Јас сникерсов сакам да го пробам, само @IronLady да те прашам - рецептов за колку шолји е? Да намалам од состојките за прво една шолја да пробам дали ќе ми се свиѓа, некако 5 млечни чоколади да ги фуфнам наеднаш страв ми е
Авена- топол напиток од овес Бидејќи @Asterion ја постави темата ќе учествувам со еден специјалитет кој го открив скоро. Како љубител на се што е со овес морав да пробам да го приготвам дома, овој млечен, кремаст, порторикански традиционален рецепт авена. По вкус и текстура е многу сличен на салепот и се разбира е made from scratch За една шоља се потребни: - 1/2 шоља млеко - 4 лажици ситно мелен овес - 2 лажици кафен шеќер - неколку зрна сол - пола лажиче путер - зачини цимет и морско оревче Подготовка: Во мало тенџерче се истураат млекото и овесот со зачините, шеќерот и путерот, на тивок оган се меша непрекинато 5-6 минути, кога ќе почне да се згуснува се процедува во шоља. Доколку сакате вегетаријанска верзија млекото заменете го со бадемово или кокосово, а путерот со кокосово масло. Прекрасно откритие за оваа зима, вкусно и здраво. Целта ми беше да им пркосам на сите топли чоколада што се полни со шеќери и калории и да ве предизвикам да го пробате дома, нема да погрешите.
Ептен нездраво топло чоколадо 50грама милка 2 лажици густин 2 лажиња несквик 2 лажички шеќер Млеко околу 230-250мл * калории - небројани Се што е суво во блендер... Од блендер во ладно млеко.. Млекото на шпорет.. Мешај мешај.. Пиј..и не чувствувај грижа на совест Нека ви е наздравје!
Топло чоколадо со коњак. Потребни состојки: - 4 кафени лажички топло чоколадо - 1/4 чоколадо за готвење - 4/5 лажички коњак - млеко Подготовка: Се става на рингла во ѓезве(лонче во мојов случај) една шолја млеко и потоа се додаваат четирите лажички топло чоколадо и се меша додека смесата не се згусне како пудинг. Потоа се трга од рингла и се става изренданото чоколадо за готвење. Се остава да се стопи чоколадото и целата смеса да се олади. Откако ќе се олади се додава коњакот и на крај се декорира. Додека да сликам, ми се испорастопи шлагот и не испадна сликава баш најубава. За мој вкус беше ептен благо, следниот пат ќе го изоставам чоколадото за готвење. Коњакот му дава некој необичен вкус. Исто така место коњак може да се стави виски, ама јас немав дома.
Карамел млеко Spoiler: Рецепт За едно лице потребно е 2-3 лажички шеќер, 1 шоља млеко, на врв на лажиче путер. Шеќерот се става да се карамелизира. Штом ќе ја добие потребната боја, се додава ладното млеко и путерот и се остава на тивко да се истопи карамелот. Треба да се консумира млако, не многу врело, не многу ладно. Фотографијата е катастрофа, ама како бевме речиси сите болни дома, добро е и ова што успеавме. Обично во карамелот не ставаме цимет, ако го пиеме како лек, да не не дразни, ама ќерка ми сакаше да ги проба новите шаблони за украсување, проба која како што се гледа беше неуспешна . Инаку овој карамел го пиеме како лек за надразнето грло и за омекнување на секрет во градите и е домашен лек кој го препорачуваат и докторите (нормално, да не се претера со шеќерот).
Топло чоколадо со карамела -1 чаша шеќер -1/4 лажичка лимон -4 1/2 чаши млеко на собна температура -140 грама млечно чоколадо -70 грама црно чоколадо -сол -манчмалау Во мал сад ги размешуваме шеќерот и лимонот. Друг сад во кој што ќе го правиме топлото чоколадо го ставаме на оган неколку минути да се загрее, па го додаваме шеќерот. Постојано мешаме се додека шеќерот не добие светло кафеава боја и тогаш го додаваме млекото. Постојано мешаме и го загреваме млекото се додека не почнат да се појавуваат балончиња по краевите. Тогаш го тргаме од оган и го додаваме исецканото чоколадо и мешаме додека не се растопи и додаваме сол по желба. Го сервираме топлото чоколадо во чаша одзгора со манчмалоу и сос од карамела. Spoiler
Какао-еспресо Состојки: 2 лажички еспресо-кафе 1 лажичка какао 50 ml вода 150 ml млеко (поделено на 50 и 100 ml) шеќер - по желба Подготовка: Еспресото се прави со 50 ml вода, во еспресомат или мока бокал, а во исто време какаото се раствора во 50 ml млеко (со шеќер, по желба) и се загрева до вриење. (Алтернативно, за оние кои немаат или нејќат еспресо, може какво било кафе, само да се оддели од талогот.) Во шолјата прво се става еспресото, па какаото и, на крај, со остатокот од млекото (100-те ml) се прави пена - со еспресоматот или со француска преса, сеедно. (Пена од млеко може да се направи и со миксер, за оние кои ги немаат овие други ствари. ) Тоа е тоа, отприлика. Вкусот е сличен на какао, само боље. Spoiler: Бонус слика
И јас сум збунета незнам за кого да гласам. На почетокот како што ми ја критикуваа темата , мислев ништо нема да има. Сега незнам кое од кое поубаво. Баш ко што очекував, од се по нешто има.
И пак нема да гласам за слика, пред се на прво место ќе го ставам рецептот па потоа дури сликата Рецептот ми е побитен Едит: @Asterion уште кога ја постави темата, знаев дека топло чоколадо - сникерс ќе го правам. Ми ја погоди темата