Ма требаше да си кажат сите кој за кого гласал па да видиме кој лаже Ама офф се отиде, метла ќе работи
Ако може и за мене 1 тегла ајвар, немам веќе , а и @monell Мон хани, не да идам, летам само да пробам од твоето ремек-демо
Најпрво да одржам говор Фала на сите што гласавте за мене. Ова ми е прва победа, се надевам нема да биде последна Размислував темата да биде нешто со Велигденскиот пост, знам дека има многу феминки што постат па да им дадеме шанса да се истакнат Нека биде темата посен десерт.
Бомбици ♡ на мој начин 200 гр посни бисквити 1 шољичка вода 1шољичка шеќер 1/4 маргарин кристал (може и помалку) малку сецкани ореви отприлика кокос 1лажица какао 1 лажичка нес Се зоврива водата со шеќерот,маргаринот,какаото. Се трга настрана,се додаваат бисквитите, кокосот, оревите и се меша се додека не се изедначи смесата.Се формираат бомбици,се валкаат во кокос и одозгора јас наросив какао.
Не се правени наменски, за темава, но се вклопуваат. Па еве, повеќе како поддршка. Посно не значи нискокалорично, нели? Протеински бонбони од 3 состојки 125 гр. пуканки од амарант 400 гр. чоколада со 70% какао 4 с.л кокосово масло Се топи чоколадата на пареа или на тивок оган. Се додава маслото од кокос и се промешува до добивање на хомогена смеса. Се трга од оган. Ги додаваме пуканките од амарант. Повторно се промешува до изедначување на смесата и ги полниме калапчињата. Оставаме во замрзнувач барем 2 часа. Толку. Enjoy. Spoiler Ако немате калапи или сакате поголеми форми, можете топлата смеса да ја истурите врз хартија за печење, да ја обликувате во правоаголник или квадрат и да засечете со нож (смесата е уште топла и не сечете до крај, доволно е само да се обележи линија, за потоа полесно да се сече). Лично, ги сакам во помали форми, затоа што побрзо се одмрзнуваат, буквално додека да си го сварите кафето. Одлични се како брза ужинка по тренинг. Да не должам за хранливите својства на амарантот, има на нет. Пуканките ги купувам. Ако сакате сами да пробате, еве линк: http://yumuniverse.com/how-to-pop-amaranth/ И уште нешто, ова е гоооолема доза. Обично правам на пола. Рецептот е базичен и може да се збогати со разни додатоци: чиа, мака, семе од коноп, мелени јаткасти плодови итн.
Многу едноставни и вкусни посни мафини.Рецептот ми е со cup ама ке преведам шоља(голема).Значи една ипол ш. Брашно(обично),пола ш. шеќер,2 мали л. Прашок за печиво,и малку сол.Ова се сувите состојки,кои прво се мешаат заедно,па иде малку масло и околу 150мл растително млеко(соино во мојот случај).На крај се додаваат околу 100гр боровинки,нежно се промешува се се полнат калапите за мафини,дозава е за точно 12.Јас употребив смрзнато овошје,па затоа се темни мафините.Се печат 25-30 мин на 200С,без вентилатор.Декорација по желба,а и не мора,мојава е веган крем од лешници,јаготче и кокос