@Asterion Зошто не од ќесичка, како би направиле топло чоколадо домашно,греено вино? Се е тоа купечко донекаде. На оваа тема и онака креативноста ќе има предност. Честитки!
Тоа поинтересното стави го. Ми се допаѓа темата, ќе мора да смислиме нешто многу необично за да биде интересно. @Asterion, честитки за победата, според мене си беше заслужена.
@Dgirlll Има рецепти на интернет како да приготвиш домашен салеп. Но ако не ти се ризикува со тоа секогаш можеш да одиш со некоја од другите посигурни опции. @tace73 Секако дека и чај се важи, и тоа е топол пијалок , само што сметам дека многу поубаво би било кога би имало други покреативни топли пијалоци. @duffi Па сметам дека нема да биде интересно ако сите почнеме да постираме топло чоколадо направено од ќесичка. Сите знаеме како тоа се прави. Идејата ми беше да размениме нови покреативни рецепти. Посебно за домашно подготвено чоколадо на интернет можеш да најдеш милион рецепти. Бело топло чоколадо, со рум, со цимет, со ванила, со манчмалоу...
Бубале како што погоре напишав сметам дека нема да е интересно ако сите постираме од ќесичка. Темата ќе биде монотона. Идејата ми беше пијалокот да биде домашно подготвен.Но еве нека се изјаснаат и другите членки, ако сметате дека треба да се важи и од ќесичка тогаш океј.
Zar jas ne pobediv? Aj koga ke se vratam mira nema da vi ostavam, ke postiram se dodeka ne mi namestite edna pobeda.
@Asterion Општо ме интересираше како се приготвува салеп а да не е од кесичка. Побарав рецепти и најдов дека се прави од делови од цвеќето орхидеја, е дека дома ке го направам малце потешко ако знаеш некој друг поедноставен рецепт сподели.
@Dgirlll Јас имам еден рецепт за кој нема потреба од такви ретки состојки. -2 лажици ориз -2 чаши млеко -4 лажици шеќер -1/4 лажичка ванила -цимет Начин на подготовка: Оризот го миеме 2 пати и потоа го ставаме во вода да откисне минимум 1 саат. После 1 саат го прецедуваме и го распределуваме врз нешто памучно што ќе може да ја впие водата. Го оставаме да се исуши околу 20-30 минути. Оризот го ставаме во машинка за мелење на кафе или пак high speed blender и мелеме околу 3-4 минути се додека оризот не стане како прашок. Во сад ги размешуваме прашокот од оризот и млекото и размешуваме. Садот го ставаме на среден оган и чекаме да зоврие, мешајќи константно. Откако ќе се згусне, отприлика после 2 минути го додаваме шеќерот и ванилата и промешуваме. Го префрлуваме салепот во чаши и одзгора проросуваме со цимет.
@Asterion честитки за победата Решив да го сефтосам натпреварот со твојот рецепт за салеп. Одличен е ! Ти благодарам за идеата. Од сега па натаму на овој начин ќе го приготвувам.
За салеп можете да си го користите и салепот на Алкалоид, кој што е чист, без никакви додатоци. Салепот е и многу здрав и се користи посебно кај мали деца за респираторни инфекции, посебно за горниот респираторен тракт и надразнетост на грлото!
Да бидам искрена,темава е утната. Очигледно секнаа идеите. Самиот назив "фемина готвач" кажува,значи треба да готвиме,да заигра кутлача,тавче,тенџерче П.С.Што знам,мое мислење,што не значи дека е исправно.
Јас уште кога ја прочитав темава одма помислив на топло чоколадо, зашто многу сакам да пијам во зима, макар што разгледував и интересни рецепти за кафе со разни вкусови, како голема кафеџика Сепак се одлучив за првото Топло чоколадо со пеперминт - 40gr темно чоколадо - 30gr кафен шеќер - 1 мала лажичка какао - 200ml полномасно млеко - екстракт од пеперминт - новогодишни бастунчиња со вкус на пеперминт - хопла/шлаг пена Ако не можете да најдете екстракт од пеперминт (обично по продавниците стандард има ванила или рум, друго тешко се наоѓа) можете да искористите две бастунчиња, само проверете дали се со арома на пеперминт, зашто мислам дека има некои што не се. Издробете ги убаво, знам дека се тврди, ама на даска со сукало можете да ги раскршите. После можете да ги ставите во малку млеко на тивок оган и да мешате за полесно да се растопат. Млекото ќе стане розево, ама без гајле, бојата на топлото чоколадо ќе си биде како што треба А ќе мириса на пеперминт Млекото ставете го на тивок оган и додадете ги какаото и шеќерот. Мешајте додека не се растопат. Потоа додадете го чоколадото и екстрактот од пеперминт или млекото со растопените бастунчиња и мешајте додека не зоврие. Топлото чоколадо ставете го во шолја и декорирајте со изматена хопла или шлаг пена, плус парченца од бастунчињата. Можете да експериментирате со количината на состојките во зависност од тоа дали сакате да биде посилен вкусот на какао или на пеперминт. Можете да го направите и со млечно чоколадо, ако не сте голем љубител на темното. Јас густинот не го сакам баш, па не ставив, ама можете и тоа да додадете ако топлото чоколадо го сакате погусто, како пудинг.