Да се пријавам оти не можам да молчам ни еден час, а не засекогаш. П.С Сеа видов, истечено било.Ако, не се лутам
Нова тема,нека биде РЕЦЕПТИ СО ТИКВИЧКИ.Или ако не еве дајте предлог.Ама сега актуелни се и мислам има доста рецепти(мусака,плескавици,салати,мафини)
Полнети тиквички Прво се пржи меленото месо со зачини и малку сецкан праз, потоа се додава оризот. Потоа се полнат тиквичките претходно сечени на пола и издлабени. Остатокот од ориз се полива врз полнетите тиквички со додадено измешано јајце, малку лимонов сок и лажица-две кисело млеко. Се крчкат со вода, како сармата. Мерките се од око. Не е многу фотогенична.
Плескавички од тиквички со прилог паста карбонара. Плескавички: 2 тиквички Малку кромид 3 лажички магдонос 5 лажици брашно или презла 1 до 2 јајца 1 лажичка к'цана сол Малку зачини по вкус Малку пециво Се рендаат тиквичките и се оставаат на страна во сад со малку сол за да изпуштат вода. Се цедат од водата и се ставаат во сад со сите горенаведени состојки плус ренданиот кромид. Се меша и со лажица се става од смесата во претходно загреано масло. (Оганот не треба да биде премногу врел). Се пржат на тивок оган. Прилогот од карбонара е стандартниот карбонара рецепт, наместо сланина јас користев чиста пршута запржена.
Ова насловот тиквички ме испровоцира да видам што има и ваква останав се урекнав дур не заврши летна сезона не отварам вакви делиции ...@vitamina посвојме секој ден тикви ќе јадам
Печени тиквици со сос Spoiler: Рецепт 3 тиквици За сосот: 300 грама мешано мелено месо- телешко, свинско. 1 главица кромид 1 рака ориз 2 моркови Средината од тиквиците Зачини: сол, вегета и црн бибер 1 чешне лук 500 грама доматен сос 1 моцарела Малку кашкавал Spoiler: Подготовка Тиквиците се сечат на пола и со лажица се вади средината од нив. Го спремаме сосот, кромидот го пржиме со морковите, го додаваме месото, зачините, лукчето и средината од тиквиците. Од како ќе се испржи убаво месото го додаваме доматниот сос и оставаме на тивко малку да поврија. Се полнат тиквиците се тура 1 чаша вода и се покрива со фолија. Кога ќе бидат печени се трга фолијата и од горе се става коцки кашкавал и моцарела и се печи додека не се растопи убаво кашкавалот и моцарелата
Печени тиквички со лук, морков, кашкавал и сирење Spoiler Рецепт: На масло се пропржува сецкано лукче, се додаваат исечени на тркалца тиквички и моркови(ленти), се зачинува - сол/вегета, бибер... за да омекнат и малку бар да пуштат и да испари водата од нив. Се префрлаат во огноотпорен сад, се ренда сирење, кашкавал и се ставаат во загреана на 250 рерна 15 мин, колку да се запече и растопи сирењето и кашкавалот. Изматете јајца и павлака (за тие што сакаат екстра фил. без него исто е убаво) и прелијте го. Оставете го уште некое време да фати боичка и кркензи. Одозгора е поросено со пармезан,мислев и за лебни трошки и домати тркала запечени од горе, али што е многу,многу е. емдоматсегаезасвеж.
Пржени тиквички (сервиран доручек ) Spoiler: Рецепт Пржени тиквички * состојки: 1мала тиквичка 1лаж брашно 2лаж презла 3 јајца Сол, вегета, бибер, буковец, магданос - количина по вкус и желба * подготовка: Се лупи тиквичката, па се ренда, се ставаат сите состојки во длабок сад и се меша убаво, на малку загреан зејтин се сипува голема лажица од смесата и се пржи од двете страни.
Сендвичи од тиквица Се засекуваат тиквичките,се полнат по желба,овде се со алпска и кашкавал. Се препелаат во презла зачинета со вегета,малку благ буковец. После одат во јајце и на пржење. Едноставно а со интересен вкус.