https://forum.femina.mk/posts/3358509/ Темата ова е за гласање ама арно викаш, нема анкета Ни ваму ни таму Ало анкета алооо
Ами што знам бе, еднаш ја отварам темава гледам слики и другиот пат - оп анкета наааа И во фото натпреварон ептен брзо, за 3 дена мислам ставаат анкета и затоа реков дан е време и за тука
Па во средата вечер е поставена темата, значи само два дена сме имале за готвење. Мислам ќе го дадат и викендот. Не зборви многу и спремај чофтето.
Само мене ли ми е глупо оваа поделба во две теми? Ај тинк итс сосема непотребно и повеќе непрегледно, што знам
Мене ми се сфиѓа што модераторките ги собираат сликите и рецептите на едно место и нема други мислења таму. Секоја чест за идејата и напорот. Ако некому му треба рецепт, таму лесно ќе го најде, и ќе ги видиме сликите пред гласање. Ама гласањето, арно си беше овде. И мене ми е глупо да е во друга тема.
Фала многу! Мајка ми прави слични, на руски се викаат тефтели и може да се прават со компири или ориз. Ама ова со тиквичката, страв ми е да не ми се распадне... Мора да се проба, ако не успее, здравје.
Зa ќoфтињa сo тиквички, тешкo декa без брaшнo ќе се "врзе" смесaтa. Мoждa aкo се издрoби ситнo тoнус? Тиквицa, пaсирaн кoмпир, мoркoв и oриз? ( aмa сув oриз пa дa oдстoи зa дa јa сoбере вoдaтa oд тиквиците) Експерименти
Ах, ни тонус не може кај мене. Освен пченкарно или хељдино брашно, ама тоа па не врзува. Ништо, ќе морам да експериментирам така со варен компир, ваљда ќе бидне нешто. Баш ми се пријадоа такви. Уствари, ќе и’ кажам на мајка ми нека експериментира.
Izrendaj gi sitno i zemi so raka iscedi gi ubavo stavi prezla i jajce i lepce navodeneto vo mleko ili voda i istiskaj go ubavo .Zacini po vkus i zamesi gi ne bi trebalo da se raspagaat
Ливинг, јас правам ќофтенца без брашно, па и без јајца се дури. Само мелено месо, зачини и кромид, па пак испаѓаат целосни и доста фини за јадење. Ова со ориз и со јајца би требало да биде доста успешно, со оглед на тоа што ако ништо друго, барем јајцето лепи, а оризот впива. Пржи ги на многу тивко и кога ќе ги ставиш, нека биде загреана тавата. Така веднаш ќе се „сврзат“ и после со шпакла (шпакла ли се викаше тоа чудото? ) ќе ги превртиш кога ќе фатат коричка одоздола.
Ама Дузле Дузлесто, од тиквички сакам. За вакви од месо знам дека ги бива, баш затоа не ми е ќеиф. Ајде, ставај ги твоите во темава! Едит: ооооу, луѓе, најдов нешто интересно http://diethood.com/ricotta-zucchini-meatballs-recipe/ Со изварка и тиквички. Овиие сигурно ќе ги биде и без лебните трошки напишани во рецептот. Како ми кркорат цревата, гарант до кај вас се слуша. Фала на внимание!
Па богаташка ами како, џабе ли по цели денови дремам пред компјутеров. Пиши и само пршута дека јадам од сувомеснато, од таа германската, убавата. Знам, знам, мислев на тоа дека ако и овие од месово стојат некако, ќе успеат веројатно и тие од тиквички да стојат само. Ќе се потрудам да стасам со ќофтиња, со оглед на тоа што сто души ме поканија... ама ако не, оправдано ќе е, да знаете! Се извинувам на офтопик.
Значи... Читајте ја првата страна... Правилата на темата се: 4 дена да се направи (зготви) зададената тема и да се постави слика - четврток, петок, сабота и недела 3 дена за гласањe - понеделник, вторник и среда И ќе ве молам да не ги полниме сите теми со офтопици. Направено беше така за да биде попрегледно. Претходно велевте дека сликите не се собрани на куп пред гласање, па сега не знаете кај се гласа хмм Кога се става анкета пишува во насловот на самата тема Не знам што не е јасно, супер беше претходнава недела, еден куп гласови собравте
Е ако де Даст, и гласачите треба да имаат право да се изјаснат. Некогаш треба и да не' толерирате, иако сме досадни. Иако сте модератори и вашите намери се најдобри, не значи дека секогаш ќе сте во право. Треба и фидбек. Не знам дали на повеќето им е збунувачки, ама ако е на повеќето и се провлекуваат тие коментари од различни членки и низ наредните теми, можеби треба и да ги земете предвид. И дали е офтопик ако зборуваме за темата?
А нели пред гласањето може само да се соберат сите слики и да се тагнат членките во едно мислење? Така правевме и тука и во Натпреварот за фотографии. Таму немаме посебна тема за гласање За некој што не води многу сметка колку денови се готви и до кога се готви, мене искрено ова ми е збунувачки. Првата таква одвоена анкета не сум ја ни видела, тек на крај гласав