Р'жано хроно лепче Рецепт 15големи лажици р'жано брашно 3лажици маслиново масло 1 лажица хималајска сол 2 лажици сончоглед и семки од тиква 2 лажици сусам 2 лажици лен 1пециво отприлика 1чаша од 200-250мл млака вода(зависно колку ви треба за да го замесите лепчето) Се ставаат сите овие состојки и се замесува помеко тесто и се остава да отстои некаде 15минути. Потоа се прави форма и се наросува со семки какви што имате(јас ставив сончоглед,семки од тиква и малце сусам и лен. Потоа се пече отскриено на 200степени половина час,па се остава уште половина час покриено со фолија,и на крај едно 10тина минути без фолија. Пријатен апетит Пресек нема не барајте Во текот на сечењето лепчето не преживеа Spoiler Кога избрзав да го сликам врело така е Не е за пред народ @eli25 пиши рецепт за лепчето Честитки @LivingGlam
Како сакаш да се сече убаво кога ти е тенок 1,5 цм мене многу јак ми делува на фб на хроно групата гледам некои имат меки лепчиња барај таму рецепт Фала ти Вал Дим јас не сум месела до сега со вакво брашно.
Со пециво и е, колкав да порасне? Ана-Гоки, не знам на вкус каков е. ама, одозгора би му ставила и би го испекла соси домати и маслинки и лукче и оригано.... ко фокача. Ама р'жена. Сув квасец можда по ок би бил. Шо знам. Темава ме потсети дека сакам да најдам соодветно црно - ќумур брашно и рецепт за оние дојчлански црни лепчиња ко правоаголник, исечени на кришки што се продаваат. Превкусно ми е тоа лепче. Убава тема инаку. Само, не ми се готви и слика.
На вкус е многу убав,а го правам само со пециво,зошто нели хроно е,па не се препорачува квасец.Домати немав,маслинки прикрај ,лук слабо јадам,а оригано Ќе ја испробам и оваа твоја идеја кога ќе купам тоа што ми треба.Фала на предлогот
Моето лепче се печи, првпат правам вака цела ноќ да кисни, па или ќе го биди или нема, ама јас ке учествувам какво сака нека е
Spoiler Постапката е според видеото што го сподели @Babushka но јас направив измени во тоа што користев и интегрално и бело брашно пола пола.
Леб со ленено семе и семки од сончоглед 1сув квасец 1лажичка сол пола лажичка шеќер 150мл маслиново масло 300гр пченично брашно 200гр интегрално јачменово 100гр интегрално овесно 300гр бело брашно околу 150семки од лен и лупен сончоглед несолен млака вода Се раствара квасецот да нарасне,се мешаат сите брашна заедно се додава солта и шеќерот,зејтинот, квасецот и семките од лен и сончоглед ,млака вода по потреба да се замеси не многу тврдо тесто. Се остава на топло да нарасне 2 пати па се прават форми,овојпат во правев векнички и се остават да нараснат пред печење. Се пече околу 30минути на 200 па околу 20минути на 150. По печењето го ставам во крпа да се излади па дури после тоа се сече. Spoiler: пресек :D
Domasno lebce Nisto posebno Brasno,sol,kvasec i mlaka voda,se zamesuva i da narasne dva pati i pecejne Mm vika pisuvaj deka e lebce za gravce oti so gravce najubavo e
Р'жани домашни лепчиња 1 чајна чаша бело брашно( паскалин чаша-200 грама) 1 чајна чаша р'жово брашно 1 ч.ч. јогурт 1 јајце 1 мала лажичка сол 1 мала лажичка сода (По желба може да се стави и сирење, кашкавал, маслинки) Јас не ставив ништо. Се се меша со маталка/дрвена лажица/спартула додека не се направи хомогена смеса. Тестото е лепливо и не се меси. Со лажица се црпи и се става на мрсна хартија. Се пече на 200 степени 15-20 минути. Одгоре по желба се става сусам,лен,сончогледови семки и сл. Од дозата излегуваат 15-17 бројки. Со ајвар, сирење и маслинки е мх мхх. Иако не е класичен леб, сепак се лепчиња барем мене ми ја имаат таа улога. Доколку не спаѓаат во темата слободно бришете.
