Јухуууу Фала на сите што гласаа за мене, посебен поздрав до моите верни гласачи Ги разгледував досегашните теми, и без идеја сум за наредна тема некој предлог да не имате?
Здрава храна, можеби? Ама да биде комплетен оброк, не салата или насецкано овошје... Такви идеи ми требаат, па го ставам предлогот на разгледување.
Тим хроно напаѓа! Ајде здрава храна, ајдееееее! Кога ќе ги ставам џимиринките од појадокот, кој не победи - еве те.
Предлогот е прифатен за идејата, и јас сум во некој таков филм, па добро би ми дошле идеите. @RainBow нека биде Здрава храна.
Или за нас безгрешните, Недела е Инаку, здрава храна? Здрава храна? Рили? Вај, вај бе пипл Може свинско со органски прелив од шампињони? Прити плис
Koga e planot da se zatvori temava? Da znam kolku dena imam na raspomaganje. Pak jas so mojte planovi, sto ke pravis nemoze bez plan.
Неодамна имав задача да изработам роденденска торта за личност која поради лекување од рак се храни со здрава, органска храна. После долго истражување го најдов рецептот именуван како 'карамел торта' на блогот ' ајде да јадеме'. Ја направив и украсив, за жал немам слика во пресек, изгледа исто како бајадерата и имав прилика да ја пробам и воодушевена сум од вкусот. Во мојот тефтер ја запишав како ВЕГАНСКА ТОРТА Состојки: Основа: 1/2 чаша + 2 големи лажици иситнети бадеми 2 големи лажици мелено конопово семе (или кокосови снегулки) 2 големи лажици мелено ленено семе 1,5 голема лажица какао 3/4 чаша кокосови снегулки Прстофат сол 8 меки урми 1,5 мала лажица екстракт од ванила 2 големи лажици агаве (или некој друг течен засладувач) 1 голема лажица (или повеќе по потреба) бадемово млеко (или некое друго растително млеко) Карамела слој: 1 чаша меки урми (околу 11 урми, претходно 15-ина минути откиснати во вода) 2 големи лажици путер од бадеми (или некој друг путер од јатки) 2 големи лажици кокосово масло 1/2 чаша бадемово млеко (или некое друго растително млеко) Прстофат сол Чоколаден слој: 1/2 чаша кокосово млеко 2/3 чаша какао 2 големи лажици путер од бадеми 2 големи лажици кокосово масло 2 големи лажици екстракт од ванила 1/4 чаша агаве (или друг течен засладувч) Се мешаат состојќите,се редат трите слоја еден врз друг и се лади во замрзнувач. Мојата е украсена со фондан кој е само за украс и не спаѓа во здрави намирници
Ова -здрава храна многу широк поим ми е Колку здрава? Пилешко пример запржено малку на маслиново масло со сусам и брокули варени со некој сос од павлака, јогурт, лимон и зачини? За другарка прашувам