Пица ролат 500 гр. готови кори 300 гр. специјал шунка (рендана) 250 гр. кашкавал рендан 200 гр. сечкани шампињони 100 гр кечап може и повеќе (јас 50 гр. ставив пошто немав затоа малце ко посуво изгледа) Оригано 1-2 лажици 1-2 жолчки со 1 лажица зејтин Се зема една кора се мачка со кечап многу малце , се става и друга кора исто малце кечап. Се става трета кора се става од шунката, четвртата кора се става кашкавал, петата шампињони, шестата се става кечап и оригано. После на секоја кора се повторува 7- ма шунка 8- макашкавал 9- ма шампињони 10- та кечап и оригано Се така додека да се потрошат сите кори. Потоа се витка стегнато во ролат и се премачкува со жолчка и зејтин. Се пече на 250 ° во подмачкан плех со зејтин додека одозгора добие убава крцкава кора и потоа на 100-150 се пече 1 час. Пријатен апетит
Се мислев меѓу Living i Winterlady ама гласав за пица ролатот го изедов со поглед, многу ми се виде сочен
За Дориндето, се знае @LivingGlam Нешто њу, фантазија, не се дадов да потклекнам на пици и буреци, тоа во другите теми , туку малку и на креативноста и новитетите да се одадеме
Јас за @Annath баш затоа што ми е пробано Уште кога ја видов нејзината слика ми дојде вкусот на триаголниците што обично ги прави татко ми. Превкусни се, со јогурт или павлака ми се меѓу омилените комбинации за доручек
Каде ќе пробуваш ти такви работички? Јаве или на сон? И јас тим @LivingGlam. Здравје, ќе дојде ден, ќе си го направам и со лажица има да го сркам, директ од тавче. Ете така, да се знае.
Сите ми се допаднаа Оваа рецептава на @LivingGlam е доста позната кај нас дома Ама јас кога станува збир за готови кори, сакам нешто со пица полнење или со сирење, урда, нешто соленко Затоа гласав за @Winter Lady