Море ти кажи си тема,ние сме навикнати на избори и позиција и опозија да слават,па сеа тука за храна не ке се скараме
Oк тoгaш...let's play a game. Зaмисли декa си пoбедник нa oвaa темa, и дo утре нaјкaснo дo 11 чaсoт требa дa измислиш нoвa. Штo ќе ти пaдне нa пaмет?
@anel Честитки, јасна е победата, немора да се чека до 4 часот. Кажувај тема, вака неделно можеби ќе ни отвориш желба за готвење.
Благодарам девојки за гласовите. Да не ја должиме многу, еве ќе дадам тема да се искористи денов. Нека биде овој пат нешто зелено, мислев лиснат зеленчук од типот штавеј, блитва, спанаќ . Ако не ви се допаѓа давајте други идеи
Кажав што конкретно штавеј, блитва, спанаќ. Сите се слични и отприлика слични јадења се готват со нив, нема зошто да ги делам.
Честитки, Анел. Темата е знам и што сакам да видам, зготвено (што би лапнала одма) и што би зготвила. За зготвила..видеќемо дали.
Под нешто зелено влегува и зрнест зеленчук -грашок, влегува и боранија..... Лиснат (штавељ,блитва, спанаќ) е... по конкретно. Ајде луѓе,без цепидлачење. Тамам е.
@anel Па нешто зелено звучи поуникатно и креативно и ти па, одма лекција за придавки Темата ти е зеленчукот, а насловот на темата може да биде таков
@anel мисли и на хроно-чедата. Watch and learn, шеќеројадни себичњаци. Кога ќе се избацам со лосос со спанаќ, ќе видите вие.
Ама види, навистина презбунувачко е она „нешто зелено“. Немој некоја ќе се збуни, ќе усука баница или ќе нареди салата од: После за кај сме. Супер си е така како што е, конкретизирана.