Прв пaт стaвaм сликa зa вo oвaa темa,знaм декa некoј мoжеби ќе ме препoзнaе. Spoiler: Рецепт Зa пaндишпaн 5 јaјцa,5 лaжици брaшнo 5 лaжици шеќер и 1 мaлo лaжиче пецивo.Вo едниoт пaндишпaн стaвив кaкao.Фил:500 мл млекo се вaре сo 2 пудинзи.Oткaкo ќе излaде дoдaвaм 250гр мaскaрпoне и рендaнo белo чoкoлaдo.Чoкoлaдниoт фил истo се вaре сo чoкoлaден пудинг и се рендa 100гр чoкoлaдo и се дoдaвa 250 гр мaскaрпoне.Кoгa се е гoтoвo се мaте 500 мл хoплa и вo неa се стaвa рендaнa милкa.Бел пaндишпaн се мaчкa сo бел фил и врз фил пoлa oд хoплaтa,пa кaфен пaндишпaн чoкoлaден фил и хoплa пa бел пaндишпaн.Се декoрирa пo желбa.
Spoiler: рецепт Торта со малини бисквит Шеќер 150 гр, 85 g брашно, 40g какао, ½ лажичка прашок за пециво ½ лажичка сода бикарбона, малку сол, 1 јајце, 90 мл млеко, 3 лажици масло, 90 ml топла вода фил 150 g мелено бисквити Плазма, 100 g шлаг крем во прав , 200 мл млеко, 300 г малини Ганаж од бело чоколадо 100 гр бело чоколадо, 5 лажици слатка павлака, 15 гр путер подготовка Вклучете ја рерната на 180 ° C. Во сад измешајте ги сувите состојки за бисквитот. Во друг сад изматете едно јајце, додадете млеко и масло. Додадете ги сувите состојки и матете добро со миксер. Оваа смеса, се прелива постепено со топла вода и се продолжува со матење, Смесата ќе биде доста течна. Во тава (дијаметар 26 cm) обложена со хартија за печење се истура смесата. Се пече во загреана рерна 25 минути. За филот се мати шлагот со млеко, се додава плазмата и малините и внимателно се меша да не се распаднат многу. За ганажот белото чоколадо се топи на пареа, се додава павлака и путер. Кога ќе се излади се прелева врз филот. Тортата се украсува со овошје
Роденденска торта Spoiler: Рецепт 5 јајца 5 лажици брашно 9 лажици шеќер 2 лажици какао 130 мл млеко 60 мл масло 1 пециво 1 ванилен шеќер 200 мл чоколадно млеко Сите состојки се матат прво јајцата со шеќерот па се додаваат другите. Печиме во тепсија што се вадат обиколниците и се сечи на пола. Корите ги премачкуваме со чоколадно млеко. Фил: 600 мл слатка павлака 300 гр чоколадо Во тенџере на ниска температура ги ставаме павлаката и чоколадото додека се растопи, потоа матиме со миксер и филуваме меѓу корите и од горе. А од страна ја премачкав со еурокрем за да ми се залепи поубаво чоколадото. Декорирав со харибо бонбони, чоколадни, бомбони и желе бомбони, бонитоп и од страните чоколадо. Повеќе внимание посветив на декорирањето, тоа ми беше побитно Пресек за жал не сликав
И јас за сефте во темата, не е кој знае што, една на брзина замачкав. Кори купечки (немам време,ниту волја и желба за печење) инаку може да се испече пандишпан по желба. Корите ги попрскувсм малку со млеко, помеки се така. ФИЛ Два пудинга од чоколадо се варат во млеко според упатството, се додава едно чоколадо за готвење, 400гр шеќер го ставам во млекото,125гр маргарин кога ќе биде готов пудингот но сеуште топол за да може да се растопи и едно пакетче мелени плазма а може и обични бисквити. Плус 100гр растопено чоколадо за прелив.
Ммм, торта! Тешко ми беше да издвојам само еден рецепт. Сепак, се одлучив за последната измишљотина за роденденот на син ми. Добив еден куп пофалби Торта Стефан Се состои од 4 пандишпани и 4 филови. 1.пандишпан 8 белки се бијат со 8 лажици шеќер,се додаваат 200 грама кршени лешници, 4 лажици брашно и прстофат прашак за пециво 2.пандишпан 8 белки се бијат со 8 лажици шеќер,се додаваат 200 грама мелени бадеми, 4 лажици брашно и прстофат прашак за пециво 3.пандишпан 8 белки се бијат со 8 лажици шеќер,се додаваат 200 грама ( по можност орео колачиња) кршени 4 лажици брашно и прстофат прашак за пециво 4.пандишпан 8 белки се бијат со 8 лажици шеќер,се додаваат 2 ( по можност милка ноисете чоколади) 4 лажици брашно и прстофат прашак за пециво Се печат на тивко (150) по 20тина минути Фил 500 гр омекнат путер се мати со 250 прав шеќер Се вари пудинг од ванила ( 1200 млеко со 6 пакувања пудинг ) Жолчките се матат со 250 прав шеќер и се обработуваат на пареа до згуснување ( по потреба додавам и лажица брашно измешана со лајца млеко) Сите три се мешаат заедно и се изработуваат со миксер Се делат на 4 1.фил Се додаваат 200 грама мелени лешници 2.фил Се додаваат 200 грама мелени бадеми 3.фил Се додаваат 200 грама рендани ( по можност милка јагода) чоколади 4.фил Се додаваат 200 грама стопени ( по можност милка ноисете ) чоколади Тортата е габаритна, тешка, богата, вкусот е феноменален, погодна за прослави.
Тортава е мое дело, и рецептот е мој, споен од повеќе торти. За пандишпан: 5 јајца, 10 лажици шеќер, 7 и пол лажици брашно, 10 лажици млака вода, 4 лажици ораси и 7 и пол лажици ореви и пециво. Се прават 3 кори или 4, по желба. За фил 1: Филот е од Васина торта, се матат жолчки околу 6 со 250 грама шеќер во прав на пареа. Се додава 100 грама чоколада за готвење. Со 100 грама млеко се попаруваат 300 грама ореви и се додаваат во јајцата и шеќерот а потоа се додава и 250 грама растопен путер и заедно се матат. За фил 2: Се матат жолчки на пареа со 250 грама шеќер во прав. Се става 100 грама бело или црно чоколадо. Се додава и 250 грама растопен путер. По желба се додаваат и крем банани. Се редат пандишпаните и се филуваат со филовите најизменично. Јас за филовите ги дуплирам состојките за да излезе повеќе фил или во белиот додадв густин или пудинг, а и Бубале ми откри тајната со брашното и млеко. Тортава е од лани па пресекот ми го нема.
Анкетата е поставена, можете да гласате https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање-Торта.27360/
Кампања Неее... Оддамна престанав да коментирам за сите постирани слики и рецепти на темава Дел од девојките толку озбилно ме сватија што мислам дека и малку се налутија А целта ми беше само да се забавуваме ПС Браво за сите „натпреварувачки“ во темата ТОРТА... Сите торти се прекрасни, од сите сакам по едно парче... Да, да ПАРЧЕ, не признавам парченца, да не речам ливченца Икрено, кога ја кажав темата, мислев дека ке има поголем одзив и дека ке научиме повеќе рецепти за торти... Гласав... За тортата што е направена со многу љубов... За роденденот на Стефан... @♡BuBaLe♡