1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ne baram da dobiam poen. Samo se posaliv, ama gledam deka smisol za sala se nema.
    Mnogu ste seriozni. Igraj te si sami.:D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.586
    Пол:
    Женски
    Обликот на твоите кифли најмногу ми се допага...браво за тебе(y):)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Znaev deka na nekoj ke mu se dopadne.
    Mi rece mm "od ova moze i biznis da izleze"
    Konacno Jas bogata.

    I da ti kazam, vakva forma nemoze sekoj da napravi, po toa sum Jas unikatna.
    Jas bi sakala da ja prenesam ovaa vestina na mladi generacii,ama problemot e ni sama ne ja razbiram mojata smisla za umetnost, a kamo li da ja prenesam. :lol:
     
    На vitamina, crimson, PUPICA и 2 други им се допаѓа ова.
  4. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Ете ги и моите кифлички за празников.
    image.jpg

    Рецепт:
    1 кг брашно, 1 јајце, 1 квасец, млеко, вода, лажиче сол, лажиче шеќер, малку зејтин.
    Млекото да е млако, за мерки точно незнам јас секогаш се од око си клавам, колку што може да прими тестото. (fingers)
    Едните се со сиренце другите со нутела и шеќер од горе попрскани.
     
    На kjukli, Giovanna, Victorian и 39 други им се допаѓа ова.
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.951
    Допаѓања:
    14.009
    Пол:
    Женски
    20170413_200930.jpg
    Ете и од мене кифлички ☺

    Состојки :1 кг. брашно 2 јајца 150 мл. зејтин 4 лажици шеќер 2 лажици сол 1 свеж квасец 1/2 л. млеко 250 гр. маргарин За премачкување на кифличките 1 јајце.
    Загрејте го малку млекото и ставете го квасецот со малку шеќер и брашно да надојде. Во еден длабок сад, просејте го брашното и додадете ги јајцата, зејтинот, шеќерот, солта и надојдениот квасец со млекото. Замесете убаво мазно и меко тесто кое нема да се лепи за рацете. Ставете го во садот, покријте го со една крпа и оставете го на топло место убаво да нарасти. На намастена површина извадете го тестото од садот и поделете го на 4 еднакви делови. Од секој дел посебно расукајте една округла кора. Кората намачкајте ја убаво со маргарин. Сечете со нож (или најдобро со нож за пица) на 12 или 16 делови. Секој дел виткајте го во кифличка и ставајте ги во подмачкан прех. Оставете ги така во плехот повторно убаво да нараснат. Во меѓувреме уклучете ја рерната на 180°Ц да се загрее. Нараснатите кифлички намачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. На секоја од нив ставете по едно мало парче маргарин.
    Се печат околу 25 мин.
     
    На Giovanna, Victorian, sjdgo и 42 други им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Рецепт
    1200 брaшнo
    3 јaјцa
    1/2 литaр млекo
    1 квaсец
    1 лaжичкa шеќер
    3 лaжички сoл
    100 мл. мaслo зa јaдење

    Квaсецoт гo рaзмешувaм вo млекoтo, не чекaм дa стaсa. Врз брaшнoтo ги стaвaм сите сoстoјки, пoлевaм сo млекoтo и месaм.
    Oдкaкo ќе стaсa кинaм тoпчињa, рaсукувaм, oд еднaтa стрaнa стaвaм сирење, oд другaтa зaсекувaм сo нoжoт и мoтaм.
    Кoгa плехoт е нaреден гo стaвaм вo релнa нa 50 степени дa нaрaснaт, пa мaчкaм сo јaјце и сусaм. Oдoзгoрa стaвaм пaрче мaргaрин.
    Се печaт 20 мин нa 220 степени.
    image-0-02-05-2f1d3dbf4abf62216238f46bd7a2f8b49050ce05d02e923bad095d2c9d025fd9-V.jpg
    image-0-02-05-91229dc2f45016612f789eb48e958cf49791fb2925333eac4ef7b523ae7042d2-V.jpg
    Севте ми е вo темaвa, пa глaсaјте зa мене :bow:
     
