Ах бе мамацита, за ќотек си Не само шеќерот и холестеролот ќе ни го кренеш Абе лето иде, сакаме да сме во форма, зошто така ни правиш а? Едвај чекам некој да стави тулумби, барем на слика да се лигавам....е до таму е дојдена работата
E кој се секира за диети,нека гледа само Ќе ти ставам и јас нешто благо,па да те видам дали нема да баталиш и лето и холестероли и се Здрава храна помина,тоа е А и јас сум во форма,ама топчеста
Ох, јас имам постара слика од домашен бурек со месо, со тегнети кори, ама ме мрзи да ја пишувам процедурата Spoiler Рецептот за тестото, од овде https://moirecepti.mk/post/пица-бурек-со-тегнети-кори Со сончогледово масло Имам правено и со маслиново, ама не ми се тегнеше добро. Меленото месо го запржуваме со кромидче и зачини и го редиме на секоја втора кора. Држете го тестото на топло, за полесно да се тегнат корите. Тестото треба да биде доста меко. За добар бурек ви треба и добро месо
Spoiler: Рецепт 1литар вода,1литар млеко, 9лажици шеќер, 1 ванилен шеќер и 400гр ориз. Во тенџере се стават водата,млекото,шеќерот и ванилата се варе додека да се сропи шеќерот пороа го додаваме оризот и се варе на тивко. За озгора кој што сака јас на моево ставив цимет на мм кокос.
Kabak rulosu - Роловани тиквици Се сечат долги ленти од тиквици и се посолуваат. Се прави смеса како за палачинки (таа густина) од јајца, млеко, брашно и сол. Се валкаат лентите и се пржат во тефлонска тава. Откако ќе изладат се става на нив домат, сирење, нешто зелено што ви се наоѓа по дома, се ролуваат и за декорација се врзуваат со перки од млад кромид. Јас не најдов големи тиквици и затоа моите се мини, инаку треба да се поголеми а со тоа и побогати внатре. Добри се и вака.
Ајде да ја размрдам темава малку,нешто слабо рецепти Кeskul,турски пудинг од бадеми Често го правам дома,рецептот ми е од една турска слаткарница кај нас,преку врски го добив Состојки 50 гр.бадеми непечени Малку ф'стаци за декор 1 литар млеко 50 гр.нишесте 250 гр шеќер 2 жолчки 30 гр кокос (по желба) Бадемите се полеваат со врела вода за да можете да им ја извадите лушпата.Такви,се мелат најситно.Ф'стаците се дробат во сецко покрупно малку. Пола литар млеко се става во тенџере се додаваат нишестето,шеќерот,кокосот бадемите и јајцата и се меша така убаво додека не се изедначи.Потоа се додава и другиот пола литар млеко па се вклучува ринглата на среден оган и се меша додека не се згусне убаво.Се украсува со цели бадеми и дробени ф'стаци
Полмета пиперка со урда и јајце Потпечена ,излупена,рачката се вади и се полни со изматена урда и јајце.Похувана е во брашно ,јајце,презла.
Сутлијаш со рендан портокал и лимон Потребни состојки: 1200 мл млеко 120гр ориз 100гр шеќер 1лажичка рендана кора од портокал Пола лажичка рендан лимон Цимет Во сад се става млекото, оризот и се оставаат се додека млекото не почне да врие. Се намалува температурата и се готви околу 25мин додeка не омекне оризот. Се додава шеќерот , корите од портокал и лимон и се готви уште 10мин додека не се згусне смесата. По желба се додава цимет.
КАДАИФ Spoiler: Рецепт 500 гр кадаиф 200гр сецкани ореви 200 гр суво грозје 100 гр путер Шербет Сок од 1 лимон Рендана кора од 1 лимон 1 лажица мед 1 кг вода 800 гр шеќер 1 ванилен шеќер Половина од кадаифот ставаме во тепсија и го настегуваме со рака па од горе редиме ореви и суво грозје, половина од путерот (предходно растопен) го полеваме кадаифот и го печеме 15 минути на 150 степени. Потоа ја ставаме и другата половина од кадаифот и полеваме од горе со преостанатиот путер. Се печи на 150 степени 40-50 минути додека порумени убаво од горе. Го оставаме да се лади. Шербет: Во тенџере на оган ја ставаме водата и шеќерот. Кога шеќерот ќе се растопи ја ставаме кората од лимон, цедениот сок од лимон, лажица мед и ванилниот шеќер. Кога ќе зоврија убаво, постепено со црпалка се полива кадаифот кој е изладен.
