Не сакам да се мешам, ама ај реферат ќе напишам што е можно поубедлив за да биде по мое, а Ливинг? Никој нема до прва баклава да прави, уште помалку со сукани (сука некој кори за баклава??), ќе се ставаат слики од веќе направената, верувам многу имаат. Како сакате.
Ај да ја оставиме @Salome да си одлучи, кога ќе победиме ние ќе си даваме теми. Јас мојот предлог го повлекувам.
@LivingGlam темата е предложена-Посна трпеза.На предходната страна пишав. Сега оставам на Реин да ја стави како официјална и вие да зготвите.
Ај да ви се замешам во штипки. Нема ли да биде подобро посни јадења да ставате последната недела пред Велигден? Прво направете анкета колку постат во моментов. Да не ви се развлече темава 7 недели? Само предлог.
Многу интересна тема, алал вера за сите Сакав да прашам може било кој да учествува или само тие што до сега учествувале?
@Winter Lady златна види две-три страни назад имам постирано видео рецепт.Од Лаура Витали е. Пробај го и сподели импресии.
Нит мусот ми беше погодена тема нит постиве Од божиќ само имам посна трпеза, ама ја ставив во плус 40, да ги почастам другарките. Без мотивација свекор и свекрва да ги викнам, почастам нешто посно, да се покажам .
Можеш, Данке... месото оделно испечи им го, и тргни го од слики Честитки @Salome! Твојот и на @Ginger^ мусот ми беа најубави .
@danichap јас мислев тебе најлесно ќе ти биде со петочниот грав. Колку што сфатив - не мора цела трпеза, доволно е едно јадење со рецепт. Или грешно разбрав?
Јас утре ќе имам посна трпеза , ама нема да биде подготвена од мене. Така да ништо. Не влегувам во конкуренција. @LivingGlam може само едно. Темата е крстена вака оти има широк спектар на јадења , па да не се ограничуваме на едно. Јас вака разбрав.
Oд мене сaлaтa сo рендaнo цвеклo, мoркoв, сoл и лимoн. Дa пoстев мoже нештo пoбoгaтo ќе беше, нo сo сaлaтaвa јaдев и шaгети, кoи не сум сигурен дaли се бaш пoсни и зaтoa не ги сликaв.
E не мора де толку строго, не секој пости, па уште без масло ако е темата, ќе биде многу ограничено. Во секој случај, моево е без масло и секако ќе сум во конкуренција , па да си ставам со време. Посна "пица" Тесто - моето е со безглутенско брашно, но можете од било кое брашно, сол и вода. Се расукува тенко. Се премачкува со кечап. Може и блендирани печени пиперки, така е уште поубаво, но немав време. Се прави пире, но наместо обично млеко се користи соино. Одозгора се става грашок, пченка, моркови (златна мешавина, де), маслинки. Се премачкува со малку сенф и се пече. Супер е.