@Dgirlll браво за ентузијазмот, одма се фрли на работа Лепчето супер! Јас и ти вчера значи истото сме го правеле И моето е по рецептот од видеото и со мешано брашно. Не можам да одлучам дали белото или ова ми е повкусно, на белото корката му беше помека (полесно за јадење со протеза на забите хахааха) На кратко: - 300г интегрално пченично брашно - 200г бело брашно - 10г сол - 5г свеж квасец - 390мл млака вода - одозгора наросено со сусам и афион Постапката е сликовито објаснета во видеото. Spoiler: Цело
^Фала за рецептот наредната недела ќе пробам само со бело брашно, се надевам со белото брашно ќе имам поголеми шуплини, оти од интегралното стегнато стои тестото и не беа изразени многу.
@Dgirlll и @Babushka пре-крас-но! Ќе го пробам при прва прилика рецептчето! Лепчињата во такви тенџериња излегуваат крцкави и мирисни. А внатрешноста душа мека. Јас досега го правев обично - рецепт на еден квасец, зафатен со мед, околу кило брашно тип 500, лажица маслиново и лажичка сол. Да нарасне три пати (еднаш - размесуваш, втор пат - размесуваш, трет пат - пак размесуваш ), на крај размесуваш и го ставаш во железниот сад со капак без да чекаш да нарасне. Ставаш во ладна рерна, пушташ на 220 и оставаш час - час и 10 минути. Преубаво излегува, ама за жал не успеав да сликам подобро. Кромањонецов одма го нападна, јас ко герилец со телефонот. Еве го. Е сега, ако е поголемо тенџерето, ставате повеќе брашно за горниот дел да дојде до капакот, инаку нема да крцка тој дел. Ако е помало, тогаш помалку брашно. Моето е од прилика колку тоа од видеото, па прима околу 1100-1200 грама.
Еве и од мене едно лепче од архива. Го имам правено неколку пати, се прави лесно и брзо, без месење. Леб без месење 700 gr бело брашно 150 gr пченкарно брашно 1 квасец 1 лаж. сол 1 лаж. шеќер млака вода околу 600 ml Во сад се мешаат цврстите состојки, квасецот, па постепено се додава водата мешајќи со дрвена лажица. Се остава тестото да стаса околу 1 час. Тестото се става на многу набрашнета површина, се дели на два дела, двете лепчиња се валкаат во брашното, се виткаат (како при цедење алишта) па се ставаат во набрашнет плех и се печат.
Јас нареден пат во калап ќе пробам, постапката со превиткување и истовремено заробување на воздух е мислам тајната за шуплини. Растегнувањето мене ми одеше потешко дека имаше и интегрално прашно, тоа повеќе лепи.
Многу убави лепчиња, сите што не ми се правени ќе одат на проба. Јас овојпат имам лепчиња од мешавина на црно и бело брашно, подготвени за гости: Лепчиња од мешавина на црно и бело брашно Spoiler: Рецепт 1200 грама мешавина од црно и бело брашно 550-600 мл вода 2 лажички шеќер 2 лажички сол 2-3 лажици зејтин 1 сув квасец за 1 кг брашно Се мешаат сувите состојки. Се додава водата и зејтинот. Тестото се меси убаво, не треба да е ни многу меко, ни многу тврдо и треба да е еластично и нелепливо. Тестото се удира 50 пати од маса. Се мачка со малку зејтин и се остава да стаса, да се удвои. Без премесување се вадат топчиња (отприлика колку дланка), леко со дланките се прават топчиња и се редат во тава (мојата е бр.32). Тавата или ја мачкам со малку маргарин или ставам хартија за печење. Се чека повторно малку да нараснат. Се мачкаат со мешавина од вода и зејтин. Се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20-30 минути, т.е. додека се испечат (поруменат и од горе и од долу). По вадењето ги мачкаме повторно со мешавината од вода и зејтин. Ако сакаме да се покрцкави ги оставаме така, ако сакаме да се помеки ги покриваме со крпа.
Го ставив да се кисне, вечер го печам, утре, со Господ напред, со неизгорен леб и испечен како што треба, настапуваме премиерно во темава!
Хронерскиот леб Мене не ме бива за овие работи. Еднаш демек хроно лепчиња правев, тие излегоа ќумур црни. Заби комотно можеше да си искршиш со нив.