Многу мала анкета @Ane-Goki1 @LollySky мммм... Убаво благце @PrettyDramaQueen ова оди во фолдер „направи“ @dunika прекрасно Гласано за прекрасната празнична торта на @1209
Фала @Val-Dim мила На изглед можеби и не е сјајна, ама повкусно нешто немам пробано (плус и без глутен е )
Фала мила,ама нели се гласа три дена,и доколку победам се мислам дали би ставила божиќна трпеза,некако новогодишнава слаб одзив имаше
Ахааа,епа "пукајте"да Ве видам,само се надевам на повеќе слики,да имаме што повеќе инспирација за наредните празници
Честитки Дуника...се надевам дека ќе има одзив. Оти прошлава тема слабо, сите по фемина инстаграм си изнаставаа
Ќе бидам ептен off topic, ама морам да те прашам од каде ти е се чиниите и зделите? Ептен ми се допаѓаат.
Месото од срна 24 часа предходно го извадив да се одмрзнува, односно вечерта на бадник, за да биде спремно за божиќниот ручек. Следното утро го ставив во маринада од црвено вино, масло, вода ( целосно да биде потопено во садот), јадра сол, црн бибер, многу рузмарин, ловоров лист и лук. Стоеше околу 6 часа. ( истиот рецепт ми е и за јагнешко) Потоа заедно со поголем дел од течноста го ставив во тава, го покрив со алу фолија, и се печеше преку 2 часа на температура од околу 200 степени. После ја извадив фолијата и се печеше повеќе од еден час. Должината на печење зависи колку од течноста има во тавата. Кај мене имаше повеќе па подолго си крцкаше додека не испари.
Dani ne sum gi videla prethodnite postovi,ama znam uste sega deka za tebe ke glasam.Jas so godini se kanam da napravam srnecko i citav edno vreme recepti, mn slozeni mi bea i se otkazav.Plus odea so slatki prelivi,a toa ne ide vo predvid kaj mm.Ovoa mora da se proba
БАКЛАВА Кг кори 250г путер или маргарин 200г сечкани ореви 200г сечкани бадеми 200г потпечени и мелени лешници 3 филџани масло 2-3 лажици презла ќесичка прашок за пециво 400г рендано чоколадо за готвење рендана кора и сок од два портокали филџан кисела вода Во три длабоки чинии се става: I - шеќер II - киселата вода, сокот и кората од портокал и ренданото чоколадо - убаво се меша III - оревите, бадемите, лешниците, презлата и прашокот за пециво Оваа баклава е како ролат, за секој ролат требаат по три кори. Се топи маргаринот/путерот во масло, служи за прскање на корите. Како се прави ролатот: Се става една кора, се прска со мешавината од масло и путер/маргарин, се прска со многу малку шеќер (од првиот сад) се става втора кора, се прска со мешавината од вториот сад се става трета кора, се прска со мешавина од масло и маргарин, се прска со мешавината од ореви. И се витка ролат. Така се тера со сите кори. Се реди во длабок плех за печење, и се сече. Кога ќе се исече, се посипува со остатокот од маслото и маргаринот, и тоа убаво да навлезе меѓу парчињата (таму каде што се сече баклавата). Се пече во загреана рерна на 220 степени 10 минути, а после се намалува на 180 степени и се пече 30-40 минути, зависно од рерната. Се остава да се олади. Шербет се прави од литар вода и 1200г шеќер, кора и сок од еден лимон и ќесичка ванилин шеќер. Да врие точно 7 минути. Со жежок шербет се попарува оладената баклава. На крај се прелива со растопено чоколадо. Баклавата потсеќа на чоколадна торта. Имаше во рецептот и урми, ама јас не ставам.
Божиќен колач по рецепт на Ангелчето. Потребни состојки јајца, шеќер, брашно, пециво, ванила, сода бикрабона, зејтин, црна и бела чоколада, шеќер во прав, по избор џем од сливи, сува брусница и суво грозје. Се матат пет јајца, се додава 10 лажици шеќер и ванила, потоа се додаваат 10 лажици брашно и пециво, една шолја за кафе зејтин, три до 5 лажици по желба џем од сливи, едно лажиче сода бикрабона. За да ми биде побогат колачот на вкус ставив малку брусница и суво грозје. Вака сматена смеса повеќе од половина ја истурате во калап за куглов, а во другата ставате неколку лажици какао и го истурате врз претходната смеса, самаат смеса ќе се слее и кога ќе го пресечете колачот ќе ви излезе црно бел.Откако ќе го испечете колачот просипувате шеќер во прав, потоа го истурате топеното црно чоколадо и на крај рендате бела чоколада за да изгледа како снежен колач.
Леле која баклава си ја направила, браво. Јас не сум се нафатила, ама и го пишав рецептот на Лудото, кога бараше баклава со урми, мајка ми редовно ја прави. Не се сомневам дека е превкусна и твојата верзија без урма.
Ана заљубена сум во баклавата. И кој и да ја проба се заљубува. Ми даваат мастраф за да им ја правам само. Јас таа количина на состојки ја ставам на пола кг кори. И глазура си додадов. Ама стварно многу убава баклава. Еве прилика да ти се заблагодарам на рецептот.
Јулче нели е многу зејтин и маргарин ова? И јас сум во план да ја правам се испозаљубив само од сликата. Браво алал.