Има на прва страна правила... Ако постираш нешто до полноќ, ете ќе го додадам Правилата на темата се: 4 дена да се направи (зготви) зададената тема и да се постави слика - четврток, петок, сабота и недела 3 дена за гласањe - понеделник, вторник и среда
Незнам зошто вака налутено реагираш? Едноставно не се држите до правилата и тоа е тоа Сакате се лутите сакале не
Не реагирам налутено, ако не ставам смајлиња не значи дека сум налутена Досега сите анкети беа поставени околу 22 часот во недела, мислам дека цел ден е доволно да се зготви, не дека некој баш во 23:30 ќе зготви макало.. Ако толку ви смета, еве реков - отсега во 00:01 ќе ставаме анкети, да го запазиме денот
Досега тоа не Ви сметаше? Дури jaс и порано сум ставала анкета па не сте се бунеле. И доколку некоj фати последен воз секако ке го ставиме во анкетата.
Како модератор не ти личи ваков начин на изразување За една мала замерка скокнавте бре А финтата е во тоа што веќе се гласаше,во мегувреме ке вметнете друг и со него што?Можеби баш за него ке сум сакала да гласам.Не е фер така спрема учесниците им кратите од можните гласови
Бидејќи наидовме на негативни реакции, одлучивме анкетата да ја затвориме до утре наутро, па ете ако некој успее да приготви нешто до утре, нека повели да постира, ќе додадеме. Истата ќе биде и ресетирана за фер натпревар. Отсега па натаму, анкетата ќе биде поставувана технички гледано во понеделник, дотогаш ќе го имате задоволството да постирате Иако моето мислење не беше напишано на ироничен начин, доколку некој така го протолкувал, ве молам извинете..
Тема... Ме ставивте на мака, многу сме готвеле во изминативе година и пол откако постои темава, па изборот е стеснет Ноо... Има уште многу јадења што не сме ги поминале... Се мислев помеѓу солено и благо, месо во тесто или овошје во тесто... а и моите кроасани ми паднаа на памет Хихихи... Тесто па тесто, се гледа што ми е слаба точка Ииии... Тема за оваа недела е... Нејзиното височество ТОРТА Замислете, година и пол готвиме, а ниедна торта не направивме Мојата Торта е готова... Ја правев за роденден на блиска мила особа Spoiler: Рецепт Торта со банани Пандишпан 6 јајца 6 лажици шеќер 5 лажици брашно 1 прашок за пециво Крем 1/2 литар млеко 10 лажици шеќер 4 лажици брашно (2 пудинга) 2 жолчки 2 ванили 1 путер 1 чоколадо за готвење 1 шоља ореви Се матат јајцата со шеќерот, се додава брашното и прашакот за пециво. Се пече во плех (намастен и посипан со брашно). Уште врело тестото се обликува во ролат (се витка со помош на влажна крпа). Се зоврива млекото со шекерот и му се додава смеса од разматени млеко, жолчки и брашно (пудинг). Кога ке проврие се трга на страна, се додава чоколадото и се остава да се олади. Путерот се мати пенасто со 5 лажици шеќер во прав, се додава сварениот крем и оревите... Се убаво се воедначува и се филува пандишпанот. На две места по цела должина се редат банани. Се витка во ролат, се премачкува со кремот, па со две матени шлаг пени. Се украсува по желба - рендано чоколадо, мрвици, мелени ореви... Многу лесна, не преблага, а сепак превкусна торта
Kinder tortaa 6 белки со 6 лаж шекер и 1 лаж оцет се матат во цврст снег.На хартија за печење попрскувате малку зејин и ставате мелени ореви а одозгора го ставате и размачкувате во кора тенка снегот од белки.Ставате на 150 степени на тивкл да се исуши убаво кората во рерна. Крем 6 жолчки со 250 гр шекер и 3 лаж густин со млеко ги матите со лажица во сад какл за пудкнг.Во 700 мл млекл го сипувате кога ке се загрее и мешате да се згусти.Кога е готов кремот го делите на пола и ставате едно топено чоколадо и мешате. Во посебен сад ставате 150 мл млеко со 2 лаж нес кафе. Постапка на редење: Печените белки со ораси(треба да остане бело кога е готово)ја сечете кората на пола.едниот дел го ставате како прва кора ,врз неа кафеав крем,редите бисквити кои ги брцкате во нес кафето,па бел крем .Се става втората кора од белки и се повторува .Кафеав крем ,бисквити,бел крем.Одозгора е филувана со хопла во која додадов матени белки за да не е тешка на вкус.и на крај е попрскана со златна прашина. П.С.Тортата е за роденденот на мм
Се молат кандидатите и пресеци да ставаат,за нас љубопитните Честитки Вал-Дим. Жива и здрава да е славеничката (претпоставка дека за драга славеничка со-готвачка е тортата).
Се извинувам но само еднаш ја сликнав кога ја направив и толкунемам други слики од тортата но ветувам ќе има следниот пат
Zemas viluska ili lazica i crpnuvas so rackata malku i duvas na kolac ,torta...ednostavno e.A mozes i na list hartija da stavis i duvas samo kolicinski po malku od zlatnata prasina za ubavo da se rasporedi segde. P.s ne se rastvara so nisto