Кога поставувам линк ве носи директно до последното мислење, т.е до мислењето каде се поставени сликите за тековниот натпревар Во случај да ви затреба список на поминати теми, во почетниот пост се допишуваат поминатите теми, страна 1.....темите.. Нема опција сите теми да одат на посебна страна
@MamacitaBuena @sanjaeva @joy1 Девојки Ви благодарам за гласовите Ако некогаш организираме Фемина собиранка ке Ви направам баклава Неее... ова не е кампања Пет пати ги прегледав фотките и рецептите додека се решив за кој рецепт да гласам... Бурек сакам, @kravce прекрасно го направила Сакам и тиквички, @Bridget прекрасна фотка што мами да се направи и проба Ѓозлемето на @lovemme ме потсети на едно прекрасно време кога на плажа во Турција јадевме ѓозлеме со децата, браво Полнетите пиперки на @jasbi не се прават толку лесно како што изгледа Сутлијашот на @Arendelle и @koritsaki во моментов да ги имам до мене со уживање би ги смачкала Уффф... @orhideea кадаифот ми е едно од омилените парени благца, го обожавам од дете @MamacitaBuena фотката ти е како за насловна страна на готвачко списание... Рецептот оди во мојата папка „направи“ Гласано за @duffi... алвата е баш по рецепт од Турција ПС Пред неколку теми реков дека веќе не коментирам затоа што мислам дека некои „готвачки“ ми се подналутија... Ноо оваа недела се ми се допадна, па едноставно морав!!!
Од благите пак ми беше фаворит @MamacitaBuena , но по две шеќерни теми решив да гласам за нешто од соленово па мојот глас отиде за ѓомлезето на @lovemme . Патем како е правилно ѓомлезе или ѓозлеме??? Цело време ѓомлезе си го викам, гугл и вака и така го дава.
Во Турција е Gozleme, значи така е правилно а кај нас се изменило како ни одговара,посимпатично Бтв јас и @Bridget по втор пат трка шо е ова,дај да си отвориме ресторан пари ќе вртиме
Чекав повеќе шербетлии: шеќер паре, толумби... Отиде гласот за @orhideea, оти ептен убаво изгледа кадаифот...
И плус превкусен е Фала за гласот Јас гласав за @koritsaki бидејќи ми се пријаде од незиниот сутлијач
Мојот глас оди за @Bridget. Обожавам тиквички, плус декорацијата е топ само што јас не јадам млад кромид. Ќе го испробам рецептот само нема да ги мотам со кромид.
Јас гласав за Мамасита, баш како од француско кулинарско списание, врвна насловна, боите толку ускладени, ептен шармантно и смирено-привлечно за око Многу сакав за Аренделе, бидејќи десертот ме освојува секогаш, ама пуста декорација, не и ја сфаќам Ноу офенс, ама доволни ќе биле чиниите, вака само впечатокот ми се расипа, врвка, конец, шумка, и секое на своја страна Инаку, целата тема беше ептен супер и сите, лајк олвјес, предобри! Ама кога ми се спомне турско, одма ме асоцира на десерт, па се двоумев очигледно меѓу благото
Јас морам да додадам дека се трудам да изгледа добро,секогаш готвам специјално за темиве не ставам слики од архива и не ме мрзи да напишам два-три реда рецепт кога сум решила да учевствувам.Може до тоа е
Ваљда неможе,одамна предложив. Ич не е прегледно. Ич. Даст,секое гласање нова тема па гига ке заврши птефрлање тука,и бришење на другата. Евентуално нешто така.
Тенкс Јас мислам дека ова е ѓозлеме пошо ѓомлезе е сосема друго и на сосема друг начин се прави. Бара многу време и нерви. Мајка ми прави по нарачка. И мене баш ме интересира дали е точно. Така го најдов на интернет и така го направив превкусно е. Spoiler Ѓомлезе е ова
Ѓозлеме е едно, ѓомлезе е друго. Јас прв пат видов вакво ѓозлеме ко од @lovemme. Под ѓозлеме подразбирав вакво, со месо. Ама правилното турско е веројатно тоа на lovemme, ова Велешаниве само името си го ставиле на нивен специјалитет. Ѓомлезе си е автентичен охридски производ, да не го чепкате.
Ааа Велешаниве нешто помеѓу си направиле ни ваму ни таму и име си ставиле. Со ова последново како мајка ми звучеше, она како Охриѓанка си се брани.
Глас за @koritsaki ,ептен убав сутлијач со лимон и портокал,се мислев помеѓу неа и @Arendelle .Фаворит секако ми беше @MamacitaBuena ,башка што сум љубител на бадем ,ама пудинг никако пред сутлијач не би јадела