Топло чоколадо Брзо , лесно и вкусно! -1 шолја млеко -1 лажица екстракт ванила -1 лажица еурокрем(Нутела или било каков црн крем) Го загреваме млекото и додаваме од еурокремот , мешаме додека не се растопи . На крај ставаме од екстрактот. За пофин изглед и екстра калории ставив ред маршмелоу , шлаг и наросив несквик. Spoiler: Бонус фотка
Де бе, don't lose hope... Може се спремаат да објават "Фемина готвач": со рецепти, со слики, со ник на членки, со сВе Чисто информативно греана ракија и греано вино спаѓаат во "Топли пијалоци" ?!
Дали ќе се важи доколку топлото чоколадо е од ќесичка, ама не е стандарт класично топло чоколадо него има и други додатоци во него? Имам една сјајна идеја.
Fair enough. Ја само да си прашам - знам дека слика која више била у Фемина инстаграм не смее да учествува. Дали истото важи и за Вашето кафе преку слика? Да знам дали да турам рецепт за какаото или ќе треба да правам нешто ново? Судии и критичари, помагајте.
Тражили сте, добили сте Сакав да направам греано вино, ама си оглед на тоа дека имам за учење не беше баш најдобра идеја да се испијанчам уште од сабајле That's why I present to you this "mix" 40% (домашно Червено) вино и 60% (домашен) компот од вишни, за поубав вкус додадовме 1 лажичка шеќер и исцедимве 1/4 (увезен) портокал Ако не ви се допаѓа рецептот гласајте за сликата, бар она убаво испадна ПС. Жими се, не е само компот
Гарант немаш ни процент вино ставено ова многу розево е. Мене ваков и почервен ми излегува компотот Шала на страна јака финта компот и винце и такс нонстоп имам компот ќе го пробам
Ајде не се вади ја сум профи винопијачка вика Даст хаха одма те фаќам на дело До кои ефекти е и јас да ги користам
Си направив домашно топло чоколадо.....кој сака сникерс, ќе го обожава Си направив и декорација.....ама толку ка сум несмасна, се сопнав и отиде цела чаша Ајт одново правење сега.
Ок, и дефинитивно после долго време и ја да учествувам тука Топло чоколадо со путер од кикирики - или поточно кажано сникерс Вистински вкус на сникерс Кој обожава сникерс, топло му препорачувам да си направи вакво топло чоколадо пред празнициве Spoiler: рецепт Потребни состојки: - блага хопла 1литар (од кои 500мл се употребуваат за топлото чоколадо, другите за декорирање) -5 млечни чоколади - путер од кикирики 3-4 кафени лажици (го препорачувам путерот од Веро, оти е посолен и поубав шмек му дава на топлото чоколадо) - млеко 100мл Подготовка: - Се ставаат хоплата и млекото во сад, и се загреваат на тивко но не треба да ги оставите да зовријат. Во меѓувреме ги кршите чоколадите на парчиња. Кога млекото/хоплата ќе бидат во почеток на процесот од зовирање, ги ставате чоколадите и мешате убаво. Откако ќе се стопат, се додаваат 3-4 лажици путер од кикирики и се меша убаво. Откако ќе се олади, го сервирате во шолја и можете со што сакате да го декорирате. Бон Апетит п.с Ако нејќете премногу да ви е благо, тогаш ќе го намалите соодносот меѓу чоколадите и хоплата. Spoiler: бонус фотка