Божиќни јадења... Кои јадења се Божиќни? Сите што изобилуваат со калории Куп печено месо, најголемото тенџере преполно сарма со сланина, најслатките домашни пити, торта со многу крем, баклава со многу шербет Божиќни јадења се сите што со задоволство секој од нас би ги „смачкал“ заборавајки на зборот диета Баклава со ореви и урми Spoiler: рецепт Баклава со ореви и урми 700 гр тенки кори 400 гр сецкани ореви 400 гр сецкани урми 6 лажици шеќер 6 лажици гриз 1 лажичка цимет 1 коцка маргарин / путер Шербет 1200 гр шеќер 1000 мл вода 2 кесички ванилин шекер 1 лимон Подготовка Сецканите ореви се мешаат со шеќерот, гризот и циметот. Маргаринот / путерот се растопува на тивок оган. Се зема една кора, се попрскува со една лажица растопен маргарин / путер, се превиткува на пола, па повторно на пола. На подолгиот крај се става од смесата со ореви, се додаваат сецкани урми и се завиткува како стапче. Свитканите кори се редат во намастена тава збиени една до друга. Секое „стапче“ се сече на три дела. Баклавата се пече на 200 степени 10-15 минути, а потоа уште 10-15 минути на 150 степени. Врз испечената баклава се редат тенки кругчиња лимон и топла се прелева со оладен шербет. За шербетот се варат шеќерот и водата, врие 5-6 минути, се додава ванилин шеќер, а кога ке се олади и сок од пола лимон. Spoiler: ***
Без навреда за тие што постираа досега има убави рецепти ама на темава и фали конкуренција, едвај чекам да завршат прсазбичните јадења да имаме конкретна тема за готвење. За сега @danichap ми е фаворит, треба мајсторија за да спремаш дивеч, а исто така ми се допаѓа и сервисот, многу елегантно изгледа
Не сум учествувала до сега, ама редовно гласам во темава. Мислам дека интересот опадна затоа што, реално, победува фотографија, а не рецепт. Нема секој убава камера или талент за сликање, или можеби време да ја мести и декорира храната за да учествува. И затоа членките си објавуваат во ФИ, а не тука, иако храната одговара на темата. Извинете што сум офтопик. Инаку, @danichap многу би сакала да к'снам од мевцето. Прекрасно изгледа, како и целата маса.
@Avery не се согласувам дека само рецептот е важен, важно е и сервирањето, и "декорацијата", а пристојна фотографија може и со најобичен телефон да се направи. Според мене готвењето е креативна работа и така треба да и се пристапува посебно во вакви "натпревари". Па и не дека секој учествува за да победи.
Мислам дека до сега темава беше нај промашена Убави рецепти иако беа многу малку,зачував рецепт од @JuLleE а гласав за @danichap
Зар е време за анкета? Многу малку рецепти... Девојки, слабо готвите во последно време Инаку, сите... сите четири , рецепти се ТОП... И мојот, разбира се Следниот пат кога ке правам баклава ке биде по рецептот на @JuLleE а куглоф ке направам по рецептот на @fallenangel Гласано за @danichap, најмногу за прекрасната хармонија на домот што дури и од фотографојата зрачи Дивеч не јадам, рецептот не оди во папка „направи“
Темава требаше да се спои со она за НГ. А и во ФИ имаше ептен слики, а овде само 4. Јас гласав за @danichap, обожавам дивеч. Прекрасни фотографии и верувам вкусно е и јадењето.
Јас мислам дека немаше голем интерес затоа што поголемиот дел од луѓето или не беа дома за празниците, или се јаде на трпеза со многу луѓе, па не можеш баш секогаш да сликаш. Малце непријатно е ако имаш гости, а ти - Чекај, чекај, да сликнам. А и општо за празнициве немаше многу движење на форумот... се случува. Гласано за @danichap
Гласате за мртва Бамби???? Whyyyyy Гласајте за @JuLleE, гласајте за правата на животните. Но хард филингс, немам ништо против @danichap.
^ Син ми Бамби нема да ја јаде. Тој за Бадник рибата не ја јадеше . Да виде оти Бамби ја јадат ќе почне со плачки. Ама мама јаде дивеч. И рибата и прасето се животни .
Сите се убави. Ама гласав за @danichap бидејќи ми е најуникатна Јас нема да ве дружам некое време изгледа на темава, не дека премногу ве дружев ама сепак
Јас за @JuLleE си гласав Изгледа во последно време повеќе по благите работи лиги ми течат, исто и за минатата тема - цела трпеза мењам за тортана на @1209, како и за чоколадиранава баклава на Јуле сега
Паметно дете е синчето, ич дa не го тераш да јади И мравките за мене се животни, затоa ни дори, ни бамби, ни гица прасица ни ништо не јадам. @JuLleE
Лелеее, и јас не гласав за дивечот само затоа што не би можела да јадам срна, во грло ќе ми застане. Немам таков проблем со друг дивеч За @fallenangel овојпат.
Анкетава е затворена, претпоставувам може да се предложи нова тема. Наредна тема нека биде ДАСКА. Топла, ладна, со поховани или пржени ситнурии, сувомеснати или млечни производи, макала, сосеви, багет... Простор да се искористи и креативноста покрај вештината. Примери: Spoiler Се надевам дека ќе ви се допадне темата и дека не сте претапанети од изобилството на храна во текот на празниците па ќе има поголема активност.