    На kjukli, Giovanna, Victorian и 54 други им се допаѓа ова.
  7. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    20170415_115536.jpg

    500 гр. брашно
    1 квасец
    1 јајце
    200 мл. јогурт
    100 мл. масло
    сол
    Фил: спанаќ и изварка

    Се става квасецот со 1 лајче шеќер и 1 лајче брашно да надојди. Се меси тестото и се дели на 2 дела. Се расукуваат корите, се премачкуваат со маргарин и се диплат. Се оставаат да одморат во фрижидер 20 минути. Се расукува правоаголна кора, се мачка филот и се витка ролат од кој по желба се сечат или како триаголници или обично правоаголни кифли.
     
    На kjukli, Victorian, sjdgo и 50 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Кифлички со путер, лук и кашкавал
    (плус екстра фил:шунка,павлака,зденка)

    20170416-0007.jpeg

    20170416-0031.jpeg 20170416-0032.jpeg 20170416-0035.jpeg

    Рецепт:
    1кг брашно плус за премесување (по потреба)
    1 пециво
    1.5- 2 мали лажички сол - измештајте ги состојките.
    Додадете 1 свеж квасец рaстопен во млако кон топло 150 ml. млеко, малку шеќер и малку брашно - нема потреба да чекате да се крене.
    Во смесата додадете и 1 јајце
    100-150 гр павлака или јогурт
    Масло за јадење и млака кон топла вода по потреба (сами ќе осетите кога ќе ги мешате состојките).
    Замесете меко тесто, покријте го и оставете го да кисне повеќе од половина час. Јас се направив дека го заборавив, оти се фатив со други работи па, речиси еден час киснеше. Ок беше. :D Тестово не расте многу ко оние стандардните теста кои ги правам за кифлички или леб или било што. Но, расте во печење и кифлите ќе ви бидат меки и ќе имаат убав вкус. Отакако ќе искисне, поделете го на четири топчиња, од секое расукајте кора и секоја кора пресечете ја - дијагонално 4 пати, за да добиете стандардно триаголници.

    За фил:
    Растопив путер на тивко со истолчени неколку чешниња - мали лук, исечкани перца од млад лук и кромид (ради зеленишот). Секое тријаголниче го намачкав со ова, дел ги поросив со кашкавал долж целото тријаголниче, не само на широкиот дел. Дел ги премачкав со смеса од остатокот што ми остана од павлаката (оти имав 200гр пластично павлака), измешана со зденка и шунка. Свиткајте ги во ролнички, премачкајте ги со путерот и лукот, одозгора им изрендав кашкавал и малку сиренце на некои, други ги брцнав во млеко (ко гевреци) па ги валкав во сусам.
     
    На kjukli, Giovanna, Victorian и 50 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    172.629
    Пол:
    Женски
    Да не бидам покуса :)
    [​IMG]

    1кг брашно
    1 квасец
    1 лаж. сол
    1 лаж.шеќер
    пола филџан масло
    Вода по потреба

    Сусам, маргарин и јајце за премачкување

    Во мал сад се става квасецот, млака вода, 2 лаж,брашно и шеќерот. Во сад настрана се става брашното, 1лажица сол и маслото. Откако ќе стаса квасецот се префрла во смесата, се додава вода по потреба и се замесува. Се остава да стаса.. се прават кифлите, се премачкуваат со матено јајце и сусам, се става коцкичка мала маргарин, се оставаат (по желба) уште 10тина мин да стасаат и се печат...

    Може да бидат и во посна варијанта со тоа што јајцето за премачкување се исфрла од рецептот.
     
    На kjukli, Giovanna, Victorian и 33 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.946
    Допаѓања:
    219.133
    Пол:
    Женски
    Јас многу сакам кифлички и сите ми се фаворит. Но овој пат ќе ја одвојам @sanjaeva и утре ќе го направам нејзиниот рецепт.
    Префкусно и преубаво изгледаат сање.
     
