@♡BuBaLe♡ честитки Тема... Крофни... Прекрасно, оддамна не сум правела, а си ги сакам! Тесто, па тесто Апаратче немам, а и не ми треба... Магијата на месените работи е да си ги брцнеш рацете во тестото ПС Имам една анегдота за крофните Пред многу години една ладна вечер во Маврово направив крофни... Синко први беше мал, не сакаше да ги проба, па мм за да го намами почна цели крофнички да ги става во уста... и да ги вика „дундарки“ Демек, убаво биле нараснати, па со паразнинка внатре Изгледа на детето му се допадна новото име за крофни, па пројаде... Така, и ден денес кога правам крофни, ние дома си јадеме „дундарки“
Во Сткомак и Зур,ама кај вас не знам дали ги има овие маркети.Можеби веќе ги има во Тинекс и другите Само правиш фил и лапкаш
Ќе ти пратам неколку пакета по карго и глуми домаќинка Еве ги моите од пред некое време во ФИ. П.С.Колку за инфо.Знам дека веќе објавена фотка не влегува во игра. Ако може принцески,ќе направам нови.И така ми се пријадоа вчера завчера.
Има во Стокомак... Ама одма ке Ви ги познаам Добро,неделава ке правиме крофни или еклери Има разлика... КРОФНИ ЕКЛЕРИ ПС За некого еклерите се „принцез крофни“... Но, тоа не се КРОФНИ!!!
Да... Тоа се еклери И „принцез крофни“ се еклери... Тестото за крофни и еклери не е исто Темата е КРОФНИ... Округли, мали, големи, со мармалад или крем, со чоколаден прелив, со шекер во прав, со дупче, со...
Брзи крофни(повеќе на торта личи ама ај )Рецепт во спојлер Јас немав шеќер во прав,па стопив чоколадо наместо тоа Spoiler http://puls24.mk/magazin/kulinarstvo/brzi-krofni-koi-decata-gi-obozavaat
Spoiler: Рецепт 1шолја млеко (250мл), 2јајца, 50мл зејтин,1квасец, 600-700гр брашно (по потреба), 1лажичка шеќер и 1 лажичкс сол. Се меси тесто, де остава да стаса околу час, се расукува кора и се сече со чаша,големина по желба се пржат во загреано масло.
Кисне тестoтo мoе зa крoфни (вo вклученa рернa нa 50 степени ) пa aкo излезaт кaкo требa ќе пoстирaм.