Под мус спаѓа пудинг обичен?Шала на страна само тоа знам од благо да правам, темава ми даде мотивација да смутам нешто утре.
@Serafima чекам да се пријавиш на оваа тема со твоите прекрасни чоколадни мусови Па не е обичен пудинг. ^^ Spoiler: предлог: рецепт
Овде уствари сите ќе направиме нешто слично, а ќе победи најдобриот фотограф. Нема врска, ќе си се облажиме, а? Уште од сега лиги ми течат за сликите што ќе ги поставите.
Цел ден никој мус не направи ?! Јас ќе го постирам мојот мус т.е она што ние дома го викаме мус. Па ако сакате пак дисфалификувајте ми ја сликата.. значи во блендер банана, јаболко, јагоди, аронија ( може било што од овошје) урми, јаткасти плодови и еден ред некое чоколадо повеќе на какао и толку
Чоколаден мус од чоколадо за готвење , јајце, шеќер и шлаг. Последниот ред е кршени чоколадни стапчиња, па од смесава, па еден ред кокос. Тегличката е од кокосов путер и камерата ужааааас. То је то.
Јaс oдделив четири белки oд жoлчките. Белките ги измaтив сo миксер дoдекa не стaнaa шлaг, a вo жoлчките дoдaдoв 100 грaмa претхoднo стoпенo чoкoлaдo зa гoтвење. Кoгa ги измaтив жoлчките сo чoкoлaдoтo ги дoдaдoв вo шлaгoт oд белки и мешaв дoдекa се тoa не се сoедини. Мене мaлку реткo ми испaднa, не знaм дaли не сум измешaл дoбрo или сум требaл дa гo oстaвaм вo фрижидер, aмa пaк беше вкуснo.
И мене течно како на @Ketchup ми излезе, али па и вие од кај ќе знаете мус ли е, пудинг ли е, еурокрем ли растопен сум ставила во чаша Излезе нешто, важно чоколадно е, и ако постои во фрижидер најверојатно повеќе ќе стегне, само кој да чека. Инаку внатре во чашата има киви, и требаше да излезе нешто како ред киви, ред мус, ред шлаг...но излезе ова.
@Eli23 јас го правам по овој рецепт на Лаура Витале.Најубаво објаснува додека го прави чекор по чекор.
Бриџит да се дисквалификува,нема рецепт. А јас нема да учествувам но да се ставам на гласање оти ги запазувам правилата.
Рецепт; 170г чоколадо 80г млеко 1 жолчка 4 белки 80г шеќер Чоколадото и млекото се топат заедно на пареа.Откако ќе се стопат се остава да се олади и се меша заедно со жолката. Потоа се мешаат белките и се додава шеќерот. Оваа смеса после ја мешате со чоколадото ја ставате во чаша, ја ставате чашата во фрижидер и готов е чоколадниот мус.
Се моли колешката @Bridget да ја повлечи фотографијата или повторно влегуваме во „дуел“ . Види, види колешке што убаво стои новиов ник и после пак речи нешто „арно“ за мене . Кажувај сега, ти се допаѓа или секој посебно ? Рецепт: Чоколаден мус со вкус на портокал 200 гр. црно чоколадо, 100 гр. бело чоколадо, 150 мл млеко, 50 гр. путер, 2 жолчки, рендана кора од еден портокал, чоколадни топчиња, шлаг за декорација, црно и бело чоколадо. Чоколадото, млекото, путерот се ставаат да се стопат, па потоа му се додаваат жолчките за да се варат во топлата смеса околу 5 минути. На крај му се додава кората од портокал. Во чаша се ставаат дел од чоко топчињата, па од чоколадниот мус и повторно чоко топчиња. Декорација со шлаг и рендано црно и бело чоколадо. Во овој случај... Ја оставив смесата малку да излади и кога се олади и ставив 2-3 лаж. од избиениот шлаг па затоа ако можете да видите на сликата има некоја бела трага. Сакав малку да го направам полесен мусот. Да не ми забележите дека нема шеќер... не е потребно воопшто. Пробајте ја смесата, па ќе видите дека е доволно благо .
Реин сега нека ве стави под едно име сега затоа што нема да знаеме за кого да гласаме. @Serafima одлично изгледа, а верувам дека е и вкусно.
Види ја ти @Serafima , знаела и луда да биде понекогаш Сакав да те прашам да ми ги кажеш тајниве околу сликањето, ама очигледно не е само во тоа. Желба за готвење, трпение да секоја ситница си дојде на место, талент, око за естетика. Кај мене сега за сега само желба има И нестрпливост што побрзо да сликнам. Ама ќе се трудам за повеќе, мерак ми е, а таман и живци ќе тренирам.
Со мусовите на Серафима и Бриџит мојов нема никакви шанси да се споредува а не пак да се натпреварува но, не тоа е важното. Благодарение на идеата на @Salome за правење чоколаден мус оваа недела и на чоколадните мусови на @Serafima i @Bridget ме инспириравте (читај натеравте) да во 23ч. направам мус. Му требаше уште малку време да постои во фриждер за да се стегне подобро но кој да чека уште. Одгоре ставив шеќер во прав и се заебав зашто не доаѓа до израз тоа другото бело што е бело чоколадо. Ставив и кикирики во мед и сусам како декорација, друго немав со што да декорирам, мада декорацијата ми беше најмалку битна. Го правев според овој рецепт http://bebeboom.mk/chokoladen-mus/ Па, повелете
Па прво овде ја објавив сликата па после тоа во фемина инстаграм. Јас знам дека не може доколку е обратно прво на ФИ па после овде или грешам?! Не сум мн запознаена со правилата, ако не може прво овде па после тоа на фи тогаш избиришете ги постовите не е проблем и онака не ја поставив сликата за да се натпреварувам, се знае чиј мус ќе победи