Нормално дека најлесното ке дојде од мене. Спанаќ до ориз Пропржувам,лук,тиквичка и морков.Ситно сецкани. Го додавам исецканиот спанаќ. Пропржувам да омекне па додавам ориз. Пржам дур однема течноста. Ставам во тава за печење и во тенџере зовривам вода 4-1 према оризот. Попарувам и печам во загреана рерна. При крај ставам јајцата и исклучувам. Од зачини,дол,мешан зеленчук,црн бибер,куркума и гумбир. Нема мерки. Се од око.
Топчиња од спанаќ 200 грама замрзнат спанаќ, потоа исцеден и ситно сецкан, две јајца, две парчиња сув леб (ситно издробен), 50 г растопен путер, 50 г рендан пармезан, зачини по вкус. Се замесува густа смеса (ако не е доволно цврста да се направат топчиња, додадете уште малку леб). Се прават топчиња и се печат на плех со хартија на 200 степени, 10-15 минути (да се заруменат). По желба во смесата може да се додаде млад кромид. Се служат како предјадње со некој сос, а може да се додадат во салата или тестенини.
Зелени коцки или проја со спанаќ 1 филџан бело брашно 1-1,5 филџан пченкарно 1 филџан кис. Вода 1/2филџан зејтин 1 пециво 4 јајца Спанаќ (сецкан/блендан) 200-250гр Сирење 100-150гр Сол/вегата по вкус Тавче бр.32 Прво се матат течните состојки со миксер. Потоа се додаваат сувите со мешање со лажица. Спанаќот и ситењето се претходно насецкани. Се наросува со сусам и се пече на 220 степени додека не порумени.
Ај да не останам покусо -Паста сфоља со спанаќ- Спанаќот (од око) се става во вода да зоврие 3-5 мин. Се цеди и се става во тава со путер, се пропржува и му се додава рендан пармезан. Кај него се додаваат 2 јајца и 250гр. урда, се промешува се заедно и се истура врз пастата. Може да се направи и како затворена...
Пита со спанаќ и сирење Spoiler: Рецепт Од 4-5 млад кромид - перцата Околу 350гр спанаќ 4 јајца 250гр сирење рендано 200 мл јогурт 100 мл масло 500 гр брашно 1 пециво Перцата од младиот кромид ги пржиме, потоа го додаваме исецканиот спанаќ, пржиме додека омекне. Во сад ги ставаме сите состојки заедно и матиме со миксер, последно додаваме сирењето и перцата со спанаќот и мешаме со лажица. Смесата ја истураме во намрсена тепсија и печиме додека убаво порумени од горе. Лесна и брза а најважно превкусна
Не ,кисело млеко е. Може и со сос од павлака и мајонез, со малку сенф и копар да комбинираш.Вкусно е.
Жаби со спанаќ Spoiler: Рецепт https://moirecepti.mk/post/жаби-со-спанаќ Откако потпорасна синко спанаќот мора да го камуфлирам... Колку толку
Моево не е нешто посебно, ама во сезоната на спанаќот ни е хит дома, па решив да го ставам. Гравче со спанаќ, а наместо салата, жетварка... превкусно! Гравчето го варам со една главица кромид, неколку чешниња лук, морковче, ловоров лист... Кога е при крај со варењето настрана го пропржувам спанаќот, додавам една лажица црвен пипер, зачинувам и го истурам во тенџерето со гравот. Промешувам, а потоа истурам во сад за печење и го потпекувам малку во рерна. Најубаво иде во комбинација со жетварка.
Викторија, не знаеш кој ужас ми се створи во глава кога прочитав жаби. Ми олекна кога ги видов фотките Интересно