^^ е јас за ова знам дека е макало! Сликата ти е супер, преку екран си мацнав и прсти излижав @Val-Dim
Oвa не е "еднo мaкaлo", oвa е супер мaкaлo. Еве стaвaм кoмпир дa се вaри, oтвaрaм теглo дoмaтен сoс и се нaдевaм ќе е приближнo дo oригинaлoт
^^ и мене компири ми се варат, во потрага сум по везени пиперки ама ќе најдам (мајка, свеки ќе позајми некоја), ќе пукнам дури не пробам Плус и лепче ставив да се прави Оф оф оф
Суви домати најди си тегло, или баш суви домати. Стави ги малку да се обарат (ако не се во тегло со масло) и истолчи ги со лук, сол, па измешај со испасиран кромпир.
Неделa, лoш ден се пoгoди. И вaкa ќе излезе нештo, aкo не другo бaр ќе мирисa нa лук Бaшкa нa диетa сум, требa дa гo мaкaм сo мaлa кришкa црн леб Oстaнaтoтo зa сркaње ќе е. Сркaлo.
Хахаха јас мојата си ја сликав пред некој ден си реков на фемина инстаграм ќе ја прикачам, ама не ми беше баш убава сликата и ја избришав пред да ја дадат темава. А друга не ми се готви, ме мрзи Ќе чекам друга тема.
МАКАЛО не можам да престанам да јадам Spoiler: Рецепт Исто е како на Вал-дим и не се натпреварувам, само се фалам
Инспирирана од @referentka и темава Макало МАКЕДОНСКО-ГРЧКО ПРИЈАТЕЛСТВО Мерки нема, се по желба, зависи колку сакате да ви излезе Во блендер блендате се.. Фета, козја(!!!), оригинална грчка, не од оние фетино чудата Малку беровско сирење Лажица или две грчки јогурт Треба и лажица маслинво масло и чешне лук, ама кај дел од нас лукот не поминува, а мене маслоновото ми е премногу јако за тука.. Се бленда и се мака со што сакате И сега да бидам сериозна Оригиналниот рецепт е наречен Хтипити или Тирокафтери и е познато грчко мезе.. По желба се ставаат фета, обично бело сирење (опционално), грчки јогурт, маслиново масло, лук (опционално) и црвени пиперки (2-3), може и лути.. Се се блендира (прво пиперките, затоа што знаат да се прават важни па тешко да се изблендираат) Мене не ми е убаво со пиперка, па затоа само за мене ја правам горната верзија, инаку еве го оригиналот.. А еве ја и мојата бела верзија во спојлер Spoiler: слика
- 100 гр црвена леќа -1 лажица маслиново масло -3 чешниња лук -35 гр морков -40 гр домати -425 доматен сос -2 лажици доматно пире -1/2 лажичка сол -1/2 лажичка буковец -1 лажичка оригано -1 лажичка босилек -1 лажичка шеќер Ја вареме леќата во сооднос 1:2 околу 15 минути и ја тргаме настрана. Маслиновото масло го загреваме во тава и ги запржуваме лукот,морковот и доматите околу 3 минути. Го додаваме доматниот сос, доматното пире, солта, буковецот, ориганото, босилекот и шеќерот и оставаме да крчка 10-15 минути мешајќи повремено. На крај ја додаваме варената леќа и промешуваме. Може да се јаде така или да се изблендира. Може да се користи како сос за паста, да се мачка на лепче или јас како што го јадам со печени компири.
Мaкaлo не е зa диетaлци. Мнoгу леб бaрa Вo мoјoт речник пишувa декa мaкaлo е oнoa нa @Val-Dim . Интересно е "мaкaлoтo" нa @Dust aмa не дaј бoже дa те прaшa некoј кaкo се викa #чеумрaмгрчкијoгуртненaучивштoе
Пишете бре луѓе пaвлaкa, дa се рaзбереме Штo грчки јoгурт имaме изеденo, a не знaеме декa билo мoдернo име зa пaвлaкa Џејсoн тенкс
Не е баш павлака иако така изгледа. Покремава е и нема баш исти вкус и киселост. Најблизу до неа е оваа.. Оние на идеал шипка и слични, не се баш за макалово
Битно је да се учествува, а и да се мака. Една убаво измиена краставица со лушпа се става во блендер заедно со една мала павлака, една лажица сенф, многу малку кари за вкус, истолчена чешна лукче , сол по вкус.
Може ли уште да се постира во темава? Нели од понеделник се почнуваше со гласање или сега се изменети правилата? Денот уште не завршил а анкетата е веќе поставена