Неделната тема нека биде ТОРТЕЛИНИ СО СОС. Очекуваме многу рецепти и гурмани на темава со креативност и вкус. Моето домашно мени е најчесто Италјанско, па ете тоa на еден начин ме опишува како личност. И баш би сакала да гледам најразлични рецепти за сос со тортелините. Повелете.. Ова е моја фотографија, тортелини со тиква и сос со моцерела басилико и доматен сос. Плус идеи
Купечки тортелини плус сос по избор . Со оглед на обврските не верувам дека некој ќе завзема толкава обврска да сука и меси .
Тема тестенини имаше, исто така и посна трпеза. Се консултирав со реин. Дупли теми не се дозволени а со оглед на тоа дека поминаа многу теми се повеќе се ограничуваме и изборот се стеснува и ограничува нормално. Тортелините бар се лесна работа. За 5 минути се варат а сосот се "заматкува" за 10 тина минути.
@vitamina , можеби ќе беше подобро акцентот да е на разни видови сосови, без ограничување за видот на тестенините. Не секој сака тортелини или пак равиоли. Муабетот ми е, не е работата само да се сварат тортелините за слика, некој дома мора и да ги изеде. Ми се чини, ако беше темата "Сос за тестенини" ќе имаше простор за поголема разновидност. Мислам тема за нив немало до сега. Сепак, моменталната (не)активност на темава се должи и на постите и делумно на фактот што ни ја укинаа насловната првичната мотивација.
Ама штом ги обожаваш, баш е предизвик да ги направиш дома. Ај да не ги јадеш, па да не сакаш да правиш. Ја сфаќам @do-re-mi, ете и јас да направам нема кој да ги јаде. Ама тебе не сфаќам зошто ти е проблем. Предизвициве од темава баш треба да не’ мотивираат да пробаме нешто различно. Не можеме да очекуваме да ни чита мисли победникот и на сите да ни погоди тема, нешто што ни е извежбано. Си победи, значи има право да си постави тема каква што сака. Ак не ви чинит, чекајте наредна. Ај доста мрчење, давајте тортелините! #гладнакопес #затосумљута
Многу точно во врска со насловната. Сите имаме обврски и обрски не ќе некој седи да прави јадења за темава да се покаже што е сосема нормално. Да беше предизвикот насловна подруго е сепак.. Ќе се радуваме сите на насловна. Сепак сме поставени на некој сајт нели. Ама фемина како што за ништо не реагира и не се замара сигурно нема ни за ова. А има потенцијал за разно разни идеи нели. Сепак има членки на форумот што се трудат па и зошто да не бидат наградени. И ова е точно. Јас имав тортелини дома но ради икс обврски со малото не можев да скоцкам ништо за пред народ па ги изедовме од нога. Зборот ми е @RainBow ако сакаш слободно промени ја темата во сос за тестенини. Убава тема и вкусна. Ми се допаѓа.
Прво, полека мори Доринде @LivingGlam, ит а Сникерс Ќе ја затепаш Винтерка ако до вечер не ги расука Не пишувај кога си вака гладна Второ, честики Фани! @vitamina А за темата, мене ми се допаѓа, бидејќи е нешто поконкретно. Да беше сосеви за тестенини, не гледам разлика од темата за тестенини, пошто и таму фактички беше тоа, различни тестенини во различни сосеви, а вака барем конкретизирани се тестенините
Може од причина што 250 гр. тортелињи се 80 ден. Плус сосот и готвењето подобро во ресторан ќе ги јадам. Може па и кај мене сите дома не јадат од кај знаеш. Може и немам време да ги зготвам. Ете ти три причини напрај па викни
Утре сум слободна и ќе разбарам рецепт за да направам домашни. Без разлика дали се успешни или не ќе ставам слика. Само ако не гласате за мене.
Ако гледаме во тоа колку грама и колку пари коштаат тортелините не треба воопшто ниту тема да поставуваме ниту да готвиме. Оти кога погледнеме околу нас се е скапо и се кошта. Колку "отмени" теми имало на темава па никому ништо. Кој може да готви, готви кој не, не. Темава не е отворена за "леб и сол" туку за готвење .
Сликава, а и тортелините се правени пред 2 години, бев во филм "италијанска кујна" па често правев тортелини, лазања. Тортелини со сос од павлака, сланина или пршут Додека се варат тортелините, го правам сосот. Најпрво запржувам кромид, свежи печурки, па ја додавам сланината или пршутата. Потоа ставам неутрална павлака за готвење, се варат додека да згусти. Во сосот ставам зачини како вагета, оригано, сол, босилек, бел лук во прав. Сосот и сварените макарони ги мешам заедно. Додавам пармезан и кашкавал, а може и моцарела. Превкусно е. На сликава мислам дека сосот е со сланина. Не се сеќавам убаво.
Е така бре @JuLleE! Инаку и јас се смеев со прашут, уствари со сликата што си ја замислив за зборот - шут од праисторијата.
Ете ме натеравте да почнам Ми дојде мотивација и желба за Се надева за некој саат дека ќе простирам комлетна слика
Не е работата за грамови туку јас кажав може дека немам време да готвам а и дека ми е поисплатливо да ги јадам во ресторан. Набројав причини зошто Ливинг кажа дека не гледала причина за да НЕ се зготват. Секој си знае за себе.