Ајде од мене еден дел(солениот) од новогодишната трпеза. Колку да ја сефтосам темата Честитки женска @IronLady
Caprese торта Се топи на пареа 200 гр. чоколадо и 150 гр. путер.Се става на страна да се олади. Во еден сад се матат 4 жолчки, лажиче екстракт од ванила, 200 гр. мелени бадеми и 150 гр. кафеав шекер. Се додава чоколадото. Во друг сад се прави шлаг од 4 белки и потоа се додава каj другата смеса. Се меша рачно. Се сипува во калап и се пече 40 минути на 170 степени. Кога ке се олади, се украсува со шекер во прав.
Елка со нутела Состојки: 450гр брашно 1/3 чаша шеќер Прстофат сол Квасец 1 чаша топло млеко 2 јајца Нутела Шеќер во прав за декорација Се замесува тестото (во тестото ги ставаме само жолчките од јајцата, а со белките ја премачкуваме елката пред да ја ставиме да се пече) и се остава да отстои еден час. Нараснатото тесто се дели на два дела и се сукаат две кори во форма на триаголник. Се премачкува првата кора со нутела и врз неа се става втората кора. Потоа сечеме гранки и секоја ја замотуваме. Потоа се остава елката повторно да отстои 30-40 мин. Се пече на 180 степени околу 15тина минути. Еве и видео како оди изработката на елката. Spoiler
Може ли празнични јадења да биде @IronLady ? Вака не може рецепт да се стави, темата повеќе е за во фото натпреварот. До четврток еве нека стои, па да се гласа празничниот викенд и после да биде за божиќните јадења, пример.
Мојата слика може да се избрише @RainBow повеќе е за во фото натпревар Ако успеам ќе направам нешто во согласност со темата
Jaс веќе ја ставив сликата во ФМЌ ама не е во фемина инстаграм па мислам дека нема да смета, ако не е во ред тргнете ја. Тортава ја правиме обично за Нова Година или Божиќ, па иако не е традиционална торта ние си ја викаме така зошто традиционално си ја правиме неколку години по ред. Тортата е чоколадна со мачмалоу. Потребни состојки: Кора -500гр брашно -500гр шеќер -250гр какао -2 кафени лажици пециво -прстофат сол -250 гр млеко -филџан масло -2 поголеми јајца -ванила(јас користев екстракт течен 2 лачици мали) -250гр зовриена вода Фил -350гр маргарин -250гр какао -5 пакетчиња шеќер во прав(пакетче 200гр) -250 гр млеко -ванила -1 кафена лажица сода -Хопла 500 гр -мачмалоу 10тина парчена(јас годинава користев од новите со ванила оти се фантастични) Глазура: -600гр чоколадо(јас користам 100% црно) -дел од хоплата од филот отприлика една чаша -малку млеко -малку путер -1 лажичка еспресо Spoiler: Подготовка Најпрво за корта. Прво се мешаат брашното, шеќерот, какаото и другите суви состојки, убаво да се соединат, потоа се додава млекото, маслото, јајца и ванилата и се мути со миксер на средна брзина, за да биде воздушеста кората, потоа кога ќе се уработи брзо се додава зовриената вода и се меша со голема брзина околу минутка. Ако ви изгледа многу ретко или густо се додава во зависност уште малку брашно или млеко. Се дели кората во две тавки, јас користев округли оти ми е подобро на изглед, ама може и правоаголна тавка и јас користев една округла па ја сечев кората на две. Се пече околу 35 мин на 180 степени, ама зависи од фурна, знаете како оди печење кора. Додека се пече и лади скроз кората се спрема филот. Путерот омекнат скоро растопен се мати заедно со какаото со миксер, потоа постепено се додава едно пакетче шеќер со малку млеко, додека не се потрошат и шеќерот и млекото. Јас искрено годинава го ставив сетиот шеќер и ептен е блага тортата, така да јас би ви препорачала дури едно пакетче помалку, на крај додавав уште малку млеко оти многу ми беше густ филот, ама ќе си видите како ви изгледа. На крај ванила и еспресо се доадаваат и се меша. Потоа се уработува хоплата и од неа се одделува една чаша за глазурата. Врз кората се става прво од кафеавиот фил, па се редат мачмалоуто на пола пресечено, па хоплата. Прв ред кора, втор филови, па пак кора па филови и се става да се олади, не во фрижидер туку на ладно место, пример на тераса, се стегнува еден ден, за да се упие филот во кората и да се зацврсти. На крај се спрема глазурата, на паера се топи чоколадото со путер и млеко, па на крај остатокот од хоплата. Се полева одозгора тортата и пак се става да се стегне. Јас декорирав со уште парченца мачмалоу и какоа одозгора целата ја посипав. Тортата е фантазија, блага, сочна, кремава и ептен за посебни пригоди оти е доста мастрафна и скапичка, ако излегува поситна, пак стигнува и за гости оти ептен е блага па мали парчиња обично се доста. Добар апетит и убави празници.
А баклавата за Божиќ? Јас мислам да се испочитува со една посебна тема. Таман Божиќ ќе не фати и ќе има рецепти и слики.
Слабо слики дај да појачам!Јас за жал не сликав поединечно конкретен оброк-ја имам цела маса.Комбинација е од веганска/вегетаријанска и класична "мрсна" трпеза.Домашно приготвени се:посни кифли со зелено/црвено песто, полнети шампињони(веган), лосос,лигњи варени во бело вино+зачини,свинско во бел сос од печурки,и пилешко(потпржено на путер).Не очекувам да се гласа дека немам класичен рецепт,но еве да прошарам
Ајде нека одат сите слики, и така многу малку се. До утре ова време ќе се гласа, па после божиќни рецепти.