@Summerlover И како да не си гласам сама за нив? Па најубави ми се, меки, нежно изгледаат, не се валкани со толку многу шеќер да од една крофна дијабетис добиеш Ама гласав за друг.
@Bridget A и за шеќерот баш ќе коментирав, како таман е нанесен, ептен златна средина, деликатно, ма совршенство! Не ме прелажаа со полнетите Макар секоја чест на сите!
Леле дури двајца гласале за моите "крофни" Фала ви на гласовите Мојот глас отиде за @Bridget ептен се совршени
Ако вие само мајтапите се со моите пунени дебели крофни,да видите каква тема ви спремам Ќе видите што е дијабетес Само под услов после мене да има нешто солено,оти готови сме
Мала кампања сте почнале? Да видиме... Крофни ко крофни, сите рецепти се слични, со мали варијации... Натпреварувачките во оваа тема се прави мајсторици... На сите би им отишла на крофни Убави, пуфкасти, нараснати, полнети... мммм Три пати ги прегледав сликите и ги препрочитав рецептите, тешко беше да се решам Гласано за @koritsaki... Мислам дека прв пат учествува во темава, а и портокалот во тестото ми изгледа баш оригинално Spoiler: КРОФНИ Минатиот викенд децата не сакаа крофни... Паа, најдов едни во архива Да не помислите дека не знам да направам крофни
@Val-Dim благодарам секогаш во тестото, било да правам крофни или нешто др благо како козињак , штрудла и слично додавам кора рендана од портокал или лимон или може и екстракт од портокал
Од убави, поубави тешко човек да се одлучи. Се мислев меѓу @Bridget вистина нежни, нараснати грев да ти е да ги јадеш и меѓу @MamacitaBuena многу убави, примамливи и на крај ме прелажа полнењето и гласав за мамасита. Често правам крофни а никогаш полнети. На листа се за следниот пат. П.С. Нова сум, но гледам слабо коментари, секоја пофалба е добредојдена а секоја критика треба да се прифати.
Е па јас гласав за тебе поради истите причини што ги наведуваш а и поради тоа што се најслични на моите
@MamacitaBuena, честитки мами. Превкусно изгледаа крофните. И оние на Бриџа исто беа убави.. пухкави, мекани ко сунџер. Кажувај ја таа тема што ќе ни го качи шеќерот само, повнимателно. Некои од нас си имаат проблем со шеќерот Да не не' носиш на душа после
Фала ви на честитките,мило ми е што ви се допаднаа крофните. Е сега јас смислив ваква тема Турско (македонски) специјалитети. Сите знаеме во колкава мера е застапена турската кујна кај нас,дури и за најголемите празници имаме јадења на трпезата кои потекнуваат од таму. Можете да изберете Солени јадења.....сарма,полнети пиперки(долма),ѓозлеме,кебапи,кајгана,бурек,пилав или се друго што знаете а е турско и се приготвува во македонската кујна. Или,може да изберете турски десерт....локум,сутлијаш,тулумби,десерти од кадаиф(ќунефе),казандиби,ќешкул,добро познатата баклава,раванија,алва (со брашно,таан,или со гриз) или што ви душа сака. Ете тоа е мојата подтема за сериозен дијабет Се надевам дека ви се допадна новата тема и очекувам да има многу рецепти Еве ви и слики за мотивација