Ништо посебно,колку за дружба од денешен ручек за мали. Зелка салата со роквица и брокула,маслиново масло,малку сол и лимон. Плескавици од тиквичка,морков,лук,се ова рендано. Споено со едно јајце,палента, сол,куркума,гумбир,црн пипер,семе од коприва и магданос. Со лажица црпаме од смесата оти е потечна и ставаме да се пржи во маслиново масло. За да биде потполно здраво,се печат на хартија во рерна.
Домашно пире со лосос. Варам компир и ги правам пире со малку вода, маслиново и вегета. Лососот го испеков со вегета и басилико. Сервирав со сушен магдонос и малку свеж лимон.
Сите се убави рецепти, посебно сликите, но немаат сите баш здрав рецепт. Некои имаат по некоја состојка или начин на спремање што е мала утка во здравата исхрана @toogood cod риба ти е бакалар.
Еве го мојот ручек иако не знам колку е здрав баш Шпагети со сос од авокадо (со младо кромидче, младо лукче, маслиново масло и лимон) и маслинки
Специјално направено и најспецијално издекорирано преспецијално за темава . Лажам. Најспонтано беше јадењево. Еднаш неделно го правам И да ви кажам превкусно беше. Фала девојки
Витaминa не декa и мoетo не е нaјубaвo, aмa oвoјпaт гo nailed it. Рибa зa мерaк, пa и бoите си ги пoгoдилa сВе тaмaн.
Бриџо мор ти ли си? После темата свекрви и снаи, во оваа тема најјаките битки ги водеше соС сите други, а сега фалиш, пустиш. Не знам стварно шта ти би, ПРЕизненаЏена сАм. Не си интересна веќе мајке ми, дај малку на каЛга да удриме, па досадно станува.