Ќе имам на ум за другпат. Се предомислив,едни други ќе правам.За првпат Ги бива или не,ќе учествувам П.С.Еднаш така побрзо да ми стаса тесто,уклучив рингла и до неа садот со тестото,ама заборавив да ја исклучам.Во меѓувреме си пиев кафе на тераса.Кога рече мирисасадот стопен,тестото во неповрат И сето тоа го правев пред публика како тазе домаќинка
Готови. Не е лошо да ставаме и слики од процесот на правење/готвење оти една сака со купечки да се извлечи. Додуша, познавајќи колку итра е, ништо чудно да слика како меси а на крај од купечките да постира. Spoiler: Рецепт Рецепт -500 грама брашно, 250 мк млеко (млако), 1 пакетче сув квасец, 1 јајце, 1 голема лажица шеќер, малку сол. Се замесува тесто, се остава саат или повеќе (зависи колку ви е топло дома), се развлекува дебела кора колку прст, со чаша се вади тесто и се оставаат уште пола саат најмногу. Се пржат во длабок сад на загреано масло. Немаат ништо внатре сега за сега оти не сакав да ги шлакам пред сликање да не утнам, но ќе се јадат со крем. Толку. Еве ги
Јас кога месам.. само правам кафе и оставам вангличката со тесто до ринглата (штедлив човек). Не сум пробала тоа со рерната.
Крофни полнети со еурокрем Имав помошничка Пред пржење (За да не ме офираат некои дека се купечки) Рецепт: 3јајца 7гр брашно 50мл зејтин 1 сув квасец 250мл млеко 2 л шеќер 1 мало л сол Се размесува глатко тесто и веднаш се разсукува кора од 6-7 см и се сечат кругови со чаша. На едно кругче се става лажица еурокрем,се поклопува со друго кругче и се притискаат со малку помала чаша за да се залепат круговите и да не се излее еурокремот при пржење. Се оставаат 10 мин да надојдат и се пржат во врел зејтин,но не на најјако. Се сипаат со шекер во прав и може да се аранжираат со чоколадо и мрвици или шлаг.
@Bridget Од толку што се совршени, би гласала и предвремено Обожавам нови кулинарски работи да видам, експерименти и комбинации, ама за некои работи од дестство, класиката е непроценлива Поздрав до организацијата на МОСТ @referentka Прво мажот, сега децата, експлоатирање на трудот ма Рефке!
Еве и oд мoите пoдгoтoвкa дa не речете oд мaркет се. Пред киснење се, затоа се така сплескани Spoiler Зошто се Рефи твоите толку жолти? @referentka
Море Самерке, од совршеното да бегаме, да гласаме за тие помалку совршени, само да се вистински. А изгледаат совршени тие на Бриџит, не дека не, такви какви се, без пуњење внатре. Обожавам крофни ама никогаш немам правено. Како и ништо друго од такви теста што се пржат, се мислам ќе ми бидат мрсни многу, ќе ми загорат, па никогаш не се осмелив, а сакам да јадам.
@Bridget Може од јајцата се такви @Sky-butterfly Ќути Скај, да се правиме дека се нејзини Едит: Сега видов оти Рефка појаснила, ми кочи форумот...аман!
^Ај ај доста се онадувате За некое време ќе пристигнат моите печени крофни има за 3 мин да се разотидете
Одлучив да не учествувам. Само ревијално,ако може Печени крофни. Првпат ги правев,рецептов многу фален го најдов,ама... Дали до домаќинката е,дали Марфи умеша прсти или се странски служби виновни за крајниот ефект,не знам Повелете П.С.Сепак,ми текна.Не дочекав тестото убаво да стаса,требаше синко да го успивам
Не ме дриблај Сега да го куцам рецептот Епа тогаш и да учествувам и до утре децана од маало да ги собереш за гласање П.С.Навистина ако сакаш рецепт иди на моирецепти,од таму ми е. Имаше неколку,мојов е со 300 гр брашно,2 жолчки,квасец,млеко...
Ар ју кидинг вит миии А бе на око не се до толку лоши Мм вика како лепче биле Јас не ги пробав,постам. Утре за доручек ќе ги пробам. Тоа по желба Дури сакав и ванила крем да правам.Среќа не се амбицирав до толку