Мусaкa Spoiler: рецепт Нa мaслo( здрaвo @LivingGlam ) се прoпржувa ситнo сецкaн крoмид и мoркoв, пa се дoдaвa меленo месo, вегетa, бибер. Oдкaкo ќе се прoпржaт се дoдaвa мaлку oриз (гo зaбoрaвив oвoј пaт) , a пoтoa тoмaтелo и нa крaј мaгдaнoс. Тиквицaтa се лупи, се сецкa нa кругчињa и се реди вo тaвa. Врз тиквиците се пoсипувa филoт, a oдoзгoрa се реди уште еден слoј тиквици. Се пoлевa тaвaтa сo вoдa, дa ги пoкрие тиквиците. Се пече, a пред крaј се пoлевa тaвaтa сo мaтени јaјцa и јoгурт.
Јас за денеска полнети тиквици правев, ама кога ви ги видов сликите ич не ставам . Може не ми се лични ама вкусни се барем .
Те ме и мене со полнети. Стигнав навреме. Spoiler: Рецепт (и уш едно сличе) Тиквичките треба да бидат ладни, од фрижидер. Ја сечиме секоја на три дела, па секој дел го длабиме, да остане малку на дното ко чашка. Се "бланшираат" (така е зборот? ) во зовриена солена вода (околу 5-7 минути). Се пропржува кромид, морков, внатрешноста од тиквичките и мелено телешко месо. Зачини по вкус. Додадов 2 лажици доматен сос, а на крајот 3 лажици кисело млеко. На тава намачкана со маслиново се редат чашките, па се полнат со филот. Се пече 20-тина минути. Потоа одозгора се става кашкавал (поубаво е со биено сирење, ама немав), и уште една лажица кисело млеко. Се пече уште 10-тина минути. То.
Ражничи од тиквичка на скара. Подготовка: Една тиквичка се мие убаво и се сечка на коцкички.Се посипува со сол и маслиново масло.Се пече на скара додека не зарумени. Се служи со прилог месо и салата. Бон апетит.
Омилено јадење ми е се што полиено и потпечено со јајца, млеко, павлака, кашкавал...на таква слика не можам да одолеам па не е битно што има под, може и зелка да е, ќе јадам. Ама Рефи како го дотерала и сликнала моделов, мераци.
Анкетата е поставена. Повелете гласаjте. https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање-Тиквички.27360/
Добро бе навистина не сте фер Ем се срамев гости со мусака да пречекам ради вас ем само едно гласче Која ми е нај другарка, да се јави @referentka Рефке тепаш, м? Морам да испитам дали тиквичките се твое или дело на Рефо