Меленото месо е непресушен извор на инспирација. Разни прилики,разни рецепти,а се една иста состојка..различни форми и зачини.
Ееее , денес јадев домашно варено ѓеврече ама мајка го правеше Подобро ќофте нека е зошо мојт да се прајт од мелено месо, брокула ово ово...а ѓевреци се ѓевреци трето нема
Изгласана е темата или де уште се дискутира Јас сум за било што од мелено месо:ролати,кофтиња,шницли....уф ми се пријаде
Како не видов до сега дека темата ќе биде ќофте Еве го мм во кујна, ги дојадува вчерашните ќофтиња. Еве проблем, не ми беа сликани Ах мажи!
ИТАЛИЈАНСКИ ПОЛПЕТИ Spoiler: Рецепт Се прават кофтиња од мелено месо ,јајце,презла,зачини,магдонос .Се ставаат во тава да се потпечат малку на подмачкано тавче.Се вадат и се полеваат со сос направен од зејтинче ,брашненце,доматно зачини и оригано.сосот треба да е густина како за палачинки.Се враќаат во рерна и се оставаат да крчкаат.Кога се при крај одозора се ренда кашкавал или парче цело колку кофтето или пармезан.Тоа е по желба или можностите.Како прилог со нив можете да ставите пире,шпагети ,помфритче,мешан зеленчук. П.С.Сосот го користам и за други видови месо на ист начин
Ќофтиња од тиквица Вторите по ред на сликата. Се ренда тиквицата и компир и се оставаат малку да пуштат вода, потоа водата се цеди. Се замесува смеса од нив плус се додава едно јајце , зачини по желба и малку брашно. Се пржи во јајце и брашно на не многу јак оган.
Ете шанса да го пробам рецептот на @anel за ќофтињата од брокула. Тенкју @zhap4e што се сети и на тревопасците Ја повикувам @ttrpovska да ни се приклучи во натпреварот, ја следам во фи и мислам дека може да научиме некој интересен рецепт и од неа.
Ќофтиња од тиквички и ориз Spoiler: Рецепт Се става солена вода да зоврие и се додава 400г ориз да се свари (околу 20 мин.). Главица кромид се сече на кругови, а 2 моркови и 2 тиквички се лупат и се рендаат. Оризот се цеди, се меша со исцедениот зеленчук, се додаваат 2 јајца, 2 жолчки, 150г рендано сирење, една и пол лажица сенф, 70г брашно, црн пипер, сол, црвен пипер. Добро се меша, се прават ќофтиња и се пржат во масло. Како додаток може да се направи сос од 250г павлака со 3-4 лажици сенф, малку сол и црн пипер. Повторно со слика од архива
Сликaј гo мт. Акo видиме зaдoвoлствo нa негoвoтo лице, се вaжи Ќеркa ми се лути, не јa бендисувa темaвa, oнa тoa не јaделa, a и не ме виделa дa прaвaм, пa кaкo ќе пoбедиме
Што мислиш, ќе ги биде ли без брашното? Мислам оризот и јајцата би требало да се доволни за да ја врзат смесата? Или ич да не правам експерименти?
Probajte i koftenca od zelka mn se vkusni.Nacinot e rendana zelka ja stiskas za da izleze tecnosta stavas jajce ,prezla ,brasnence ili lepce bajato i zacini.Mozete taka da gi przite kako koftenca ili da gi ispanirate vo brasno jajca ,prezla
Не знам да ти кажам. Јас и презла ставам место брашно, но знам дека ти не сакаш ни тоа. Ако го вариш оризот подолго, може и ќе се врзе без брашно.
Супа со ќофтенца (AKA Супата на баба) Spoiler: Рецепт За ќофтенцата немам точни мерки, се прават од прилика. Потребно е мелено телешко месо, ориз и зачини. За месото - важно е да е чисто телешко. Нејќете да варите мешано. Од прилика 200-250 грама мелено телешко Од прилика 100 грама ориз сол, вегета и црн бибер. Може и сецкан кромид ако сакате. Формирате мали ќофтенца и ги замрзнувате во ќесички. Јас ги делам по 15 ќофтенца во ќесичка, тоа е доволно за супа за двајца. Ако правам за повеќе, ставам две ќесички. Супата: Се вари вода со сол, вегета, црн бибер, малку маслиново масло и сецкан морков (не мора морков ако ве мрзи). Кога ќе зоврие, се спуштаат внатре ќофтецата. Слободно може замрзнати. Варите на среден оган околу 30 минути. Потоа се додава една рака ориз (претходно измиен). Оставате уште 15тина минутки да вари. На страна матите јајце со две лажици павлака и сок од пола - еден лимон (по вкус). Полека внесувате една по една кутлачка од врелата супа, постојано матејќи го јајцето. Потоа јајцето полека се истура во супата, постојано мешајќи ја. Ако го спуштите наеднаш ладното јајце во врелата супа, ќе се свари во грутки. Ако ја загревате претходно подготвената супа, не претерувајте зашто пак може да се направат грутки од јајцето. На крај наросувате магдонос. Јас немав, па импровизирав - се гледа. * Совет плус: Ако варите телешко за некој друг ручек, зачувајте ја водата и во неа направете ја супата. Екстра појачан вкус.