До каде е темава, не е време за анкета? Прочка во недела е, па кој ќе победи еве предлог баклавите да ги сликаме за наредната недела.
Да се пријавам дека направив прекрасен мус синоќа, ама не стигнав да го сликам Со Микадо темна чоколада со портокал, и малку коњак. Пробајте. Мојот си го прогласувам за морален победник, иако ќе ме нема во анкетата.
Јас помислив да не се породи Реин па ќе си правиме мусеви два три месеци. Може и јас ќе направев до тогаш.
Гледаш @Serafima , ме стави во комбинација и не оди. Арно ти велев немој, малер ќе те бие Баклавата направена, сликната, ефектосана, па ако не ставите тема -баклава, што да кажам Spoiler педери сте
Само пет души гласале за Џинџер? Сакате да ми кажете дека никому не му се ствараат лиги кога ја гледа сликана од мусот на Џинџерка, а? АААА? Срамота! пс. рачунајте го под лобирање под дејство на многу какао измешано со многу крем Плус, четири ипол е. Немам попаметна работа.
Ви благодарам. Е сега не знам дали да ја испочитувам волјата на @Bridget и да ставам тема Баклава( да не вика оти сум пед*рка) ама со оглед што мнозиството од вас си ги постира баклавите во другата тема, знам дека не смеат да се постираат истите слики и тука, да не пропадне темата. Вие што мислите @CrazyOne и @RainBow ?Да ставам или да смислувам нова тема?
Смисли нова за инат на Бриџитка. Одлуката си е твоја. А иначе Бриџитка е појака кога и одиме контра. Ќе зготви она што и да е.
@Salome мене не ми е проблем и баклава да биде, или нешто салата да е темата. Jас би нешто поедноствно за правенje
Нејќам да се мешам, бидејќи одлуката е сепак на @Salome, ама имајте на ум дека не секој има цел ден да посвети на сучење кори за баклава. Ќе испадне само тие што имаат сликче во архива да учествуваат. Плус пости... празникот помина, па нема како да ја вметнеш во мени. Дајте нешто полесно. И не велете со готови кори, таква не се признава.
Ајде вака:бидејќи се почнати постите темата нека биде Посна трпеза. Јас не знам многу посни јадења за да кажам едно конкретно, оти никогаш не сум постела повеќе од еден ден, а ни моите не постат, секоја од вас што сака да се натпреварува нека сликне по едно посно јадење и нека го постира сосе рецепта.Така и идеи ќе си давата во текот на постењето.Пожелно е да бидат различни јадењата ама и да има две исти, не е голем проблем.Поентата е да се претстави дека и во постот може да се јаде разноврсно и вкусно. Може ли вака?...Се согласувате? Па ќе го одбереме најдоброто.Со среќа.