Како се подобрувате машала, да му е срам на човек слика да стави а да не се потруди, малку фантазија да вклучи. Не сум фан на посно благо, ме асоцира на суво и горчливо, што знам дека не мора да значи ама ете, предрасуди Така да, среќно, и пазете кого лајкате #traumi
Бриџи не си во право. Има куп десерти што се многу вкусни исто и бомбици. Јас имам еден рецепт се прави од 3 состојки за 3 минути и е претерано вкусен. Ама фантазијата е битна бе декорацијата што ќе ми се бомбиците ако ја немам. И секако канонот
Значи у посното лежел зајакот, а? Нема ни цел ден откако е објавена новата тема, а конкуренција и за извоз Браво е мал збор за вас и вашите вештини!
Посни чоколадни бомбици со вишњи. Spoiler: Рецепт Состојки: - 300 гр. рендано чоколадо за готвење - 150 гр. мелени ореви - 2 лажици шеќер - 3-4 лажици рум - 3-4 лажици мед - чоколадни трошки - вишњи Подготовка: - Во сад се мешаат ренданото чоколадо, мелените ореви и шеќерот. Потоа се додаваат румот и медот и убаво се меша. Од смесата се прават топчиња, а внатре во средината на секое топче се става вишња. На крај се валкаат во чоколадните трошки. Преубави се и на вкус, а и на изглед
@IronLady, you had me at „вишни“. Не го ни читам рецептот, претпоставувам дека се врв. *си ги подзабришува лигите*
Пиварки Spoiler: Рецепт 2 чаши пиво, 1и пол чаша зејтин, 1 пециво, брашно по потреба. Се замесува, се формираат топчиња и се печат. Се потопуваат во шербет од 700гр шеќер и 500гр вода. Се валкаат во кокос.
ДОМАШНО ПАЛЕО ЧОКОЛАДО Рецепт: 1 шоља какао прав 1шоља кокосов путер 2-3 лажици мед ванила прстофат сол лешници ( или други јатки или суво овошје ) Путерот и медот се загреваат малку во микро , се додава ванила, сол и се соединува со какаото ( најдобро во блендер ). Смесата се истура во калапче, се наросуваат лешниците и се oстава два - три саати во фриз, па се сечат форми. Вкусот е очекувано извонреден, текстурата - се топи во уста! bon appétit
За прв пат во темава, еден посен рецепт од мене Посен чоколаден колач Spoiler: Рецепт 2 и пол шолји брашно 1 и пол шолја шеќер 2 лажички сода бикарбона 100гр сецкано црно чоколадо Прстофат сол Пола шолја какао во прав Кора од пола портокал Шолја сок од портокал Две лажици јаболков оцет Пола шолја зејтин Пола шолја вода **************************** Рерната се загрева на 170 степени. Се мешаат сувите состојки, а потоа се додаваат течните состојки. Смесата се соединува и се става во намрсено и набрашнето тавче. Се пече околу половина час.
Ајде да гласамеее Можете да гласате за 2 членови! @t-sweet @do-re-mi @dunika @IronLady @An-na @♡BuBaLe♡ @Avery @JuLleE
Бомбиците излегоа здрави и посни, а неочекувано вкусни. Јас бев инспирирана од рецепт за салама слатка, ама ставив што имав дома. Значи, 200 грама мелени лешници, 1 голема лажица мед и место јајце додадов и малку бадемово млеко колку да се оформи смесата. Се прават топчиња и се стават во растопено црно чоколадо. Брзи, здрави и многу вкусни. Сликата е лоша знам, ама едвај чекав да завршам па да јадам.