една голема кора ( поголема од тавата во која што ќе се пече!). Се помош на сукалото се става во намастената тава. Се земаат следните 3 топчиња и на истиот начин се расукуваат, но со големина колку дното на тавата. Се ставаат врз првото тесто, се додава филот ( сирење со јајца, спанаќ, блитва со сирење / урда, пржена зелка, праз...). Преостанатите 3 топчиња се расукуваат на истиот начин како и претходните, но со големина помала од првите 7, а поголема од 3-те... Се става врз филот и со првата „најголема“ кора чии краеви „висат“ од тавата се обликува „витка“. Се остава да „стаса“ и се пече.
ОФФ ТОПИК: Првпат учествувам.Прв пат го видов впрочем натпреварот.Одлично се забавував со вашите муабети и ремек дела. За темата: МАКЕДОНСКИ ТРАДИЦИОНАЛЕН ЗЕЛНИК посакувам да беше под вршник... П.С. се изнамачив додека ја намалам сликата Поздрав
Ајде и од мене денешниот ручек... Се важи бе ова? Се мислев дали да го ставам, после си викам кочански е оризот.