Не знам зошто жалење, кога баш и во оваа тема, кога доаѓаше ред за гласање, пак се редеа сите слики со име на членката чие кое дело е и фино горе опс анкета и си гласавме, ем еуфорија со коментари, ем смешки, ем пофалби Вака, не ми е јасно, испаѓа оваа тема за џабе постои, кога анкетите и сликите се во другата Енд ај агри со Дориндето, дека зборуваме за истата тема, не е оф топик, ако се коментира начинот на кој може да се подобри
Мене ми е ок сега, зашто едвај ги наоѓав сликите, па скролај коментари, па слика и на крај да гласам. 2-3 пати имам начекано само собрани слики, а редовно гласам. Едит: Ете кога завршува рокот, можат модераторките да го лепнат линкот од темата за гласање тука и секако насловот да го сменат ко што направија последно.
Околу промените во темата, мислам дека имам право да кажам бидејќи сум учествувала. Целата забава беше во оваа тема, новата тема за гласање ажурирајте ја со сите рецепти и фотографии непосредно пред гласање, тука нека си тече забавата колку возбудливи моменти околу фотографите имало во оваа тема, да не беше немаше да дознаеме и за лаура ни за многу други...
Мене ми се дoпaѓa тaкa кaкo штo е сегa, сo две теми. Oвaa темa не губи ништo, се ќе си oстaне истo. Сликите тукa ќе се пoстирaaт, кoментaрите истo тукa, сaмo зa еден клик (глaсaње) ќе требa вo другaтa, a ќе е кo книгa гoтвaч сaмo сo слики и рецепти без непoтребни кoментaри. Финo и прегледнo
@MissDior забавата никоj не Ви ja скратил. Овде можете да ги коментирате сликите и кампања да терате. Само глaсaњето е префрлено во друга тема заради попрегледност на сликите и рецептите. Ете @Bridget убаво кажала.
И мене повеќе вака ми се допаѓа, да бидеме искрени. Попрегледно е, полесно за слики и рецепти. А овде може и офтопици колку сакаме да си правиме
И мене ми е ок вака, само што, за да е по прегледен делот со сликите и рецептите за гласање во другата тема, мислам дека е подобро да не се оставаат коментарите од модераторите со сите претходни слики од пријавените рецепти. А, штом веќе завршило гласањето и е во тек ново, со нови рецепти... тоа, старото, или да се тргне (избрише) или само во спојлер да се стават сите тие слики, сосе рецептите. Оти и вака ко што е... не е многу лесно да се стигне до рецептите и сликите за кои сега ќе се гласа. Па има доста слики - и тоа големи за скролање.... дур се стигне до она за што ќе се гласа.
Ќoфте Се зaмесувa меленo месo, ситнo сецкaн крoмид, јајце, сoл, бибер, вегетa и брaшнo. Oдкaкo ќе oдстoи 2-3 чaсa (дa се измешaaт вкусoвите ) сo мoкри рaце се прaвaт тoпчињa, се плескaaт дa бидaт не мнoгу дебели. и се пржaт нa тивoк oгaн. Сoс (стaрински сoс) 2 чешнињa лук се прoпржувaaт, се дoдaвa 1 лaжицa брaшнo (зa две пoрции), се пржи, пa се дoдaвa вoдa (претхoднo мoже и црвен пипер, aкo сaкaте црвен сoс). Вaри смесaтa сo пoвременo мешaње, 10тинa минути. Кoгa е густинaтa тaмaн кaкo зa сoс, се дoдaвa сoл, вегетa, бибер, кaри (пo желбa). Нa крaј се дoдaвaaт две сецкaни вaрени јaјцa и 5 ситнo сецкaни кисели крaстaвички. Тoa е тoa.
Ќофтиња од компири Рецепт: 4 големи варени компири 150 грама сирење 1 јајце 2 лажици презла 1 мала главица кромид ситно сечкан Сол Црн бибер За поховање: 2 јајца Презла Брашно Подготовка: Компирите и сирењето се гмечат, се додава јајцето, кромидот, презлата и зачините се меси убаво со рака и се формираат ќофтиња. Се поховат прво брашно, јајце и презла, се пржат во загреано масло на помала температура, се вадат на кујнска хартија да се впија вишокот масло. Јас ги јадев со таратор превкусни се.
Spoiler: рецепт Ќофте без месо 4-5 големи лажици овесни снегулки ги прелив со жешка вода за да омекнат. На страна изрендав три моркови со средна големина, ситно исецкав три млади кромитчиња, додадов семки од тиква (отприлика една шака), исто толку сецкан магдонос. Ова го додадов на овесните снегулки и целата смеса ја соединив со едно јајце. Додадов доста зачини -вегета, бибер, копар...Убаво измешана смеса ја оставив во фрижидер 30 минути. Смесата не е многу цврста и компактна за ќофтиња и затоа при обликувањето користев презла. Пржев на средна температура додека не се заруменат. Од овие количини излекуваат 10 ќофтиња со средна големина. Како прилог печен млад компир и омилениот crispy onion кој оди со се'.
Ќофтиња од брокула Се обарува брокулата и се сецка, му се додава јајце, младо кромидче и лукче, презла, сирење и по желба се зачинува. Се формираат ќофтињата кои се пржат а нареден пат ќе пробам и печени. Убаво одат со таратур. Spoiler
Ќофте со тиквица,компир и кромид состојки: 1тиквица 3-4 помали компири 1главица кромид млад кромид 100гр кашкавал 2-3лажици брашно 2-3 лажици презла 1 јајце малку пециво и сода сол,бибер,вегета Се ренда тиквицата,компирот и кромидот се додава сол се остава малку да отстои па се процедува убаво да излезе целата течност. Се додава јајцето,сецканиот млад кромид,100гр кашкавал(поубаво е да е кашкавалот тврд и се ренда на ситната страна од рендето) брашно,презла,зачини,сода и пециво. Убаво се сврзува и без проблем се обликуваат ќофтенца Се пржи во загреано масло,по пржење на хартија да се исцади вишокот зејтин. Сервирано е со павлака во која има малку вегета,црн бибер и сол. Spoiler
Анкетата е поставена. Почнете со кампања и глaсaње https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање-Тема-Ќофтиња.27360/#post-3358509
Секој рецепт, кој од кој Да не знае човек кај кој попрво на гости , али јас би за @jasbi Едноставно ме освои уште првиот пат кога ја видов сликата, ќофтињата, томатниот сос, ала Италиан ривиера Браво за сите, темата ми е една од омилените за гледање, овај стрвење де
Tи благодарам повелиИ да стварно се превкусни,а сосот со секое скоро месо така потпечено во тава се топи во уста
Не сум обожавател на ќофтиња, ама дефинитивно би и' отишла на @LivingGlam на супа. Многу оригинален и поразличен рецепт.
Да повелиш, во секое време имам смрзнати и одма е готова супата штом ќе се најавиш. Јас гласав за @orhideea, ми се допадна сиренцето во смесата. Ма да, сите рецепти ми беа интересни. Ќофте и не е така обична ствар.
Јас би јала од супата на @LivingGlam и ќофтињата на @sanjaeva Другите сите убави, ама златен зеленчук што може на многу начини да се јаде, а тука е мешан со брашно и пржен никогаш не би бил мој избор.