Тиранија на темата секоја втора недела јас победник Се шегувам, фала на сите што гласаа за мене поручек од дома ќе разгледам кои теми поминале и ќе издумам нова.
Сосема заслужено, секој труд, секој ручек направен со задоволство. Нема што тука, правда си е правда дгрил. Честитки и чекаме нова тема
Дај нешто посно/пролетно. Или може некое ужинче, може некое појадоче... А и да предложам ново правило - да може да се повтори тема што не била пример, во последните 10. Затоа што реално, толку се и јадењата. Па и дома не јадеме секоја недела различни работи.
Кога си сите, тема неможеш да смислиш Супи, чорби... Или тема-телешко месо...па има широк спектар:од салати до чорби...до манџи...па печење.. Ај..да не се мешам...ама Г Л А Д Н А С У М !!!!
Еве од мене некој предлог ама да не се мрштите ако не ги јадете - боранија - грашок -блитва - блустер - рецепти со сусам - рецепти со шербет
@Doozy Да да, дефинитивно хроно тимот е на ред да изрази желба Пошто прејака беше конкуренцијата при здравата храна Али согласујем се да биде нешто пролетно, може пр.: Компир на мој начин, или Моето овошје и пр. тука може овошен тарт, овошна салата, коктел од овошје, секој како го преферира Или ете, коктели бе, еднаш нека биде темата Или може исто Необично јадење/десерт и да се постира нешто ептен уникатно и ново, што не е вообичаено да се јаде
Кога ќе ви снема идеи, може да одиме и со региони. Пример, еден предизвик од англиска кујна, па американска, индиска, руска, германска... Некои општи теми што ќе не’ натераат да прочепкаме по блогови и да направиме нешто необично. Ама сигурна сум дека @Dgirlll сама ќе смисли нешто супер сега, па ќе си ја чувам идејава за моја, после победа.
Да да, баш е посно и пролетно хроното. Нема поголем знак дека иде пролетта од џимиринки и прасеќо мевце! Шала на страна, може да се оди на нешто лајт. Ми требаат идеи за лајт ужинки и онака.
@Doozy Ами Руже па и ти, лајт се знае, димено лососче на кришка багетче со тартуф и т'нка чашка шампањско за доручек По лајт од тоа здравје Ор самтинг лајк дис
@Dgirlll Изигнoрирaј ги пoгoре и кaжи нештo сoсем пoрaзличнo. Кoгa ќе пoбедaт тoгaш некa си мислaт теми
Хаххахаха...јас пак ќе ти кажев прашај ја Пара..... Пара бери кииииселецццц... Не знам...старски ваљда...