Гриз алва 4чаши вода 3чаши шеќер 2чаши гриз 1чаша зејтин 1 пакување ванилин шеќер 1 чоколадо за готвење Прво се загрева зејтинот ,па се додава да се пржи гризот, да поруменее убаво, потоа се додаваат шекерот и ванилата, и се попржува уште малку. Потоа го тргнуваме од огнот и ја додаваме водата, па повторно се враќа на рингла за да се згусне смесата. Потоа ја истурив смесата во плехче. Растопив едно чоладо за готвење со капка зејтин и млеко и ја полив, како глазура.
Турски специјалитети... Мммм, кога се работи за кујната се што е турско е и наше - македонско!!! Ги правеле нашите баби, а и ние си ја продолживме традицијата - печено јагнешко, бурек, лахмаџун, ѓомлезе, ќофте, симит... Мммм кое од кое поголем специјалитет... Посебно за нас диеталците Нооо, мислам дека замислата на @MamacitaBuena беше ова да биде недела на „шеќерна бомба“ Затоа, од мене две баклави Не ме бива баш за сликО Spoiler: Рецепти Чоколадна баклава 500 гр тенки кори 100 мл масло 1 маргарин 300 гр. ореви мелени / сецкани 200 гр. чоколадо за готвење (рендано) 1 ќесичка ванилин шеќер Шербет 800 гр. шеќер 2 ќесички ванилин шеќер 500 мл. вода 1 лимон Подготовка Во сад се мешаат мелените ореви, рендано чоколадо и една ќесичка ванила. Се зема една кора, се попрскува со масло и се преклопува со друга кора. Се распоредуваат 3 лажици од сувата смеса и се витка ролна. Постапката се повторува со сите кори. Ролните се редат во правоаголен плех и се сечат на косо. Се посипуваат со еден растопен маргарин и се печат. За шербетот се проврива шекерот и водата, се додава ванилин шеќер, а кога ке се олади и сок од пола лимон. Топлата баклава се прелева со оладен шербет. Баклава со ореви и урми 700 гр тенки кори 400 гр сецкани ореви 400 гр сецкани урми 6 лажици шеќер 6 лажици гриз 1 лажичка цимет 1 коцка маргарин / путер Шербет 1200 гр шеќер 1000 мл вода 2 кесички ванилин шекер 1 лимон Подготовка Сецканите ореви се мешаат со шеќерот, гризот и циметот. Маргаринот / путерот се растопува на тивок оган. Се зема една кора, се попрскува со една лажица растопен маргарин / путер, се превиткува на пола, па повторно на пола. На подолгиот крај се става од смесата со ореви, се додаваат сецкани урми и се завиткува како стапче. Свитканите кори се редат во намастена тава збиени една до друга. Секое „стапче“ се сече на три дела. Баклавата се пече на 200 степени 10-15 минути, а потоа уште 10-15 минути на 150 степени. За шербетот се варат шеќерот и водата, врие 5-6 минути, се додава ванилин шеќер, а кога ке се олади и сок од пола лимон. Врз испечената баклава се редат тенки кругчиња лимон и топла се прелева со оладен шербет. ПС Ова се две од вкупно трите баклави што најчесто ги правам Мммм... Баклавички... Па лахмаџун, ѓомлезе, симит на плажа... Летово сакам во Турција!!!
Дами и господа, нека победи најдобриот! https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/#post-3429183
Не знам дали е тука место за сугестија, ама сепак ќе си кажам. Дали може секоја тема да биде на различна страна (во темата за гласање) Вака како што е сите слики се на една страна и треба да ги излистам сите претходни слики и теми додека стасам до соодветната. Фала