@Doozy Абе еве уште чекаме да постирате од претходниот пат за здравата храна ..Шала на страна, лосос, спанаќ, едвај чекам @Mishela Абе ќе стави опис на темата и ти па
Дали мислиш дека секоја што ќе постира ќе се навраќа на страната каде што стои описот? Мммм...не. Биди сигурна. И леќата е зеленушкаста, брокула, зелена боранија, бамија...ама листест зеленчук е врв (ова што го постирав јас занемарете, секако беше зафрканција ). Ама мислам дека темата е фина, баш сега има марула во изобилие, може да се направи некој Цезар.
баш го помислив, замисли некој на "нешто зелено" направи магични колачиња Ами, направи сарма. Сликај го целото, јади го тоа внатре
Абе убааа тема и зеленото е убооо ама не има повеќето што не јадеме спанаќ и штавељ па викам замена нешто И така се натокмив расположено да готвам
Не се карајте,јас ќе победам Ќе ви зготвам пире од спанаќ и тој што не јаде спанаќ ќе го пројаде,јас сум жив пример Уште деновиве да го зготвам и да најдам апликации за улепшавање Па не е на одмет и мм да го ангажирам да исчисти 2-3 кила
Не ти треба апликација. Доволно е да сликаш на дневна светлина, на сонце покрај прозор. Екстра излага.
Имам слики од спанаќ со јајца од минатата недела ама ниту една убава не е Ако можам да ја нашминкам малку арно, ако не ќе се готви нешто ново.
Ќе помине? Тостиран леб намачкан со пасирано авокадо. Зачинето со коријандер, црн пипер и сол. Листови салата потопени во малку маслиново и лимон, сакам да разбивам вкус со киселост. Поширани јајца со ептен течна жолчка и врз нив неколку капки соја сос и сврж коријандер. Одличен доручек, порано правев со домат, ама со марула е подобро.
Салатиштеоснова спанаќ свеж,шери патлиџанчиња,грилувано стекче,печурки,и црвена бабура,ајдамер маслинки и семки
Пилешки стек со спанаќ и кашкавал За двајца *Два пилешки стекови *300 гр спанаќ *6-7 ленти кашкавал *зачини ( сол, бибер, кари, лукче, босилек.. Стекот го преполовувам скоро до краевите. Користам мариниран. Спанаќот го сецкам ситно и пропржувам на путер со зачините. Стекот го полнам со лист кашкавал, смеса од спанаќ и пак кашкавал. Го затварам со чачкалица и пропржувам кратко од двете страни и ставам да се пече 15тина минути под фолија. Ја отстранувам фолијата и го покривам месото со кашкавал и го оставам 5 мин. во исклучена рерна. Во комбинација со бело вино = одличен ручек/вечера!
Мрзлива пита со спанаќ 4 јајца, пола лажичка сол, 200 мл јогурт, 100 мл зејтин. Се мати се' заедно. Се додава 350 гр брашно помешано со 1 пециво. На крај 150 грама спанаќ. Се меша и се става во помала тава на хартија за печење. Се печи околу 20 минути, треба да добие боја кората како на сликата. ТоВа е оригиналниот рецепт, јас додав уште рендан кашкавал да не ме задавЕ толку суво, и наместо свеж спанаќ ставив замрзнат и сецкан, оти таков најдов.