За рецептот ти гарантирам дека е превкусен, зависи се од тебе ..по колку и што ќе ставаш. Втор пат го правам топлово чоколадо, и дефинитивно нема разлика
Мене она на @Asterion ми е најблиско до топол пијалок кој би го сакала. Пијалокот на @IronLady во некои поубави времиња би го сркнала, со се лижење на чашата (глетка која не и се допаѓа на @LivingGlam ) Оноа чудо од кафе на @Bender Rodriguez ми е тотално не реално. Ја испита ли некој потеклото на сликата?
Се мислев, мислев и на крај се сепак одлучив за @IronLady и нејзиниот десерт А и ем два пати го правеше, ем и по сограѓанска линија: Ко за кога, ако не свој за свога
Пак Бендо се бори за прво место. Ајде бе гласајте и тукааа пааааа... *а ја дека за Ајри гласав нема гајле
@Winter Lady Фала ти што си гласала за мене, ама и овие гласови што ги имам ми се доста. Oвојпат имаше многу убави и слики и рецепти и ептен ми е мило што @IronLady победи иако не гласав за неа. Нека и е честито победата и чекаме нова тема.
Ви благодарам на сите што гласаа за мене И тие што гласавте, и тие што не гласавте ќе ве частам топло чоколадо Гледав кои теми биле досега, па размислував за тема која е поопшта и во која сите би биле вклучени. Сега за некој ден е Нова Година, па сите по дома правиме нешто ко што имам приметено по форумов. Затоа темата ќе е Новогодишна Трпеза ( било што, дали благо, дали солено може да ставате) Spoiler: теми 1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба 24. Чизкејк 25. Домати 26. Слатко - солено јадење 27. Закуски 28. Супи/чорби 29. Мелено 30. Еклер 31. Кремаста салата 32. Шарена декорација 33. Пилешко на мој начин 34. Тортиљи 35. Тиква 36. Печурки 37. Се’ од тесто 38.Чајни колачи 39. Колачи од тефтерот на мама 40. Топли пијалоци
Честитки @IronLady ! Овој пат нема да стигнам да учествувам.Некако се изреметија работите, па не знам до кога трае готвењето.
7 дена откако ќе се постави темата мислим, ама оти ја касно ја поставив , нека се рачуна од утре првиот ден