@jasbi Веке е гласањето. Доколку сакаш да учествуваш во било коja тема можеш од среда до недела да направиш нешто. Од понеделник до среда се гласа. Постот твоj нека стои, сепак трудот нема да го бришеме. Друго пак да потсетам овде постираjте слики и рецепти. Во темата за гласање само jас и @Dust ке Ви ги ставаме сликите. Со цел нели попрегледност. Фала за разбирањето.
@duffi секако само за гласање е отворена темата, после ке се заклучи. Доколку има некоj пост таму, овде ке биде префрлен. Сепак уште е нова темата, и затоа не бришеме. Само напоменуваме овде да постирате.
Мислев да биде стално заклучена,отворена само за гласање и за вас модераторите. Нема врска, да не одиме офф.
Ова ви е само пример дека секогаш ќе има вакви збунки. Кога овде нема анкета а членката не ја следи другата тема, од каде да претпостави дека веќе има гласање? Moже, на пример, да го менувате насловот на оваа тема како порано што се правеше. Фемина Готвач - Tема Кифлички / Гласање во тек
@LivingGlam ако пишам дека во првиот пост од темата, се е обjаснето, некоj ке пише дека ретко го чита првиот пост. Не велам за тебе, општо кажувам. Плус една страна назад или две, напишав дека во друга тема се гласа. Конкретно членката прв пат постира, затоа уште еднаш напишав што како. И мислењето конкретно и беше во другата тема, значи видела дека има друга тема.
Епа убаво, мислам дека вака со промената на насловот ќе е појасно. Еве и јас, што ја читам темата редовно, баш тоа мислење дека има друга тема го прескокнав зашто немаше слика. Па појма немав дека веќе се гласа штом не видов променет наслов.
Се моли @sanjaeva да се јави на рецепција и да остави неколку плехчиња кифлички. Сирењето ќе си го набавиме од друго место. Честитки! Јас би да ја чујам темата поранКо. Тамам да одморам мозок и очи со гуглање рецепти.
Пoбедив јеее Дa не е рaничкo зa летaње пo oблaци? Темa? М? Јaс кaкo тaзе член вo темaвa би сaкaлa пoмoш зa идејa зa нoвa темa....кoгa ќе дoјде време зa тoa
То ти је сваќе... Ние што имаме среќа да бидеме свеки научени сме си се на готово Сања кажувај тема, да засукам ракавите додека сум на одмор
Дa не дoсaѓaм мнoгу... Јa зaмoлив @Dust дa гo нaјде списoкoт нa дoсегaшните теми. Акo имaте некoјa идејa, прифaтенa е
Spoiler: Поминати теми 1. Пици 2. Ориз 3. Чоколадо 4. Тестенини 5. Бомбици 6. Месо 7. Салати 8. Ладни сендвичи 9. Македонска традиционална кујна 10. Чоколаден мус 11. Посна трпеза 12. Компири 13. Палачинки 14. Ситни колачи 15. Тиквици 16. Јајца 17. Мафини 18. Овошен десерт 19. Шпагети 20. Оброк во тегла 21. Сладолед 22. Пиперки 23. Риба 24. Чизкејк 25. Домати 26. Слатко - солено јадење 27. Закуски 28. Супи/чорби 29. Мелено 30. Еклер 31. Кремаста салата 32. Шарена декорација 33. Пилешко на мој начин 34. Тортиљи 35. Тиква 36. Печурки 37. Се’ од тесто 38. Чајни колачи 39. Колач од тефтерот на мама 40. Топли пијалоци 41. Новогодишна Трпеза 42. Божиќни рецепти 43. Даска 44. Рецепт со готови кори 45. Домашно лепче 46. Интернационална куjна 47. Здрава храна 48. Тортелини со сос 49. Се од jаболки 50. Листест зеленчук 51. Посен десерт 52. Кифлички Еве ги сите поминати теми. Пожелно би било доколку имате нова идеja. Но во случаj да не знаете што тема да зададете, од првите 20 теми можете да одберете некоja.
Ќофтиња Ми се јаде тоа,тамам. Може и веге ќофтиња, за тие што не јадат месо. Ем ќе видиме можда интересни рецепти.