    На JuLleE, Dust и sanjaeva им се допаѓа ова.
  11. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Драги готвачи
    Со цел да биде попрегледно гласањето, со @Dust направивме нова тема каде што ке стоjaт Вашите слики и рецепти.
    Од сега па натаму овде ке постирате слики и рецепти, во другата тема ке се гласа. Во таа тема се забранети оф-топици, ке бидат избришани. Темата служи исклучиво за гласањето.
    Доколку имате забелешки, секако може овде да ги напишете.
    https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Гласање-Кифлички.27360/
     
    На Doozy, Lady Phoenix, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  12. GoldenRose.

    GoldenRose. Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2016
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    АЈде нешто и од мене :)

    [​IMG]

    Рецепт
    -1 кг брашно
    -1 квасец
    -2 јајца
    -2 филџани масло
    -1 филџан јогурт
    -пола лажиче шеќер
    -пола лажиче сол
    -млеко
    Квасецот се раствора настрана во малку млако млеко. Во другиот сад се става брашното , се додава пола лажиче шеќер, пола лажииче сол , се додаваат зејтинот, јогуртот и јајцата .Сето тоа се размесува и постепено се додава млеко додека да се добие глатко тесто. Тестото се остава да нарасне.
    После тоа постапката е веќе позната , се формираат кифличките, се премачкуваат со изматено јајце и сусам, им се става малку маргарин и се печат . Јас ги печев на температура од 200 степени.
     
    На kjukli, Giovanna, Victorian и 23 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Кaмпaњa ќе се вoди нa oвaa темa?

    Се шaлaм :)
    Мнoгу убaвo ќе биде тaкa кaкo штo сте зaмислиле. Утре нa кoј и дa му требa некoј рецепт ќе мoже леснo дa нaјде.
    Акo не ве мрзи и нaнaзaд рецептите и сликите дa ги средите би билo супер.
     
    На galapce, Doozy, kukla21 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    @sanjaeva идеjата е супер, ке видиме со Даст што може да се направи со претходните теми. Предлогот ке биде разгледан и ставен како точка на дневен ред.:rofl:
    Кaмпaњaта може да почне. :D
     
    На Doozy, zhap4e, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Срaм не срaм глaсaв :rofl:
    Акo мoите кифли ги имa нa нaслoвнa и бaбa ми ќе си купи кoмпјутер зa дa ме пoкaжувa нa кoмшиките :D:party:
     
    На fallenangel, JuLleE, Barbie20 и 11 други им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Mene moze da me izvadite od listata zosto ne nastapiv so sopstvena recepta.
    Poentata mi bese da pokazam kako se potrudiv da napravam nesto sto druga clenka napravila. :clap:
     
    На Espadrila и Mari* им се допаѓа ова.
  17. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    слабоста моја : Кифлиња ахахаа
    давајте адреси ајде да ви дојдам на гости :D
     
    На jasbi, Val-Dim и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    61.276
    Модераторки @Dust @CrazyOne браво за идејата :*:
    Вие сте доказ дека на Фемина и недостасувале иновативни модератори :bow:
    Со новата тема за гласање сите ние од Фемина добиваме прекрасен готвач со рецепти и фотки кои што, сигурна сум, често ке го отвараме барајки „што да зготвам денес“ :clap:

    ПС Гласано... Одвај се решив 8-|
    @zhap4e е мој фаворит неделава :*:
    Нејзините кифлички се поразлични, сигурно ке ги направам деновиве :)

    ПС 1 8-| 8-| 8-| Имам само еден глас (facepalm)
    Не знете што пропуштате... Превкусни се моите кифлички 8)
     
    На fallenangel, referentka, Barbie20 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    @Val-Dim даj да пробаме, вака како да те гласаме на непробано? :rofl::rofl:
    П.с од мене ти е гласот .
     
    На fallenangel, Val-Dim и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.572
    Пол:
    Женски
    2017-04-18 11.01.52.jpg
    1 kg brasno
    2 jajca
    Kocka kvasec
    Lazice sol
    Lazice seker
    200 gr voda
    200 gr mleko
    250 gr zejtin
    Jajce za premackuvanje
    Susam
    2017-04-18 11.01.52.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 18 април 2017
    На kjukli, Victorian, emkaemka и 8 други им се допаѓа ова.