Многу интересна и креативна тема, со настинато дете тешко дека ќе имам време да спремам даска за мезење а и гости не примаме во карантин сме. тој што ќе се најави може да добие само даска по глава се шалам Едвај чекам да видам што ќе спремите на оваа тема
@danichap, супер тема. Имам нешто во архива, едноставно ама колку да учествувам. Даска за винце Говедски пршут, разни видови сирења (овчо и мешано кашкавалче, горгонзола, брие има овде). Суво овошје и намаз од АБЦ + лукче и копар. Се служи со крекери, вино и добра музика. Spoiler: БиМилк Да ја искористам шансата да ги пофалам кашкавалите на БиМилк, предобри се! Овие два
Пред некој ден ја објавив во ФИ, ако не смее, дисквалификација Малку мезе од лиснати кифлички, врат, кашкавал, зденки, чајна, краставички и секако црвено винце . Во друштво на сестра
Пилешка даска: Многу сакам пилешки крилца и во кафичот каде што работеше дечко ми правеа многу добри, па бараајќи рецепити по нет го најдов совршениот. Пилешки крилца: -Пакетче пилешки крилца и копани -Соја сос, ворчестер сос (по околу еден филџан) -2 лажици мед, 2 сенф -Кари, црн пипер, сол Подготовка: Се мешаат сите состојки и се оставаат крилцата во нив да се маринираат неколку часа, па потоа се пржат во врел длабок зејтин. Пилешки прсти: -Пилешки стек исечен на ленти -Кари, вегета, сол, црн пипер, сусам. -Пченкарно брашно -јајца -презла -Сосот од крилцата. Исто го маринирав стекот во сосот, потоа го премачкав со сенф, се похова во јајца, брашно и презла,се увалува во зачините па во сусам и се пржи. Пирошки: -Готови кори за палачинки(ако не ве мрзи да правите може и домашни) -кашкавал, кисели краставички, моцарела -Јајца, брашно, презла Се мешаат кашкавалот и киселите краставички, рендани и двете, само краставичките се цедат на крпа за да бидат суви. Моцарелата се сече на ленти, се филуваат палачинките со состојките и со по една лента моцарела, се затвораат и се увалваат во брашно, јајце, презла и се пржат. Јас ги сечев на пола потоа оти ми беа големи. Сос: Овој сос многу го сакам оти оди со се, свеж е и не ми штети кога го мешам со разен алкохол што е случај со други сосеви. Со патос е одличен. -Павлака -мајонез и сенф -мајонез од краставица -тартар сос Количината колку мислите дека е доволно, јас обично по едно пакетче мало од се користам. -краставица -лимонов сок, сол, малку кари, коријандер, лук во прав и магданос(или свеж коријандер одлично би било) Се мешаат сите состојки, се ренда во нив краставица и се сечка магданос на ситно. Сенф се става скроз малку, значи колку врв од прст Кари исто на врв од лажичка, другите зачини по желба. Лимонов сок се става за да даде малку киселост, ама да не се претерува. Јас го оставам да стои во фрижидер неколку часа подобар ми е така отколку одма да го служам. И така одлична беше даската за пригодата, се се изеде. Ем за мезе, ем за најадување ако некој е гладен. Инаку од архива е, многу одамна ја имам ставано во темава ФИ, ама сигурно има повеќе месеци.
Се мислев дали да пишам... Да немав ставено слика одма ќе пишев, вака испаѓа ко да нејќам конкуренција на кашкавалите. Ама женски, правило е да не се повторуваат слики од ФИ. Мора да биде нова. Мене не ми пречи, ама во претходните теми не се зедоа предвид такви слики во гласањето. Па не би било фер кон нив. Ако не, да се договориме дека не важи тоа правило и да тераме понатака, па да биде фер.
Гледам никој слики не става па јас наредив даската Пишиите се правени без рецепт, односно од око брашно и вода/масло. Сирењето пред пржење го валкав во јајце па брашно и сусам. Сувите патлиџани ги пржев на истиот начин во јајцето, брашното и сусамот. Плус шери домати, пиперчиња полнети со павлака, маслинки во масло и лукче, зеленото е еден освежителен зеленчук за грицкање и намаз со маслинки и малку чили вкус. Кашкавалот е од пастеризирано млеко, манчего.
Солени крофнички на даска Крофните се правени со апаратчето и излегуваат премногу. Јас ги правев за слава, па ако правите за дома ќе завршите работа и со пола доза. -4 јајца -7големи лажици шеќер -2големи лажици сол -350мл јогурт -170мл масло -2 пакувања пециво(20гр) -35 големи лажици брашно -зачин по желба- јас ставив голема лажица оригано - сецкана шунка и кашкавал, можете и со дробено сирење -кечап ставив од око Прво се матат убаво јајцата и шеќерот, потоа се додава маслото, јогуртот и кечапот повторно се матат . На крај се додават останатите состојки. Смесата е погуста од онаа за палачинки. Навистина немав идеја за даска, а да не биде похована. Па еден за мене нов рецепт.
Ova e od minatata nedela. Daska so prsti pileski, pohovani zdenki, pohovani soleni palacinki, furnarini i sos kopar, pavlaka i maslinovo. Se se izede Ke redaktiram slikata se prikaci mala
Ај што одпадна она со пбедниот и насловната,стајте ја барем темата на почеток со ознака Важна,не за друго,да биде повпечатлива. Наместо и новата тема да ја ставите на насловна вие тотално незаинтересиеани. Извини @RainBow, мора некој да се тагне а кој ако не тебе.
Daskava ima mnogu slaba aktivnost. Ajde menuvajte, vreme e. Dajte nesto kade poveke ke ucestvuvaat. Ovaa tema bese epten ako gosti ti dojdat. Pa i ako dojdat sigurno nema da se utepuvam od rabota.
Па нема насловна и не ни се готви веќе. Салатата што ја правев за Божиќ, во Фемина инстаграм ја ставив, даски не правам... така да чекам некоја нова интересна тема.
Гласав за Ели. Декорацијата на Дафи и е убава ама поховано повеќе обожавам. Ти фалело некоја марула и лимонче Ели за декорација. Се надевам не е од ресторан сликана даската